Дали овој дрипец Југо или кој и да коментираше знае дека ако изгубеше Мелсунген денес ќе си пакуваа куфери од ЛШ?
Или јас сум нешто грешка или овој е тотална незналица од основни правила. Во случај на исто бодови на Нант и Мелсунген, Нант ќе одеше понатаму како подобар во меѓусебен дуел. Се утепа тропајќи глупости ебаму акрепот неписмен.
Цело време збореше ко Мелсунген да игра ревијално, а пустите беа 10 секунди од елиминација.
Мааааааалку ко да им попуштивме на крајот

Супер одиграно со повремени падови. Повеќето играчи одиграа на ниво. Штета уште еднаш што од 4 изедначени утакмици освоивме само 1 бод. Освен Висла дома, никој не не надигра, што е одлично со ваков крпен состав. Особено што во сите 6 утакмици игравме само со 1 десен бек (прво Урош суспендиран, па Абделхак повреден), а и редовно некој ни фалеше од останатите.
Апсолутно ги надминаа сите мои очекувања. Браво. Финеси фалеа да можеме да ги поминеме групите. Ама веројатно местото ни е во ЛЕ и во зависност од ждребката може да тераме далеку. Огромна штета што се сменија форматите и многу малку квалитетни утакмици видовме.
Фадуил вака така, најдобар стрелец ќе излезе сезонава

Марио малку неискусно се постави на крајот и ја реши со добиените 2 минути. Не утепаа од десно крило, сите акции одеа натаму. Џабе изротиравме три леви крила, никој не успеваше да затвори, што донекаде се должеше на тоа што напаѓаа 7 на 6.
Како и да е, немам никакви замерки.
Одиме на второто дерби годинава од кое од досега прикажаното очекувам убедлива победа. Нема што да бара никој на наш терен. На гости ќе е поразлично.