Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Со ваква трансфер политика, се руши имиџот на клубот и дава лоша слика кај потенцијални нови играчи шо во иднина би добиле понуда да дојдат во Пелистер. Доста аматерски делува.
 
Морено Цар е исто интересен голман, шо бранеше во Нексе пред некоја сезона. Сега е во Швајцарија и му завршва договорот ова сезона. Можи да се проба и со него, имаше доста добар перформанс во Нексе.
За голман е барем полесно да се најди, тие се активни и во позрели години.

Моја желба од екс-ју просторите е хрватот Пешич од Нант. Последна сезона му е во Нант и е во напредна фаза од преговори со Алкалоид. Штом покажва интерес да дојди во суперлига, Лино можи многу лесно да го договори да дојди во Битола. Таков голман ни треба моментално ако сакаме стабилност помеѓу стативите.
И нормално Галецот да си го вратиме во Битола ама засега неговата фамилија е анти-пелистер и тешко дека би дошол назад во Битола.

Има голмани, ако се искешира добро ќе го зарвориме то прашање за наредни 2-3 сезони.
 
Убав голман пред 5 години со Нексе тој ја направи разликата (Кузманович не бранеше) но не е профил кој би донел поголема разлика од ова која сега ја имаме. Ако се бара нешто по асолно од погоре споменатите Палашиц (договор до 2027), Фелин (има активен договор до 2028).
 
Ропаци беа и останаа.
Децата пораснаја, ништо не е сменето.
Уште од времето на Гоце Петрушев ( RIP), кој беше алфа и омега, градоначалник, спонзор, тренер.
Еден од најгадните терени за игра.
Притисоци огромни, еден Сиудад Реал во златните времиња изгуби таму.:pos:
Гнасна екипа беа, Сергеј Турченко ( татко му на Ихор Турченко од Нант), Бичковски,:D, Перо Банцалиски на лево крило, Горбах голман итн.
Најмалку 2 титули ни имат земено овие...
Толку време помина, ништо не е сменето, притисоци, плукања..
Па тој коментаторо најак беше, ОВА Е ВИКА НАЈРАКОМЕТНИОТ ГРАД..ЦАР.:cuc:
Истата сала, роскоп, најминимални услови за игра нема онде, за училишен спорт, камоли за професионален.
Не знам како овие од РФМ не се запрашват за условите во сала и како дозволват онде да се игра суперлигашки ракомет.
Ќе земи некој ќе се отепа онде, ѕидот е одма до терен, аут линија нема, не дај боже да има некој дуел меѓу играчи, кај шо се затрчани, ќе остај некој некоја нога/рака/гла во ѕидојте, столчиња од канцеларија остаени како замена за резервна клупа:eek:,радијатори на ѕидојте закачени:eek:, и шо уште не?
Она сала е МОРТАЛ КОМБАТ ЗОНА, не е за ракомет.
Ми текнува на едно гостовање со Чкембари, сезона 99/2000, пролетна полусезона, тепавме со гол во последна секунда на Лазаров за победа 19-20, 20-21, така нешто беше, држ не дај беше утакмицата.
На бегање, со КОСТЕНИ ФРЛАА по автобусот.:pos:
П.С.
Браво за децата вчера, има надеж во двојката, многу интересни деца има шо можи и треба за брзо да чукнат на вратата на првиот тим.
Изгинаја на терен вчера, штета шо не победија, ја заслужија победата.
Не му доликува на онај Бојаниќ суртукот, да се расправа со децата, зеде онде да урла в сала, да се брука.
Татко можи да му биди.
Па на крај и се чапна и со то левото крило, шо му падна топката од раце.
Штом еден мирен лик ко Резо го извај од такт, јасно е шо се дешаваше вчера.
Арно Бранче шо беше стабилен:icon_mrgr:, кузнеј шо ќе беше ако влезе тој во "дуело':icon_mrgr:
Зато нема професионален ракомет кај нас, уште со вакви ликој ко Бојаниќ, па и онај србино на среден шо го имаја, одвај одеше тој, торлак невиден, само кукаше нон стоп.
Тексо, посебна приказна, како падна на колена на последниот напад ко ни свирна пенал судијата, како да го коли некој, а играчот на Младост пола метро внатре во 6 со нозете.:facepalm:
Цел живот истото го прај, и ко играч ко беше и ко тренер, само се расправа, се кара со сите, тензии прај, кај шо ги нема...
Зато не можиме играчи да извајме, оти место деца некој млади да се развиват, Тексо ќе буфта со Бојаниќ, некои треторазредни Срби, Африканци.
Telepnev go zaboraj,nego mu go baravme da ni go pozajmat za evropa ama Petrusev veli ako vi go pustam nema da saka da se vrati vo Bogdanci.
Inace vo Bogdanci izgubivme 2-3 tituli,taa utakmicata so ja spoman so ja dobivame 1 razlika,na 18:18 so dvajca igraci pomalku igravme ama Lazarov od 12 metri mu ja zakaci na 4 sek do krajot za komecni 18:19.
Mladost protiv Pelister igrase sekoja godina kako za zivot da mu zavisi,a po edena nedela ke gostuvase Vardar I lagano ke mu ja pusteja bez zar.
 
