Огромна штета што не земавме бод на крај. Ќе ми беше премило да ги преебеме, се' да им ебам лингурско.
Не одигравме добро, ниту лошо (освен во онаа дупка од 10 минути во прво полувреме кога не можевме да шутнеме на гол).
Констатацијата е иста, мизерни голмани и леви крила кои не чинеа пораз.
Во одбрана ја кренавме играта споредбено со првите три дуели. Се мачеа доста на позициони напади полјаците. Не се ни они мерило за некоја напаѓачка екипа, ама не одиграа ништо во напад, еден куп голови беа од тешки шутеви. Ме пренервира Гогов за голов што го прими од Илиќ. Шут на негова страна, над двајца одбранбени играчи, прима гол од 10 метри низ нозе.
Нападот бевме дупка 20 минути. После му тргна на Малус. Фантастично одиграа и он и Воркапиќ. Второ полувреме бевме добри во нападот и решаваа нијанси.
1. Утнат пенал на Фадуил.
2. Смешен црвен картон за Абделхак.
3. Утнати два зицери на Кеита на скоро празен гол.
Се' ова во 5 минути кога се кршеше дуелот.
После тоа Чупиќ земал ми експериментира тотално непотребно. На играч повеќе, во серија од напади во кои немавме проблем да дадеме гол, зема без голман да игра. ЗОШТООО?
Даваме брз гол за -2 и примаме гол на празна мрежа одма.
Исклучувањето на Абделхак малку ги заинаети нашиве и добија на сила, ама за жал недоволно за бод.
Не можам да не ги спомнам судиите. Неколку спорни одлуки, сите на наша штета кога ни се одлепуваа или ги стигнувавме.
Исклучување смејурија за бразилецот пред црвениот на Абделхак, самиот црвен картон, сто пати недосудија фаули врз Малус од говедото Моралес, тек на крај почнаа да им делат по 2 минути.
Гнасна екипа, се утепаа мавајќи. Фали некој провокатор од наша страна, малку да ги изместеше од лежиште.
За најголемо разочарување ќе го издвојам Мечка. Дрво. Очобол тежок, во моментов Јанковски за него е Игор Вори.
Се пренервирав, подобро да изгубевме 20 разлика. Ајде барем ќе се одржи атмосферата на ниво за домашното првенство.