Justae Verum
Sic Semper Tyrannis
- Член од
- 22 септември 2005
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 4.803
Не го кажав тоа за да се пофалам, туку за да објаснам дека сум видел доста други култури и како живеат луѓето таму. Пред тоа и јас имав поинакво мислење за нив.Со сето уважување, не сакам конфликт, ама фактот што имаш видено три континенти и си се залепил за Трамп, не говори ама баш ништо добро за тебе, напротив.
Подобро да отидеше во Охрид и да научеше како се прави макало, покорисно ќе ти беше, ама нејсе, денеска е друго време, врапците се на стероиди и работата е викај ура.
Се слагам со многу твои ставови, ама остај и другите да имаат свое мислење. Не можеш да бидеш исклучив, јуесеј е во право и точка! Не бива така бе чичин, светот не е црно-бел, уште одамна чичко Њутон открил еден спектар.
Немам републиканска партиска книшка, така што не сум залепен за Трамп. Гледам кој повеќе ми одговара. Ако дојде демократ што ќе ми понуди подобри работи, ќе гласам за него. Моментално, за жал, Трамп ми е единствената опција.
И плус, кога и да дискутираме, слободно можеш да ми кажеш не се согласувам и немам што повеќе да ти кажам за да ти го сменам мислењето, и ќе ја прекинам со репликите. Во многу случаи така правиме и со Хари и останати.
Иако сум про-македонски и патриотски настроен, мислам дека Македонија во рамките на Југославија ќе беше сосема добро решение. Ќе бевме дел од силна федерална држава во која ќе имавме свој удел, а немаше кој ќе стигне да нe шутка како што му текне. Југославија имаше идеална позиција да биде главниот играч во цела Југоисточна Европа. Имавме потенцијал да бидеме САД на Балканот, ама немањето визија после Тито на крај си го направи своето.