Реално МКД голман нема со врвен квалитет кој е достапен. Томовски да пред две а и три сезони флертуваа премногу со него во два наврати не откачи со изговор дека сака кариерата да ја гради во странство. Мн малку фалеше да го добиеме.
Друга опција која би ни била прикладна а е македонска се дури не добијат поголемо искуство горе споменатите Иван и Мелвин би била Марко Кизиќ, колку и да се негира во него има искуство и е една од трите опции на голманска позиција за светско првенство овај Јануар, покрај Томовски и Галевски иако овде во прединство би го ставил Гогов кој има некој блескави моменти но поради тоа искуство кое го има Марко би го ставил во преден план.
Баш за голман од типот на Ферлин, Паласиц голманот на Мешков брест русинот е добар голман интересен.
Немам конкретно избор на голмани направено со статистика од поголемите првенства но се наоѓа солиден голман за парите од финансиите кој заедно ги примаат и Никучо и Нинџа. Со тие пари се зема некој квалитетен пример Владимир Цупара па и да му дадеше 2-3 илјади плус и да го обврзеш на 3+ години нема да биде лошо, но и самиот во некое интервју кажа дена не гледа некој предизвик да игра во тим од помала лига каде што му се добиени утакмиците дури и пред да ги започнат, затоа и се приклуче во тим каде шо е сега и има можност вистински да се докажува колку вреди.
Ако би бирал јас би го избрал него идеална возраст кој има договор само до 2027ма, докажан голман со солидно искуство од европски натпревари. Ова е само површинска анализа на каков голман ни треба. Но да има вампири во Шпанија ко Лето, во Франција (али повеќето се профил на играчи кои не би дошле во Македонија).

