jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.776
- Поени од реакции
- 27.884
Абе и цигарите се гадни. Читав една книга за цигарите, вика на човекот му требаат 5-6 месеци да стане зависен од цигари. Вика толку се гадни што тој што ги конзумира е сигурен дека никад нема да се навлече... се додека не се навлече. Јас се навлеков на цигари ради друштво у 4та на голем одмор, одвај ги остаив.Човече, тој бил и беше околу нас, сите знаеле дека е опијат. Работата е дека без стимул некој не го рецкал. Ете јас си играв со опиум, не ми ни идело на памет да пробувам. Баба ми, која ме сакаше највеќе од се' на свет мислиш дека би ме оставила да си играм, ако не и било вградено во свеста дека тоа е само катран за продажба, не и за употреба?
И кој ненормален би пробал нешто такво гадно на изглед?
Пази денеска секој пушач да прашаш, ќе ти каже после јадење е најдобра цигарата. Пази такво гомно у уста да пикнеш после некојси вкусен убав ручек.
Е сега тоа што ми требало 6 месеци да конзумирам нешто гадно, сигурно не ми било од некој ќејф што ми прави, туку едноставно од помодарство. Кога ќе видиш на филмови, последна желба на осуденик на смрт му е обично цигара. На ранет војник му даваат цигара пред да умре. После секс цигара... Све се тоа суптилни реклами што не тераат да се навлечеме.
Порано пред ВВ2 во селата пијаниците биле исмевани и избегнувани, сега младите се мерат кој повеќе може да испие, ѓоа тоа е некакво достигнување.

