Најубави денови се ваквите, кога се работи за политички случувања. Гледаш маса народ полни со елан, весели, среќни. Прават промени, се ослободуваат од лошото, почнуваат нова страница, подобро утре. До денес поробени, од утре слободни.
Тоа е кулминацијата на приказната, поточно ќе биде заклучно со прославите по објавувањето на конечните резултати и примопредавањето на власта.
Следните фази воопшто не се возбудливи. Прво мала нервоза околу тоа кој со кого ќе коалицира, па блага разочараност на сите страни затоа што ни една нема да добие тоа што сака, па првите расправии, првите политички пресметки, нестабилни влади... па малку инфлација, малку непотизам, малку корупција... по некое време следи фазата наречена „за ова ли се боревме“, па следат првите поголеми скандали, па следи комплетно паѓање на маските.
Фазата „Ацо врати се, се ти е простено" за некои 10-на години.
Потполно ми е неважно кој победува, само сакам да кажам дека се радувам на вакви моменти затоа што тоа е врвот за луѓето на Балканот, овие денови на занес. Останатото е разочарување како и секогаш. И Слобо кога го менуваа исто беа занесени, за сега да менуваат уште полош лик од него. Следната револуција за 15-20 години и така во круг.