Патување во времето...

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Не може да се патува низ времето.
Смртноста е единствената причина зошто човекот се замара
со измислување на Time Mashine
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Мислам дека дискусииве идат у погрешна насока. Никој од форумов не може да докаже дека е возможно или невозможно патување низ времето. Така да, мислам треба да се дискутира во друг правец, на пример, кога би можеле каде во минатото би се вратиле и сл.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Pa ajde da vidime sto znaete za edna vakva tema... sto mislite, fikcija ili teoriski mozno?
p.s. cekam mislenja, pa posle ce se izjasnam.
Темата е бас за тоа да се видат нашите теории и мислења за тоа а не во кој период сакаш да одиш има друга тема за тоа :smir:
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Теории тешко... :wink:

Еве едно прашање до оние што мислат дека е возможно патување низ времето...

Што ако некој се врати во времето и си го убие дедото (на оваа тема дискутираат најпознатите светски научници... се работи за каузалитет)?
 
Член од
9 август 2007
Мислења
261
Поени од реакции
56
Теории тешко... :wink:

Еве едно прашање до оние што мислат дека е возможно патување низ времето...

Што ако некој се врати во времето и си го убие дедото (на оваа тема дискутираат најпознатите светски научници... се работи за каузалитет)?
Popoznat kako Paradox na babata, ili kako i da mu e prevodot.
Ako se vratish vo vremeto i ja ubiesh baba ti, sledstveno nema da se rodi tatko ti i/ili majka ti, a vo toj sluchaj ni ti. Sleduva deka ako ti ne si roden, nikogash ne mozhesh da stignesh do tamu kaj shto si bil koga si se vratil vo minatoto. Znachi, ne mozhesh da se vratish vo minatoto i zaradi nekoja tvoja akcija da umre baba/dedo. Sekako ne mozhe da se predpostavi dali eventualno instantno bi ischeznal otkako ti bi ja ubil sopstvenata baba, ..., ..., ..., se e teorija. For now.
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Popoznat kako Paradox na babata, ili kako i da mu e prevodot.
Ako se vratish vo vremeto i ja ubiesh baba ti, sledstveno nema da se rodi tatko ti i/ili majka ti, a vo toj sluchaj ni ti. Sleduva deka ako ti ne si roden, nikogash ne mozhesh da stignesh do tamu kaj shto si bil koga si se vratil vo minatoto. Znachi, ne mozhesh da se vratish vo minatoto i zaradi nekoja tvoja akcija da umre baba/dedo. Sekako ne mozhe da se predpostavi dali eventualno instantno bi ischeznal otkako ti bi ja ubil sopstvenata baba, ..., ..., ..., se e teorija. For now.
Прашањето ми беше што вие мислите за тоа... а не што е...
Дали во тој случај би било, еве да речеме, филозофски можно да се патува низ времето. Баш интересно е... Ме потсеќа на темата за кокошката и јајцето. :)
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Мислам дека ние самите го создаваме минатото, тоа е нешто што неможи да се врати, неможи ни да оди понапред, ние можиме само со нашите мисли да патуваме низ времето. Неможиме да измениме нешто. Можиме само да чекаме и да видиме што ќе се случи секоја наредна минута.
 

Бејко

unregistered user
Член од
14 ноември 2005
Мислења
222
Поени од реакции
1
можи да се патува во иднината. направата се состои од капсула и течен азот :)
 

glufce

French Toast
Член од
15 јануари 2006
Мислења
827
Поени од реакции
8
Невозможно е, барем материјално да се патува во времето односно минатото. Прво поради горенаведените причини, дека самата личност би учествувала повторно во настаните, со што се нарушува временската линија. А само како набљудувач може би можело. За во иднината, би требало да може, бидејќи и да се смени некој настан, нема да има влијание врз сегашноста, бидејќи тоа допрва треба да се случи.
 

Моето_е_поголемо

муа не ме лазе
Член од
22 јули 2005
Мислења
475
Поени од реакции
21
pa vaka... vetiv deka ce pisam...
da zamislime edno telo (covecko sustestvo), koe uspejalo na nekoj nacin da ja dostigne brzinata na svetlinata(300 000km/s) i momentalno patuva so 300 001 km/s. Znaci, teloto vo toj moment e za 1km/s, ili za 1km i 1s PRED svetlinata, a so toa avtomatski i pred se sto ima vo univerzumot... Pa, dragi kajgandzii, sto se slucuva togas, ako nekoj moze da objasni (ajde neka se najde nekoj fizicar da pokazi sposobnost za simulacija).
Ти другарче нешто си помешал или некој те излажал (иди барај си ги парите). Си слушнал за светлосна година, тоа е кога ќе се движиш 1 година со брзина на светлината, а веројатно си слушнал дека има галаксии што се оддалечени по неколку илјади светлосни години и нема начин да бидеш пред универзумот, не знам ни како го замислуваш тоа. Кога седнуваш во кола и се возиш доколку нагазиш на педалото за гас ќе стасаш побрзо, доколку газиш на педалото за кочење ќе стасаш покасно, во секој случај не можеш да бидеш пред моментот кога си тргнал. Времето постојано тече и не можеш да се вратиш во минатото, можеш само да направиш скок во иднината зависно со која брзина се движиш.
 

Tomba

Be yourself.. Dont be someone else
Член од
16 јуни 2007
Мислења
134
Поени од реакции
1
Patuvanje niz vreme i vozmozno samo treba da se postigne dovolna brzina... na primer zamislete se vozite vo vselensko letalo koe vozi dva pati pobrzo od svetlinata i se vozite 2 casa...posle koa ke se vratite na zemjata ke vidite deka pominlo nekolku godini a ne samo 2 casa...taka ja mislam..
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Патувањето низ времето е теоретски возможно. Не ти треба брзина поголема од брзината на светлината, само многу енергија.

И парадоксот на бабата и дедото воопшто не е парадокс. Можеш да отидеш во минатото и да ги убиеш сите што ќе посакаш. Апсолутно ништо нема да се случи со тебе.
 
Член од
5 март 2007
Мислења
194
Поени од реакции
4
Патувањето низ времето е теоретски возможно. Не ти треба брзина поголема од брзината на светлината, само многу енергија.

И парадоксот на бабата и дедото воопшто не е парадокс. Можеш да отидеш во минатото и да ги убиеш сите што ќе посакаш. Апсолутно ништо нема да се случи со тебе.
ау ама си confident секоја чест. во прв момент кога прочитав добив впечаток дека не само што си бил во минатото, ами и си убивал :) апсолутно

...

патување во минатото ми е малку наивно дури и за размислување. тоа уствари му доаѓа као враќање назад, не?

според мене нема ни назад, нема ни напред. се е тоа илузија. човекот си ги задал сите величини и си игра весела математика.

многу е едноставно, се се` сведува на теорија на релативитет.
времето за сите е исто. хипотетички, ако ти леташ 300 илјади км во секудна, не значи дека ќе бидеш понапред од мене со времето, единствено такво нешто ќе покаже часовникот. дека ќе рипнеш во иднината ќе си го прашам. можеби држи сето тоа дека времето тече поспоро (различен животен век) за оние кои би се движеле со поголема брзина, но што ако? каква врска има тоа со некакво си патување во иднината? каде и да леташ, со какво темпо и да старееш, пак не си во некаква си идинина.
тука си. во истиот миг сме сите. на еден глобален часовник сите сме во иста стотинка, а локален часовник е друга работа. затоа - релативитет. се е начин на перцепција.. зададен систем во однос на друг.

мал пример.
застанете во место, со колкава брзина се движите? - нема брзина така? нула.

колку што е точно, толку и не е.
замислете една мува како стои на еден глобус некаде на екваторот. кога ќе го завртиме глобуост ќе ни стане јасно дека мувата во моментот добива едно движење со зададена брзина. исто онака како што и ние се движиме (патуваме) стоејќи мирно на земја во моменти кога ни се причинува дека не се движиме.
на различно место на планетата различна е брзината. што поблиску до половите, помала е брзината. ако стоиме на северниот или јужниот пол тогаш може да речеме дека мируваме така? а нема везе!
сега пак земјата се движи околу сонцето, и ние заедно со неа натоварени исто како кога летаме со авион.
понатака.. целиот сончев систем е во движење и е дел од еден друг поголем систем кој исто така е во движење, и.т.н..
може ли некој да пресмета со колкава брзина се движи.

кој жив може да ја пресмета апсолутната моментална брзина на моето тело?
или пак да се пресмета брзината на земјата во однос на друга галаксија?

или пак размислете вака. земјата ротира околу својата оска.
замислете како вежбате на лента за трчање. вие всушност стоите во место, точно?
сега замислете ја земјата како една голема лента за трчање, одиме на екватрот, познавајќи во која насока земјата ротира и со која брзина, почнуваме да се движиме по истиот правец ама во спротивна насока. и така за пола ден од африка ќе стигнеме во азија. ќе речете сме пропатувале баеѓи пат. ако го занемариме фактот дека земјата ротира околу сонцето, во простор ние во суштина сме на едно место цело време, во иста точка, само подлогата (континетот) е друг. исто како на лентата за трчање.

имајќи ги во предвид сите овие примери, лесно се доаѓа до заклучок дека: и со било каква брзина да патувате, не постои такво нешто како "иднина" каде што ќе отпатувате.

и уште еден пример.
еден авион лета со 800 км на час. еден човек во него трча од опашката кон главата на авионот. потребни му се 30 секунди да ја претрча дестинацијата. со колкава брзина се движи човекот за време на тие 30 секунди? 810 км на час? или 10 км на час?


РЕЛАТИВИТЕТ.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Марковски... горе доле се сложувам со тоа што го зборуваш. Размислувањето ти е до некаде логично, но ти потекнува од обиди да сфатиш научно-фантастични филмови на таа проблематика.

Самата теорија на релативитет кога ќе се помеша до некаде со квантната теорија дозволува патување низ времето. Дури и Ајнштајн го има увидено тоа, но не сакал да верува. Од таму и неговата популарна изјава: "God does not play dice with the universe".

И не би сакал да патувам во минатото. После нема да можам да си се вратам во својата сегашност :)
 
Член од
9 август 2007
Мислења
261
Поени од реакции
56
Марковски... горе доле се сложувам со тоа што го зборуваш. Размислувањето ти е до некаде логично, но ти потекнува од обиди да сфатиш научно-фантастични филмови на таа проблематика.

Самата теорија на релативитет кога ќе се помеша до некаде со квантната теорија дозволува патување низ времето. Дури и Ајнштајн го има увидено тоа, но не сакал да верува. Од таму и неговата популарна изјава: "God does not play dice with the universe".

И не би сакал да патувам во минатото. После нема да можам да си се вратам во својата сегашност :)
Izjavata e "God does not play dice." I ne se odnesuva na toa, tuku na teorija na verojatnost. Offtopic.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom