Патување во времето...

Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Pa ajde da vidime sto znaete za edna vakva tema... sto mislite, fikcija ili teoriski mozno?
p.s. cekam mislenja, pa posle ce se izjasnam.
 
Член од
30 јануари 2006
Мислења
137
Поени од реакции
0
Тешка работа. Не е можно патување во времето.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Патување во времето е уште научно фантастична тема, теориски времето би требало да има друга димензија при екстремно големи брзини на телото но димензија поинаква само на телото не и на околината, тоа би значело дека под претпоставка дека некој астронаут се движи со брзина блиска на светлината, ТЕОРЕТСКИ неговото време ќе течи побавно така да кога би се вратил од таков некој пат по неколку години, на земјата веќе би поминале децении (можеби и столетија)
Дали настаните во минатото постојано се случуваат (како и во иднината) за да можеме (како во Холивудските филмови) да отпатуваме таму (напред или назад) и да се вклучиме во нив ... е прашање не само научно туку и филозофски етичко (старото прашање за враќање во минатото и убиство на родител - дали ќе се родиш??). Спрема мое лично мислење патувањето низ времето е невозможно затоа што претпоставувам дека настаните од минатото случките се .... како да се изразам.... па дека не постојат повеќе. Мислам дека не постои некој критиочен момент во нашите животи кој се уште чека негде во минатото и кој може да биди променет.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
125
Поени од реакции
3
Член на раководството напиша:
под претпоставка дека некој астронаут се движи со брзина блиска на светлината, ТЕОРЕТСКИ неговото време ќе течи побавно така да кога би се вратил од таков некој пат по неколку години, на земјата веќе би поминале децении (можеби и столетија)
Да! точно, само што практично не е возможно движење на тело со маса поголема од онаа на еден електрон да се движи со брзини барем блиски до брзината на светлината. Така да, ТЕОРЕТСКИ, да тоа би се случило навистина, доколку успееме тој астронаут да го донесеме до движење со брзина приближна до брзината на светлината. Просто, теорија на релативитет, докажана работа, нема што тука да филозофираме. Само што, истата таа теорија вели дека ако телото има некоја измерлива маса (како што нели би имал тој астронаут) кога би се обиделе да го донесеме до брзина блиска до брзината на светлината, тогаш, според теоријата на релативитет, тоа тело (астронаутот) во инерцијален систем би се однесувал како да има бесконечно голема маса... Што значи, тоа е невозможно! :) Толку за тоа! Теорија на релативитет, се знае, докажано е...нема што повеќе да се филозофира... ако сакаме можеме и за тоа да збориме, на друга тема, се разбира!

Патување низ времето! концептот ми се свиѓа.
Ама тоа би значело неколку работи:
Прва работа.
Дека, линијата на времето веќе постои. Таму има и минато и иднина и сегашност. Тоа би значело дека се е веќе предодредено и дека ние само ја одиме линијата на времето и настаните која веќе постои и е одредена и дека се знае дека она што се случува денес, ќе придонесе кон она што се случува утре.
А тоа ми е малку тешко да верувам. Сметам дека ние самите си го креираме патот по кој што одиме. И ако во идината, според таа линија на времето што веќе постои, мене веќе се ми е предодредено и ако јас отидам таму, ќе знам што мене ќе ми се случи и кога ќе ми се случи. Епа што ако јас денес решам да скокнам од зграда? зарем тоа нема да ја измени целата таа временска линија, што теоретски би требало веќе да постои?? и зарем тоа нема да измени, ред други иднини, како на пример на сите луѓе што сега ме познаваат, што ќе ме познаваа, на децата што би ги имала... итн???
Значи, едноставно, не може да има опиплива иднина во која што ние можеме да отидеме и да ја видиме... затоа што ако во моментот додека ние сме таму, можеми нашето сегашно јас ќе го снема, ќе се повреди, ќе умре... итн, и со нас што ќе се случи? само ќе исчезнеме, ќе се распаднеме во енергија???
НЕ МОЖЕ! не е возможно, ниту физички, ниту теоретски!

Втора работа.
Да претпоставиме дека некој веќе направил некаква си направа со која патувањето низ времето би било возможно. Епа, ред настани, како причини довеле до создавање на таа машина. Ете, малку филмски, за да биде полесно да објаснам, на еден луд научник му ја убиваат љубовта на неговиот живот. Тој прави временска машина за да се врати низ времето и да го спречи настанот за да ја спаси љубовта и да си живее убав живот после со неа.
Ама моментот е: Временската машина постои како последица на смртта на девојката, истовремено, смртта на девојката е причина за постоењето на временската машина. Практично, за да постои машината, девојката треба да е мртва, и девојката мора да е мртва за да може да постои машината.
Значи, за да се случи еден настан, мора да се случат други настани кои ќе доведат до него...

Мојата поента е дека, поради причинско-последичните односи кои владеат во светот и поради тоа што едни работи водат кон други, практично патувањето низ времето е невозможно и физички, и теоретски и етички и највише, практично, и се сомневам дека некогаш тоа ќе биде возможно.
Најмногу поради тоа што се кршат основни физички, докажани закони.

Да, може на ова ќе речете, добро, па и Ајнштајн докажа дека Њутн не е во право, а целата физика се базира на Њутновите закони....
Па поради тоа, оставам простор дека можеби паруваењето низ времето ќе биде возможно, ама за тоа има превише очигледни пречки кои мораат да се надвладеат. И тоа нема да биде во нашиот животен век :)

Па затоа, заборавете дека ќе можете да се вратите некаде и да смувате нешто! :) невозможно е! :toe:
 

KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Fikcija vo koja sto sakam da si veruvam.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
се е можно, само треба да го откриеме
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Толку парадокси има поврзани со патување низ времето што боли глава. И не сакам да мислам пак оти многу пати главата ме болела од тие муабети.
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
patuvanje

pa vaka... vetiv deka ce pisam...
da zamislime edno telo (covecko sustestvo), koe uspejalo na nekoj nacin da ja dostigne brzinata na svetlinata(300 000km/s) i momentalno patuva so 300 001 km/s. Znaci, teloto vo toj moment e za 1km/s, ili za 1km i 1s PRED svetlinata, a so toa avtomatski i pred se sto ima vo univerzumot... Pa, dragi kajgandzii, sto se slucuva togas, ako nekoj moze da objasni (ajde neka se najde nekoj fizicar da pokazi sposobnost za simulacija).
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
не би рекол дека е пред се што има во вселената.... со брзина на светлината сеуште би ти требало милиони години за да СТИГНЕШ до некоја одалечена галаксија. Еве друга мисла... ако патувањето побрзо од светлината значи дека патникот ќе отиде во иднината, дали значи дека ако патува побавно (и колку побавно) од светлината истиот би се враќал во минатото??? на пример ние сите сега се движиме со некоја брзина дали тоа значи дека оној кој е во авион е понапред во времето од оној на мотор или точак?

Сепак мислам дека треба да ја утврдиме брзината на времето не на светлината ако сакаме нешто на тој план да направиме
 

Stefanos_M

Moscow_Boy
Член од
23 април 2006
Мислења
563
Поени од реакции
0
Член на раководството напиша:
не би рекол дека е пред се што има во вселената.... со брзина на светлината сеуште би ти требало милиони години за да СТИГНЕШ до некоја одалечена галаксија. Еве друга мисла... ако патувањето побрзо од светлината значи дека патникот ќе отиде во иднината, дали значи дека ако патува побавно (и колку побавно) од светлината истиот би се враќал во минатото??? на пример ние сите сега се движиме со некоја брзина дали тоа значи дека оној кој е во авион е понапред во времето од оној на мотор или точак?

Сепак мислам дека треба да ја утврдиме брзината на времето не на светлината ако сакаме нешто на тој план да направиме
Брзината на светлината ја земаме затоа што еден чичко кој се презивал Ајнштај таму докажал дека ни едно тело неможе да постигне поголемо забрзување од брзината на светлината. И бидејки е поврзана со времето, теоретски би значело дека си побрз од времето, односно од се во универзумот. А колку што знам има и побрзи работи од авионот :)
 
Член од
16 ноември 2005
Мислења
25
Поени од реакции
0
Jas mislam deka vremeto nema nikakva vrska so brzinata na svetlinata.A za toa dali nekogas ke bidi vozmozno da manipulirame so brzinata kako dimenzija , mozebi ama koga ke znaeme sto tocno pretstavuva vremeto.
 
Член од
8 јули 2006
Мислења
173
Поени од реакции
2
Buttercup:
Ама моментот е: Временската машина постои како последица на смртта на девојката, истовремено, смртта на девојката е причина за постоењето на временската машина. Практично, за да постои машината, девојката треба да е мртва, и девојката мора да е мртва за да може да постои машината.
Epa ludiot naucnik ja sozdal masinata denta koga umira devojkava i istiot toj(od toa vreme) se vraka vo minatoto so prospektce od masinata i povtorno ja pravi i si zivee strekno :)))

A za patuvanje niz vremeto? Pa zvuci dosta interesno i nevozmozno, ama sto znaes be ??? SE E MOZNO!!! A moze i ne! :)
 
Член од
30 август 2005
Мислења
47
Поени од реакции
0
Зошто патувањето низ времето го поврзувате со брзината на светлината?Па времето е димензија.Според некои четврта димензија.Се се случува во еден миг во одреден простор.И кога би можеле да го поделиме времето на бесконечно мали мигови ќе видиме дека во секој миг времето стои,бидејки тој миг е слика а не филм кој тече.Во таа слика во тој миг можат да бидат сместено бесконечно многу работи.Е кога би можело во тој миг да се додават елементи во случајот луѓе тогаш би било можно ,,патувањето,, низ времето.Само досега никаде не е споменато дека некој дошол од иднината и дека е забележан како таков.Што значи дека патувањто низ времето не е можно, инаку до сега ќе имавме посетители од иднината.
 

Mickey_k

Прохујао са вихором...
Член од
8 август 2006
Мислења
130
Поени од реакции
4
Buttercup напиша:
Ете, малку филмски, за да биде полесно да објаснам, на еден луд научник му ја убиваат љубовта на неговиот живот. Тој прави временска машина за да се врати низ времето и да го спречи настанот за да ја спаси љубовта и да си живее убав живот после со неа.
Ама моментот е: Временската машина постои како последица на смртта на девојката, истовремено, смртта на девојката е причина за постоењето на временската машина. Практично, за да постои машината, девојката треба да е мртва, и девојката мора да е мртва за да може да постои машината.
Значи, за да се случи еден настан, мора да се случат други настани кои ќе доведат до него...
Тоа ти е каузалитет, во класичната физика се претпоставува дека секоја причина има свој ефект. Значи секои настани се причинети од некои претходни.
И сепак не се сомневам дека патувањето со брзина на светлината или поголема е невозможно оти ги гледам и двете одделно со мала поврзаност.
А за патување низ времето само можеме да нагаѓаме и можеби еден ден ако стасаме некаде во нашиов универзум каде можеби некој или нешто се занимава со тоа ке научиме и ние или ако најдеме некоја аномалија која би ни помогнала да го оствариеме тоа.
Но прво да си ги решиме суштинскиве проблеми на нашава планетичка.


П.С. Поздрав до сите Trekies!!! :tv:
 
D

DJ_DEXTER

Гостин
Мислам дека Никола Тесла има обиди да направи временска машина, ама му фалел некој хемиски елемент..

Nikola Tesla

Инаку патувањето низ времето не знам дали е возможно , а еве една теорија. Кога би се оддалечувале од земјата со брзина поголема од светлината. Светлинските зраци што ги рефлектира земјата не би можеле да ги примиме , а со добар телескоп би можеле да ги проследиме зраците кои земјата ги рефлектирала и кои заминале, а бидејќи ние би се движеле со брзина поголема од брзината на светлината би ги апсорбирале тие зраци.
Ама има дупки во теоријава. Првото е што ова ќе биде само виртуелно а не реално (само слика од минатото) , а второ е што ако се достигне брзината на светлината целата енергија ќе се претвори во маса (не знам како) што значи оваа теорија е неизводлива.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom