Баш оти од почеток читам околу спорот.
Буфнавте дека е голем клуб Брајтон, а не е и како што реков може и нема намера да биде.
И почна докажување на кого му е поголем.
Не го оправдувам терањето мак на конец од Данте, ама без броење на жители на градови, без пматерине согласете се дека Брајтон е само добро воден клуб, со добри резултати засега. Кој вистински големите го користат за извор на играчи и тренери.
Се сложувам, но моментално е голем клуб. Има конзистентност во ПЛ, плус игра во Европа. Потер, Де Зерби и сега Хирцелер беа/се одлични, иако и Потер и Зерби при отскочната даска се покажаа доста ужасни.
И дефинитивно е најдобро водениот клуб во лигата, финансиските извештаи им се зелени, прават милиони од продажба, носат замени за џабе и пак имаат одлична воиграност. Да, Грос и Данк им се столбот, посебно Данк, одбраната им е коска, мислам дека имаат 5 чисти мрежи оваа сезона.
Само Санчез беше промашување, Каиседо, Жоао и Кукиреља беа одлични засилувања за Челси. Балеба треба да е кај вас. Ван Хеке во Спурс, ако не се лажам и Вајт од кај нив отиде во Арсенал за околу 50 милиони. Па и Мекалистер во Пул. И ова е се последниве неколку сезони. Направија планина од пари, и еве, денес се во топ 4. И да паднат, очекувам дека и наредна сезона ќе играат Европа, што значи дополнителен капитал.
Од друга страна Манчестер е еден од најлошо водени клубови во ПЛ. Претходно тоа го мислев за Вест Хем. Во друштвото на Манчестер се Палас, Евертон и Њукасл. На Мојс, кога дојде, му го донесоа само Фелаини, иако имаше шампионски состав, сепак носителите на игра ми беа над 30ка (Видиќ, Гигс, Ван Перси...). Никаква надградба на тогашниот состав.. После тоа никаков трансфер бум, Ибра и Роналдо беа над 30ка. Најдобриот трансфер период им беше кога ги донесоа Куња и Мбеумо, а најдобар, последниве 13 години, трансфер Бруно. И еве, Раш, Диало, Меину, Дало, Маунт...се играчи кои немаат шампиоски квалитет. Башка имате серија на играчи кои влегуваат по последната сезона од договорот, наскоро ќе бидат слободни агенти, што значи ќе треба да се купува, но и да се продава, за да се направи тој ремонт во одбраната. И ако Бруно си оди, ќе мора да си оди некоја ѕвезда за да се најде соодветна замена. Ако нема Европа, ќе биде уште потешко.
Палас лапнаа две титули за една година и пропаст. Гласнер го држеше тимот над вода, иако сезона по сезона ми ги продаваа најдобрите играчи без да му донесат било какви замени. Њукасл од проект стана салон за распродажба. Евертон години наназад нема играчи, чат-пат ќе донесе и тоа. А прави целосна распродажба на нападот.
И Челси не е нешто многу добро воден клуб, пример фрлија 65 милиони за деца од Стразбур. Сопствениот е ист, па се перат пари. Фрлаат милиони за деца по 15-16-17 години, наводно млади таленти, па еве, после 5 години ниту еден не се докажа на високо ниво. Премногу осцилации во сезоните, сезони и без Европа, што е срамота затоа што скоро пола лига игра низ европските натпреварувања.
Ако се цени историјата на клубот, титулите (не знам што има врска градот од каде потекнува клубот-Нотингем е мал град и два пати дал европски шампион, пример), и ајде ко некаков фактор- големината на стадионот, не се. Но моментално се голем клуб, играат во најдобрата лига во светот, се наоѓаат при врвот, плус се борат низ Европа.