Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 60: Работно способни жители да немат право на користење социјална помош ако не извршуваат општествени задачи)

Работно способни жители да немат право на користење социјална помош ако... (види наслов)

  • Вкупно гласачи
    34
@fennel ќе речев ново дете, ама предоцна е за тоа :D

Дај некоја тема да разглабаме.
 
@fennel ќе речев ново дете, ама предоцна е за тоа :D

Дај некоја тема да разглабаме.
Ха ха, не е доцна да склепам, ама не работи веќе фурната. Плус имајки ја во предвид мојата возраст, дури и на страна да го смајсторам, ризик е.
Погледајте па да видиме дали е контраверзна.
Мој предлог е да се тргнат сите препродавачи од зелените пазари, до еден. Со строга контрола на потекло на производите.
Нека си отвараат пиљари брајчата, ама подалеку од зелените пазари.
Знам дека ова беше потребно 40 години наназад да се стори, ама никогаш не е доцна.
Не знам дали ќе се помогне на директните производители, може е и доцна.
Исто да се тргне се' што не е храна од зелените пазари. Нека си има тезги во друг дел, ама не заедно со храната.
Мене сето она мафијашко однесување на пазарите ми смета. Можам да претпоставам пак колку им смета на земјоделците.
 
Имам размислувано за слична тема- дали во маркетите треба да се забрани продажбата на овошје и зеленчук. Од една страна пак се пласира производот, се има сигурен пазар, иако се прави препродажба. Од друга се уништува класичниот зелен пазар, па производот кој се пласира можеби е увезен.

Бит Пазар има див пазар. Почна со неколку пензионери, сега таа колона се протега 10тина метри. Не може да се помине, нелојална конкуренција, сите со торбите и кесите. Јасно ми е на сите дека дел од пензионерите имаат мизерни примања, дека им треба дополнителен приход, иако ова не се (класични) земјоделци, немаат голема количина производи, си вадат нешто од нешто. Ама не треба да се прави окупација на просторот, не треба да се прави нелојална конкуренција на овој кој држи и плаќа тезга. И секогаш можат да даваат пониска цена затоа што немаат дополнителни трошоци, ова не им е примарна дејност и веројатно имаат примарен приход во вид на пензија.

На препродавачите не им е место на пазар. Они нека си држат продавница, пиљара, па од таму нека ги пласираат производите. На пазарот во Бутел има еден голем препродавач кој држи неколку тезги, секогаш има сѐ од сезонските производи, цената му е повисока, но и производите му се подобри. Скоро се појави уште еден вонпазарен препродавач. Локалната продавничка ја спои со пазарот, со своите прозоводи.Пазарот е поделен, има класичен зелен пазар и дел за тракатанци. И има се помалку и помалку тезгаџии. Технички овие си држат дуопол. И пазарот е скап.

Треба да има и модернизација на пазарите, да бидат затворени, со некое греење и ладење, не мора луѓево да ги чувствуваат сите временски прилики и неприлики. Нека има и вентилација. Дел од пазарите, како овој на Бит Пазар, се затворени (технички полуотворени), потсредени. Овој во Бутел, иако е релативно мал, не е најсреден. Не сум шетал накај Драчево, Кисела Вода, читав дека имаат затворен пазар. Ни Зелен и Буњаковец не се баш најсредени, но состојбата се подобрува. Само, за жал, земјоделството умира.

Тезгата, која има симболична цена, мора да е за земјоделецот, за производителот, а не препродавачот. Вака избегнува данок, кирија и сметки. Бел бумбар за предлогот.
 
Немам некое мислење на темава зошто јас многу ретко, речиси воопшто не одам на пазар да пазарувам. Попрактично и успат ми е од пиљари и супермаркети. Брз живот, јбг. Excuses, нели?

Сепак, мислам дека идејата за подобра контрола има смисла. Ако веќе постојат зелени пазари, редот и заштитата на вистинските земјоделци треба да бидат на прво место.
 
Предлог за наредната тема со контроверзно мислење е тоа "дали треба дрогата да биде легална", тоа е глобален проблем и не неодминува ниту нас овде.
 
Предлог за наредната тема со контроверзно мислење е тоа "дали треба дрогата да биде легална", тоа е глобален проблем и не неодминува ниту нас овде.
Ајде, ама не може да биде во форма на прашање. Постави го како мислење и образложи го накратко.
 
Ајде, ама не може да биде во форма на прашање. Постави го како мислење и образложи го накратко.

Може.
Понесени од лажен алтруизам и игнорантство, властите во многу земји ги ставиле одредени растенија и супстанци во категорија нелегални. Тоа започнува таму во 1920-те кога после десетици илјади години употреба на наркотици, луѓето се соочени со нивно сатанизирање.
Игноранстноста на политичарите се гледа во тоа што решиле да ги казнуваат и понудата и побарувачката. А бидејќи побарувачката постоела, постои и ќе постои, илегалноста само ги вивна во небеса организираниот криминал кој во отсуство на легалност постана скоро монополист врз понудата на одредени растенија и супстанци со психоактивно дејство.
Легализација би довела до позитивен исход како на локален така и на глобален план, да почнеме со тоа што легализација преку ноќ би ги срозала криминалните структури, а тука се и други елементи кои зависат од законскиот статус, за што се надевам ќе имаме добра дискусија.
 
Интересна тема, но ако може да ги наброиш дрогите што треба да се легализираат. Брз пример, сум за ганџа, печурки и кока да легализираат, против сум за амфет, крек и хероин.
 
Може да наведиш точка по точка што ти сметаш за дрога и кратко објаснување за нивните ефекти врз човекот. Без АИ те молам.
 
Интересна тема, но ако може да ги наброиш дрогите што треба да се легализираат. Брз пример, сум за ганџа, печурки и кока да легализираат, против сум за амфет, крек и хероин.
Јас лично сум за тотална легализација. Све. Пример, хероинот е легален и сега за медицински потреби под име Диаморфин. Но не е легален надвор од медицината.
Може да наведиш точка по точка што ти сметаш за дрога и кратко објаснување за нивните ефекти врз човекот. Без АИ те молам.
Јас не го употребувам поимот "дрога" кој е крајно пежоративен израз, туку наркотични супстанци. Тоа би биле сите супстанци кои имаат било какво психоактивно дејство, тука вклучително и етанолот односно алкохолот.
 
Јас лично сум за тотална легализација. Све. Пример, хероинот е легален и сега за медицински потреби под име Диаморфин. Но не е легален надвор од медицината.
Ммм, тогаш сум против, тие ми се преопасни. Нели тука збориме за општа употреба, не само за медицински цели и контролирана употреба, туку фри фор ол, ко да купуеш цигари така да купиш и хероин, слободно и без надзор/контрола?
 
Да и после ќе се прогласуваат луѓето за психички нестабилни, ќе ги има во систем дека конзумираат психоактивни супстанци и бутни некого па да видиш како ќе бидеш заглавен.

Dislike Reaction GIF
 
Back
На врв Bottom