Да! точно, само што практично не е возможно движење на тело со маса поголема од онаа на еден електрон да се движи со брзини барем блиски до брзината на светлината. Така да, ТЕОРЕТСКИ, да тоа би се случило навистина, доколку успееме тој астронаут да го донесеме до движење со брзина приближна до брзината на светлината. Просто, теорија на релативитет, докажана работа, нема што тука да филозофираме. Само што, истата таа теорија вели дека ако телото има некоја измерлива маса (како што нели би имал тој астронаут) кога би се обиделе да го донесеме до брзина блиска до брзината на светлината, тогаш, според теоријата на релативитет, тоа тело (астронаутот) во инерцијален систем би се однесувал како да има бесконечно голема маса... Што значи, тоа е невозможно!
Толку за тоа! Теорија на релативитет, се знае, докажано е...нема што повеќе да се филозофира... ако сакаме можеме и за тоа да збориме, на друга тема, се разбира!
Патување низ времето! концептот ми се свиѓа.
Ама тоа би значело неколку работи:
Прва работа.
Дека, линијата на времето веќе постои. Таму има и минато и иднина и сегашност. Тоа би значело дека се е веќе предодредено и дека ние само ја одиме линијата на времето и настаните која веќе постои и е одредена и дека се знае дека она што се случува денес, ќе придонесе кон она што се случува утре.
А тоа ми е малку тешко да верувам. Сметам дека ние самите си го креираме патот по кој што одиме. И ако во идината, според таа линија на времето што веќе постои, мене веќе се ми е предодредено и ако јас отидам таму, ќе знам што мене ќе ми се случи и кога ќе ми се случи. Епа што ако јас денес решам да скокнам од зграда? зарем тоа нема да ја измени целата таа временска линија, што теоретски би требало веќе да постои?? и зарем тоа нема да измени, ред други иднини, како на пример на сите луѓе што сега ме познаваат, што ќе ме познаваа, на децата што би ги имала... итн???
Значи, едноставно, не може да има опиплива иднина во која што ние можеме да отидеме и да ја видиме... затоа што ако во моментот додека ние сме таму, можеми нашето сегашно јас ќе го снема, ќе се повреди, ќе умре... итн, и со нас што ќе се случи? само ќе исчезнеме, ќе се распаднеме во енергија???
НЕ МОЖЕ! не е возможно, ниту физички, ниту теоретски!
Втора работа.
Да претпоставиме дека некој веќе направил некаква си направа со која патувањето низ времето би било возможно. Епа, ред настани, како причини довеле до создавање на таа машина. Ете, малку филмски, за да биде полесно да објаснам, на еден луд научник му ја убиваат љубовта на неговиот живот. Тој прави временска машина за да се врати низ времето и да го спречи настанот за да ја спаси љубовта и да си живее убав живот после со неа.
Ама моментот е: Временската машина постои како последица на смртта на девојката, истовремено, смртта на девојката е причина за постоењето на временската машина. Практично, за да постои машината, девојката треба да е мртва, и девојката мора да е мртва за да може да постои машината.
Значи, за да се случи еден настан, мора да се случат други настани кои ќе доведат до него...
Мојата поента е дека, поради причинско-последичните односи кои владеат во светот и поради тоа што едни работи водат кон други, практично патувањето низ времето е невозможно и физички, и теоретски и етички и највише, практично, и се сомневам дека некогаш тоа ќе биде возможно.
Најмногу поради тоа што се кршат основни физички, докажани закони.
Да, може на ова ќе речете, добро, па и Ајнштајн докажа дека Њутн не е во право, а целата физика се базира на Њутновите закони....
Па поради тоа, оставам простор дека можеби паруваењето низ времето ќе биде возможно, ама за тоа има превише очигледни пречки кои мораат да се надвладеат. И тоа нема да биде во нашиот животен век
Па затоа, заборавете дека ќе можете да се вратите некаде и да смувате нешто!
невозможно е!