ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
@jamey jasta
Тие пари не можеш одма да ги извадиш, така ?

Не можеш сега, можеш демек после 64-години откако ќе отидеш пензија и откако вредноста ќе им падне и ќе вредат кутија цигари. Или ако имаш сопруга и умреш, сопругата ги наследува и тогаш можат да се извадат наеднаш. Ама само тие од втор столб.Од прв столб што си плаќал ќе зема некоја минимална пензија, некоја сума колку за кутија цигари. Мислам, јасно е се во вукојебинава и целосно се слагам со напишаното. Знам дека нема да тргнат кон модел како во Црна Гора, не затоа што не чини моделот туку затоа што не им одговара на партиите, де едната де другата.

И тоа дека фондовите преживеале војни и други држави не стои баш. Дедо ми кога умре за 40 години стаж што плаќал у Југославија у динари за придонеси, му израчунаа 5000 денари пензија у Грујово време, па на решението кое го доби баба ми пишуваше демек ради трошоците за живот наместо 5000 денари месечно државата ќе му даде 6600 демек го части 1600 денари од џеб. Мизерии.

Јас викам ајде нека укинат втор столб, ама сите пари што ги имаме таму да може да ми легнат на картица. Прв столб и здравствено нека плати државата а ќешот од поголема плата и парите од втор столб секако ќe ги инвестираме и трошиме тука.Па да видиме. Ама дупе гваче жваче
 
Јас не познавам некој друг народ, освен балканските, што мисли дека државната пензија треба да му ја обезбеди истата финансиска стабилност како во работоспособните години. Времето на Југославија помина, дедо ми покоен земаше државна пензија повисока од просечната плата, во времиња кога просечна плата имаше 10% од населението, остатокот беше на минималец. Овој пример го нема на никое друго место во светот и е аномалија, не дадено право. А гледам голем дел од идните пензионери дека живеат со таа илузија, додека пензискиот фонд е на шкрги.

Во Западна Европа има пензиски реформи со кои се охрабрува приватно штедење, посебни видови банкарски сметки со даночни олеснувања (и казни за предвремено повлекување на средства). Мора државата да турка за нешто слично на ова и кај нас, ама најлесно е крени пензија за 500че, земи си уште еден мандат.
 
Луѓе што не земале 1000 евра плата земаат пензија повеќе од тоа. И се бунат за линеарно покачување, они плаќале повеќе. Си плаќал , ама пак платата ти била помала од пензијата сега, а и пак ќе земаш повеќе. Ненаситни луѓе. Во Австралија пример ако имаш приходи нема пензија, што ќе ти е.
 
Да, плус сега пошто нема работоспособно население, може пензионерите да работат и да земаат дополнителен приход на пензијата.
 
Јас не познавам некој друг народ, освен балканските, што мисли дека државната пензија треба да му ја обезбеди истата финансиска стабилност како во работоспособните години. Времето на Југославија помина, дедо ми покоен земаше државна пензија повисока од просечната плата, во времиња кога просечна плата имаше 10% од населението, остатокот беше на минималец. Овој пример го нема на никое друго место во светот и е аномалија, не дадено право. А гледам голем дел од идните пензионери дека живеат со таа илузија, додека пензискиот фонд е на шкрги.

Во Западна Европа има пензиски реформи со кои се охрабрува приватно штедење, посебни видови банкарски сметки со даночни олеснувања (и казни за предвремено повлекување на средства). Мора државата да турка за нешто слично на ова и кај нас, ама најлесно е крени пензија за 500че, земи си уште еден мандат.
Дедовците штанцале по 3-4 деца. Плус тогаш имало и работа за тие деца кога ќе пораснат. Затоа зимале поголеми пензии и иделе во пензија порано.

Па родителите на дедовците, не чекале пензија, сами си ја праеле. По 6-7 деца штанцале за нивите да ги работат и да ги гледаат...

Оваа индустријализација и зависност од системот е релативно нова, овде на балканот да речеме таму крајот на 40тите е дојдена.
 
Дали некој има искуство со неисплатено К15 од фирма каде што си напуштил, а веќе имаш работено 6 месеци таму?
Да. Рокот е до крајот на годината во која си работел, ако си напуштил годинава а си имал веќе 6 месеци направено имаат уште време да те исплатат. Ако не, или побарај им т.е. укажи им дека „заборавиле“ или пријави ги во државен инспекторат за труд, мислам дека мораше лично за пријава колку што се сеќавам. Ќе те контактира инспектор назначен за тоа, ќе мора да те исплатат.
 
Значи да почекам до 1ви Јануари
 
А нас тука нашиве ни зборат за укинување на втор столб, да ви ги претопат паричките у првиот столб и да ги попапаат.

I hope you see the difference.

И така …

Нема државичево кинтиња.
 
Ретко ставам песни, ама денес му е денот.

Meet the new boss, same as the old boss.

Sponsored by Nvidia :D
 
Ме занима и сакам да прашам какво е вашето искуство низ ИТ фирмичкиве наши со ЕјЧар или по ново ЕјЧар бизнис партнери? Ви глумат ли лудило и се осеќате ли дека повеќе ви одмагаат отколку што ви помагаат во работата (не мислам технички).

Во ера на АИ, не мислите ли дека се сувишни и дека прават повеќе бељи отколку што носат бенефит? Или имате и некое позитивно искуство? Не мислам на администрација и сметководство. Мислам на оние што се фејкарат по цел ден и као божемски се “грижат” за енергијата во фирмата. Демек шират позитива.

Гледате ли некаква корист и додадена вредност во нив? Ви помогнале ли некогаш во животот, или повеќе ви одмогнале?!!
 
Не, измислена клати врата земај плата.
 
Back
На врв Bottom