ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 65: 1944 - 23.11-06.12.2026)

Убаво ја затеравме 1992 - со 10 филма и 7,6 просечна оценка. Штета што @PloTwist не ги изгледа неговите вообичаени 10, па да го дуплираме резултатот, ама и вака е добро. Одиме понатаму!

1788111957571.png

Патување 59: 1932 - 31.08-13.09.2026

Година дефинирана од Големата депресија во Америка. И покрај тоа, во Лос Анџелес се одржуваат Олимписки игри во кои за прв пат е воведено Олимпиското село и современиот подиум. Амелија Ерхарт е првата жена која го прелетува Атлантикот, од Њуфаундленд до Ирска. Започнала војната помеѓу Боливија и Парагвај. Сијамската револуција (во денешен Тајланд) ја руши вековната апсолутна монархија во земјата и создава уставен поредок и влада.

Во Холивуд, Дизни го снима првиот Техниколор анимиран филм, Flowers and Trees.

Во 1932 се родени: режисерот Франсоа Трифо, режисерот Милош Форман, Елизабет Тејлор, режисерот Андреј Тарковски, Омар Шариф, Анук Еме, Питер О'Тул, режисерот Душан Макавејев и други.

Починале некои од раните филмски ѕвезди, никој попознат.

На филм дебитирале: Ингрид Бергман, Кетрин Хепберн, Дејвид Нивен, Ширли Темпл и многу други.

1788112756429.png

1788112804075.png

Листа со сите филмови номинирани за петтите Оскари: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/5th-academy-awards-oscars-1933/
 
Како по обичај, овие рани години на кинематографијата не носат голем интерес, па така и ова патување во 1932 помина со 0 гледани филмови. Но, шоуто мора да продолжи, па одиме понатаму, сепак:

1789316756318.png

За 60 патување одиме во 1985!

Патување 60: 1985 - 14-27.09.2026

Годината на Live Aid хуманитарниот концерт на Боб Гелдоф на Вембли во Лондон и JFK во Филаделфија. Годината на лансирањето на првото Nintendo на пазарот во САД. Силниот земјотрес во Мексико одзеде 45 000 жители. Во СССР на власт дојде Михаил Горбачов, означувајќи го почетокот на „перестројката“.

Во светот на филмот се смета за неуспешна филмска година. И покрај фактот што се снимени, до тогаш, рекорден број на филмови, малку од нив успеале на бокс офисот. Индустријата проблемот го барала во немањето оригинален креативен концепт. Фантастичните и филмовите со магија пропаднале зашто публиката повеќе се ориентирала кон научната фантастика. Само Back to the Future и Rambo: First Blood Part II биле успешни блокбастери.

Во таа година, Златна палма во Кан освојува тогаш „нашиот“, „Otac na službenom putu“ на Кустурица.

1789317366572.png

1789317404267.png

Листа со сите филмови номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/58th-academy-awards-oscars-1986/
 
Вообичаено не пишувам многу за годините, но ова е една од најдобрите од таа декада. Враќање во иднината, Д Гуниес (еден од најдобрите детски авантуристички филмови кој не ви е гледан!), Клу, Кошмар на улицата на брестовите 2 и уште неколку хорорчиња и научно-фантастични филмови од Б категорија. :love:

1. Friday the 13th: The new beginning (1985)

Не сум голем фан на оваа франшиза, еден од најлошите филмови кои сум ги гледал е кога Џејсон оди во иднината, баш ништо од филм, но кога се враќаме назад на корените, во 80тите, ова се класични слешери.

Приказната е ваква: длабока шума со езеро, неколку млади парови, секс, се појавува Џејсон ги убива еден по еден, се додека на крајот не останат еден или двајца. Толку.

Овој филм доби 3/5 затоа што Џејсон е само култ, нема натприродно дејствие каде Џејсон необјасниво се враќа од мртвите, а во претходниот дел добива мачета во глава или е удавен. Тука приказната е нешто налик првиот дел, каде имаме класичен сериски убиец со внатрешен порив.

Се сеќавам како дете, кога со дедо ми ги гледав овие филмови. Кога ќе се појава голотии, ми ги покриваше очите! Кога имаше колење и крвоици, слободно гледај си. Двојни стандарди. Се борев како лав да ѕирнам. :D Инаку, убедливо најдобри :цицки: има во претходниот дел.

3/5
 
2. The stuff (1985)

Хорор од Б категорија кој предолго ми стоеше на листата за гледање. Сличен на The Blob, само тука супстанцата се конзумира преку сладок десерт, каде после секој залак човекот станува се позависен од него. Тој станува и дел од колектив кој постапува по дејство на супстанцата.

Не го гледаме оригиналниот извор на супстанцата, технички во филмот го има, извира од самата земја. Но не се знае нејзиното потекло, дали е природно, или е од некој друг свет.

Филмот започнува вака: си оди маж по улица, гледа како од почвата извира бела точност, го пика прстот во земјата, а потоа си го пика во устата! Интересен инстинкт. Па уште убедуваше друг маж да го проба, и да, овој зема од неговиот прст и пробува! :D

Глумата беше лошичка, специјалните ефекти, од 80тите, не беа така лоши. 2/5
 
Командос со Arnold Schwarzenegger, rae dawn chong, alyssa milano


Џон Матрикс е пензиониран офицер на специјалните сили.
Криминалци ја киднапираат неговата ќерка Џени.
Планот им е да го принудат Матрикс да убие демократски избран латиноамерикански претседател,
Сепак, Матрикс тргнува да ја ослободи Џени, а му помага стјуардесата Синди, која ја запознал случајно.
Филмот беше многу популарен и оствари одлична заработка, а Шварценегер стана најголемата акциона ѕвезда на своето време, кој секогаш имаше добро чувство за хумор, дури и самоиронија.

9/10

Понатаму ...

Zlatikevichius​

добро што ме потсети на coccon (Кожурец)... го ставив во распоред за повторно гледање, заслужува оцена 10/10

 
Последно уредено:
60. 1985

1. The Goonies

IMG_9633.jpeg

Во Гун Докс, мал крајбрежен град во Орегон, семејствата се соочуваат со иселување поради изградба на голф-игралиште. Група деца познати како „Goonies“ пронаоѓаат стара мапа која води до легендарното богатство на пиратот Едноок Вили. Тие тргнуваат во потрага по богатството за да ги спасат своите домови, но по нив тргнува опасното семејство Фратели.

Сакав во ова неделно попладне да си пуштам некој ларж филм и да си одмарам. Мислев дека ова е прсвиот филм, ама само во почетокот. После стана обичен кринџ детски филм. И останав разочаран. Ништо.

2.5/5

2. Clue
IMG_9634.jpeg

Седум гости, батлер и слугинка се собираат во мистериозна куќa, каде што се откриваат нивните тајни и меѓусебни врски. Уценувачот Мистер Боди им дава оружје и ги принудува да го убијат батлерот за да ги заштитат своите тајни. Кога започнуваат низа убиства, сите стануваат осомничени во хаотична мешавина од лаги, мистерија и црн хумор.

Е ова е филмот што го барав за ова попладне. Мистерија, трилер, хумор. Интересно сценарио. Интересен заплетен крај.

4/5
 
3. Once bitten (1985)

Еден од раните филмови на Кери, тинејџерски хорор-комедија, со вампири. Нема некоја порака во филмот, онака, за забава, за поминување на време. Дури и комедијата во филмот беше мека, блага, беше вметната колку да не биде класичен хорор. И хорор елементите беа умерени, до последните 20 минути од филмот и гледаме некоја класична драма, како грофицата го лови младиот Марк, а неговите другари се обидуваат нешто, било што, да плеснат.

Лорен Хатон и на тие години била доста држача. 2/5
 
Година на многу филмови, и тоа одлични.

1. The Breakfast Club (1985)

Го гледам по еднаш секоја година, ме враќа во едно поубаво време, тинејџ драма/комедија, никогаш не разочарува. 10/10

2. Fright Night (1985)

Веќе има и нова верзија, до 2011, можеби подобра за помлада публика. Лично го претпочитам оригиналот, евтина хорор комедија, со ефекти да не смее да ја гледа епилептичар. му давам 5.5/10.
 
Mata Hari .... 7/10
со Силвија Кристел


Силвија Кристел ја игра озлогласената Мата Хари, егзотична танчерка која станала шпионка, во приказна што го следи нејзиното влегување во светот на шпионажата, прво за Германија, а потоа и за Франција.

Легендарна и наводно двојна агентка, таа всушност била прекрасна танчерка и голем авторитет за древните сексуални ритуали на мистичниот Исток, кои ги изведувала како забавувачка на турнеја.
Преку нејзините наивни озборувања и флертувања, таа ненамерно се заплеткала во шпионажа и работи надвор од нејзина контрола.
Поради нејзините недискреции, Мата Хари била избрана за жртвено јагне од Французите на крајот од војната и застрелана како предавник.
 
4. Lifeforce (1985)

Научна фантастика, со хорор елементи, таму на крајот кога доаѓа до зомби апокалипса. Си играш земја домаќин, наоѓаш човеколики суштества, ги носиш дома и започнува приказната за тоа како ја заземаат планетата. Човек по човек. Душа по душа.