Ајде нека биде идеа ова за некој кој чита небитно дали ќе биде Цупара или пак некој друг вампир барем да се ставе крај на една таква сага и да се осврне тимот према еден голман кој ќе направе поголема разлика, како шо кажа Томасино кој би имал во просек по 25% на утакмици (не тренинг утакмица). Оти за тренинг утакмица договлен е некој просечен голман од тие шо ги имаме во 2ката или за некоја поголема сигурност да биде Марко но тој би барал некој 3-4 европски.
Се сложвам апсолутно за Кизиќ, криво ми е шо го испуштивме лесно дечкото.
Беше од почетокот на проектот тука, и баш ко требаше да се исфорсира во нешто појќе од трет голман си замина.
Висок, долги раце, не лета да чита страни ко другите голмани, најпојќе шо мразам кај еден голман е при шутој од далеку да оди со читање на страна, да чека блокот да му покрие агол и тој да оди на друга страна, посмешни моменти нема, ко ќе пливат голманите во празно базирајќи се само на централниот блок.
Не знам шо се случи, дали тој сакаше да си оди, дали Киро го прелажа или нашите немаа доверба во него, ама некако прелесно се откажавме од него.
Последна утакмица му беше со Охрид, во Март 2024, на домашен терен, малку фалеше да ја изгубиме та утакмица дома, не газеа, од ко влезе Кизиќ ја свртивме и тепавме 34-29 ( така нешто), а губевме со 2 на 10 минути до крај, после то не ни влезе во игра до крај на сезона, воопшто не ни сметаше на него Бранче таа полусезона.
Ако постој некоја можност за македонски голман, јас навивам за него.
Не сум фан на Галевски, најпојќе заради неговиот однос кон публиката овде, иако има подобри предиспозиции тој и досега требаше да се истакни појќе, ама некако и тој не е на нивото шо треба, со Тиквеш беа очај на гол, па сега со Охрид Киро почна со Николовски, Кизиќ не ни беше ни во состав.
Со оваа гарнитура и одбрана на Алкалоид и двата не ги чека ништо добро со Киро.
Со одбрана составена од Матик Сухолезник:eek:, дечкото е срам за професионалниот ракомет ( појќе личи на главниот глумец од филмот CASS:X3:, отколку на полупрофесионален ракометар):D, со Вуко, со Стојковиќ, ќе бидат само мета за зицери на сите екипи.
Не знам шо му стана на Киро, ама во последно време од грешка во грешка влегва со трансферите на странците, тој Исланѓанецо на Кинез шо личи:icon_mrgr: ( онај ако е Исланѓанец, јас сум Шпанец):D, е тежок очај, колку само топки му троши за едно лево крило, со глупи егзебиции, Вуко се послаб, Нејц е страшно паднат во форма за разлика од лани.
Па сега, ако му го донеси Киро и Пешиќ, толку и од двата голмани и нивната кариера, па тука можи ќе се отвори шанса да се проба да се донеси некој тука.
Исто, прелесно се откажавме и од Гедбан, то си го призна и Стерјев во едно интервју, не ја увидоа една клаузула од договорот и не искористија можност за предвремено продолжвање на договор и овај си рече не сметаат појќе на мене овде и потпиша во Бундеслига.
Добар голман беше тој, висок, долги раце, добри рефлекси.
Ваљда Лино ќе запни да му донесат некој посериозен голман, не дека Никучо и Нинџа се слаби голмани, далеку од то, ама фали констатност кај нив, ако не отворат добро на почеток и не ги барај после, посебно кај Никучо, фали и подобра одбрана на тие зицери на противниците.
Се надевам дека старио ќе поработи на одбраната, засега дефанзивно имаме доста недостатоци кои мора да се корегираат шо побрзо, нормално е дека ќе треба време, ваљда до пролет ќе изгледа подобро екипата на ова поле.
 
Исто, прелесно се откажавме и од Гедбан, то си го призна и Стерјев во едно интервју, не ја увидоа една клаузула од договорот и не искористија можност за предвремено продолжвање на договор и овај си рече не сметаат појќе на мене овде и потпиша во Бундеслига.
Добар голман беше тој, висок, долги раце, добри рефлекси.
Уффф го заборавив него... Па да таков и голман реално ни треба ако е во можност оти да не баш добро надополнување беше со Урбан. Сега и проверив договор му е до крај на сезона. Првиот договор му беше до крај на оваа сезона но го продолжи овај Јануар заклучно со 26/27. Баш шизико влегува во тие сериозни години на зрел голман кога и треба да го вади најголемиот потенцијал. @Tomasino браво за чоеко. Не најискрено оти да не Ако Никучот е во последна година која тој мисли да му биде активна со комбинација од Кизиќ и Гедбане би било уба интересна двојка на голот заедно со некој помлад на страна да се затвори тројката. Тоа би била и поевтина варијанта во која ќе има повисок процент на докажување и морал него поскапата и постабилна комбинација Цупара со одврзано кесе плус Кизиќ како алтернатива.
 
Кизич беше голманиште кај нас, како замина кај Киро го снема.

А Гедбане во Германија настапва под Македонско знаме, изгледа има Македонски пасошIMG_2361.jpeg
 
Уффф го заборавив него... Па да таков и голман реално ни треба ако е во можност оти да не баш добро надополнување беше со Урбан. Сега и проверив договор му е до крај на сезона. Првиот договор му беше до крај на оваа сезона но го продолжи овај Јануар заклучно со 26/27. Баш шизико влегува во тие сериозни години на зрел голман кога и треба да го вади најголемиот потенцијал. @Tomasino браво за чоеко. Не најискрено оти да не Ако Никучот е во последна година која тој мисли да му биде активна со комбинација од Кизиќ и Гедбане би било уба интересна двојка на голот заедно со некој помлад на страна да се затвори тројката. Тоа би била и поевтина варијанта во која ќе има повисок процент на докажување и морал него поскапата и постабилна комбинација Цупара со одврзано кесе плус Кизиќ како алтернатива.
Ако не се лажам имаше некоја потешка повреда Гедбан, паузираше подолг период.
Висок, масивен голман, долги раце, нозе, добри рефлекси за таа висина, знаеше да се спушти на нозе, при бранење на ниски удари, шо е многу важно.
Штета за него, пак ќе кажам, шо не го врзавме на подолг рок овде, со Никучо ќе беа добар тандем, наместо да се експериментира со Ивиќ, кој имаше добро CV, ама ништо не покажа овде и го зациментираа на клупа.
Добро е шо го спомна и Кристоф Палашич, доста потценет голман, а можи да дај зверски партии.
За репрезентацијата посебно се истакна последните години, во Мелсунген ќе биди константно во втор план и сенка на Симиќ, едноставно Симо е машина.
Одлична висина, 1.98. доста млад е, само 24 години, уште не е ни во зрели години..
https://en.wikipedia.org/wiki/Kristóf_Palasics
Е сега, прашање е дали ќе сака да се враќа на млади години назад на Балканот.
Ако си замини Симиќ во Висла ко шо се шпекулира, за огромна оштета, не ми се верва тука тука да го пуштат Германците, и тие знат шо значи голманот во ракометот, суво злато е добар голман во тимот.
Добри голмани се реткост на пазарот и ако сакаме да резервираме некој ќе мора уште отсега да се капари некој.
Ако чекаме во Април, Мај ништо не прајме.
Најважно е со време да се види дали ќе останва тројката голмани, па после да се реагира.
По мое, најдобро ќе беше Брестовац да се пушти во двојката, да се исчеличи некоја сезона, вака греота е за детето шо игра само на мечеви со Куманово и сл, кај шо нема тензија и можност во некое дерби да се види од шо материјал е.
Има талент, има сенс голмански, ама таа висина е најголемиот проблем.
Ќе видиме шо планират и со него, и тој има договор до крај на сезона.
 
Кизич го достигна максимумот уште пред неколку години. Знај да одбрани 3 4 топки во некој момент и то е то од него. За салам екипа ти треба стабилен голман кој ќе има барем по 9-10 одбрани константно секоја утакмица, не една да фати 15-16 после следни 5 да го нема со одвај 3 одбрани. Тој маџарот од кај Парондо шо го спомнувате Сегед оди уште од летото е договорен.
 
Каков Ќизич, не се драпајте… Иранецот да го зачуваме за наредна сезона како втора опција и да се донеси некој искусен голман шо ќе биди стандарден.
Никучо сигурно оди во пензија, Брестовац можи во двојката да побрани сезона/две дури да се развие како голман.

Вечер за нас исклучително битна утакмица, шо ќе го одреди нашиот пат во европа. Со пораз денес ни се затвара вратата за понатаму.
Тежок противник и ќе биди тешко да се остани непоразен.
Како и да е не одиме со бело знаме и очекувам борба до самоот крај.
Глеам на сликите Татар е земен во состав. Очекувам тој денес да блесни и да има 5+ поогдоци и да го растееети Фитиљо, да не мора да игра 60мин.

Само Пелистер!!!
 
Oti mislis deka ako se izgubi denes vratata vo evropa e zatvorena ?
Автоматски споено мислење:

Ova denes utakmica i uste 3 ima …
 
Oti mislis deka ako se izgubi denes vratata vo evropa e zatvorena ?
Автоматски споено мислење:

Ova denes utakmica i uste 3 ima …
Оти после ќе треба сите 3 до крај да ги добиеме и да зависиме од другите исходот како ќе биди за то второ место шо носи пласман понатаму.
Лариоха во гости ќе биди тешко да се добие или да се остани непорњзен таму. А богами и останатите екипи ќе биди тешко и дома да се добијат, особено Гумезбарх.
Најмногу ни одговара денес да останиме непоразени па на домашен терен да ги бркаме тие две победи за да фатиме приклучок за второ место.
 
So i da se bidi nisto ne e zavrseno ! Ima uste mnogu, treba da se izigra maski so madinja i bez izgovori, ke bidi tesko ama sme pokazale deka se e vozmozno, da imame sreka da nema povredi i gospod da e so nas !
 
Back
На врв Bottom