Фан клуб: Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата Buci
  • Време на започнување Време на започнување
Една работа на која требале да мислат кога ја реновираа салата е и таа како да се подобри позицијата за камерманот кој го снима натпреварот.

На сите прволигашки натпревари се снима под нормален агол, само кај нас останува како од дрон да се снима.

Знам дека е тоа поради збиените трибини, ама кога веќе се реновираше, требале да ги срушат страничните трибини, да ги прошират и ем ќе добиеме поголем капацитет и во иднина да исполнуваме услов да играме европски натпревари, ем ќе има нормален агол за снимање натпревари.

А не овака да биде:Прегледај го приврзокот 489754
Не е проблемот до позициите за камермани, тие си останаа исти како и пред реновирањето и не се на воопшто лошо место. Проблемот е што лајв стримовите на КФМ се автоматизирани, односно не ги снима камерман туку има панорамска камера која со AI ја следи топката. Е таа камера е монтирана на тотално лоша позиција. Еве на сликава може да се види кај е монтирана камерата горе кај балконот
sala-rabotnichki.jpeg
 
Се е по старо ти си уште најдобар... Тоа е тоа 7 од 7 идеме јако! Браво за сите од играчи па стручен штаб се до ние на трибините - ЗАЕДНО ЕДИНСТВЕНИ! Според мене следниот натпревар ќе е доста тежок ако сме без Викса а и Говенс нели е ко-сопственик на ТФТ, па се плашам од можни сценарија да не "искочи" некоја мини повреда пред текмата и на него, но се на се верувам дека ќе има топ атмосфера ние на трибините како и дечките на паркетот и повторно ќе докажеме зошто сме на врвот.
 
Одлично штом ќе игра а за Викса да се надеваме дека ќе е парична дека ако е само тоа на крајот што се случи во други лиги поминува парично но судииве кај нас се гледа дека не не многу есапат. Како и да е секако треба јака мобилизација да го наполниме храмот како што доликува против квази клубов тфт. Инаку доколку го немате гледано документарецов сега е и на YouTube. https://www.youtube.com/watch?v=ysV7m6dN1PU
Автоматски споено мислење:

Мислам дека овој викенд нема кошарка.. барем така е распоред на мкф
Прегледај го приврзокот 491516
Тоа им е така предвидено уште на почеток на сезона за репрезентативна пауза ама текмата со Кипар е тек преку една недела, така да можно е по следен викенд да нема кошарка највероватно.
 
Не е проблемот до позициите за камермани, тие си останаа исти како и пред реновирањето и не се на воопшто лошо место. Проблемот е што лајв стримовите на КФМ се автоматизирани, односно не ги снима камерман туку има панорамска камера која со AI ја следи топката. Е таа камера е монтирана на тотално лоша позиција. Еве на сликава може да се види кај е монтирана камерата горе кај балконот
Прегледај го приврзокот 491307
Дечки без никаква навреда, сум тренирал долги години тука, сум играл еден куп утакмици по младинските лиги, али ужасна е салава, и пред тоа беше катастрофа, а сега после реновирањето е бетер. Мене ми личи на нешто измеѓу школска и театарска сала. Буквално само трибинава каде што се сместуваат гостинските навивачи иде до доле до терен, другото све се тераси и изгледа како да гледаш од птичја перспектива. Главнава трибина гледам ја скратиле за неколку реда и сега доаѓа на висина на оваа од спротива и на таа под семафорот. Требаше скроз да ја срушат, и на истото место, заедно со тоа игралиштето за мал фудбал да се изгради една убава нова и модерна сала.
 
Хахаха па кој кажа дека луѓето се задоволни со салата..?
Секој што го сака Работнички знае дека оваа сала не доликува на пред се бренд како ККР.

Позитивната страна е што играме во своја сала а не сме кираџии нигде, како што бевме во Кале од после короната, таму ја изгубивме цела публика пред се симпатизерите, ЦПБ присутни биле секогаш, оваа сезона на терасата одлична бројка, дури и на првиот тренинг и натпревар пријателски со Војоводина.

Симпатизерите (обичната публика) полека се враќаат да го бодрат клубот активно, салата е таман за сега во оглед на исполнетоста на трибините, не знам што би било ако се зголеми интересот за посетување на утакмиците, за сега е не освоена тврдина со 9 победи по ред од отварање на истата.

Така да освен за Дерби натпреварите за сега салава е таман иако како што реков не одговара на реномето на ККР, но тоа е барем нешто се направи.. се е подобро од кале и дуња..

Лазар Лечиќ интервју од 1979 година: https://youtu.be/8ayqTTRnH-Q?feature=shared
 
Ги гледам овие ТФТ нешо се препалуваат ги гледам и глупости некои објавуваат исто се мобилизираат ќе имале и транспарент и тапан незнам си шо, а пола од нив се тешки изроди прелетачи. Шала на страна ќе биде незгодна утакмица( поише него со Кожув) ако влезат во серија затоа идеме момци мора ЈАКА МОБИЛИЗАЦИЈА да ги вратиме на фабрички подесувања и да потврдиме дека НИКОЈ НЕ МОЖЕ ВО ХРАМОТ ДА НЕ ПОБЕДИ! Ме плаши исто така и Говенс доста, се ми мириса на некоја игранка дека ќе се случи.
 
Кај си го видел тоа дека се мобилизираат?
Говенс утре игра.
 
Back
На врв Bottom