Мора да се посвети некоја реченица и за слонот во просторијата- Матилда Меј. Никад чуо, ја видов на Летер кога го логирав филмот, ама...пола филм го помина како од мајка родена. Оди со темпо It follows, чекор по чекор, никаде не се брза. Го фатиле секој кадар. Цицки на годината. Се пријавувам како доброволец да им го закачам златниот медал. :love:

Иако бев многу дефокусиран на одредени сцени, специјалните ефекети беа 10/10, сепак се работи и за средните 80ти години од минатиот век. Како приказна, не беше лоша, има кулминација, нема некој заплет. Со тоа ни расплет. Права линија, не се знае како ќе заврши, но се знае во која насока ќе се движи. Главното прашање беше дали можат да бидат сопрени и дали приказната ќе има среќен крај? 4/5
 
113. The Goonies - Richard Donner (1985)

1790431387038.png

Филмов гледан, како мал, ама не ми беше логиран зашто од 2009, кога почнав да ги внесувам оценките, наваму, не сум го гледал. Не се сеќавам дека нешто сум бил многу импресиониран како дете, не ме воодушеви ни сега. Го гледав пред една недела и веќе е избледен од меморијата, само знам дека ми беше премногу goofy и на моменти за многу facepalms. Негативците многу наивно прикажани, ептен се гледа дека е филм наменет за деца, зашто не верувам дека на возрасен ова би му оставило којзнае каков впечаток. Само 7/10 му дадов, иако можеше и 6.
 
114. Fandango - Kevin Reynolds (1985)

1790490972155.png

Не знам како сум го испуштил овој филм кога во една друга тема гледавме road trip movies. Класичен пример за таков филм. Петмина пријатели, дипломци на Универзитетот во Тексас, одлучуваат да одат на последниот road trip по факултетот, пред животот да ги однесе на различни места како Виетнам, брак и сл. Цел филм е тоа - нивното патување и глупостите што ги прават. Најинтересен е делот кога го убедуваат (не знам како) најразумниот од сите петмина да скокне со падобран од авионот на еден хипик. Се ќе беше ОК, да не го земеше овој наместо ранцот со падобранот, ранецот со валканите алишта на девојката на хипикот. :pos: И крајот на филмот, кога на едниот од петмината му приредуваат свадбен прием и цела свадба со девојката која ја сакаат двајцата, без да имаат ебана пара во џеб. Се со измама во едно малечко гратче во Тексас.

Ова е еден од оние филмови кои немаат поента, кои се случуваат пред тебе, се е реално, забавно, смешно, ама на крај те оставаат тажен зашто знаеш дека се тоа завршило поинаку. Филм кој е ода за младоста, химна на безгрижноста и манифест за пријателството. Онака кога го гледаш - ништо спакувано во само 90 минути, ама толку моќно делува на крај. Овде обратно од претходниот, се мислев за 6, ама ќе добие 7/10.
 
Дури 12 филма изгледавме од 1985 и тоа дури петмина гледаа, што не памтам кога последен пат се случило. @YoucancallmeV - добре дојде во времепловот.

По 60 патувања, вака изгледаат ранк листите:

Најмногу гледани филмови:

1. јас - 115
2. @PloTwist - 108
3. @ComfortablyNumb - 102
4. @Џонтра Волта - 66
5. @Варвара - 35
6. @frizider - 21
7. @JBTgirl - 19
8. @***king*** - 9
9. @YoucancallmeV - 2
9. @Хоуп - 2
10. @wot - 1

Најдарежливи со оценките:

1. @JBTgirl - 8.58
2. @wot - 8.00
3. @YoucancallmeV - 7.75
4. @Хоуп - 7.50
5. @***king*** - 7.22
6. јас - 7.06
7. @ComfortablyNumb - 6.99
8. @frizider - 6.71
9. @Варвара - 6.63
10. @Џонтра Волта - 6.48
11. @PloTwist - 6.11

Најдобро оценети години:

1. 1978 - 9,50
2. 1957 - 8,25
3. 1937 - 8,00
4. 2023 - 7,90
5. 1982 - 7,78

Најлошо оценети години:

58. 1987 - 5,25
59. 1948 - 5,20
60. 1933 - 5,13
61. 1929 - 4,33
62. 1964 - 4,20
 
1790545523579.png

Патување 61: 2011 - 28.09-11.10.2026

Годината на арапската пролет - Големи протести и политички промени се случија во земјите од Блискиот Исток и Северна Африка. Основачот на компанијата „Епл“, Стив Џобс, почина на 5 октомври во 56-тата година од животот. Лидерот на терористичката организација Ал Каеда, Осама Бин Ладен, беше убиен во мај од страна на американските сили. Либискиот диктатор Муамар Гадафи беше убиен во октомври. Земјотрес и цунами во источна Јапонија убиваат преку 20 000 луѓе. Терористот Андерс Брејвик уби 77 млади луѓе во Норвешка. Во светот на компјутерите и видео игрите - се појави Minecraft.

Од светот на филмот и поп културата, во 2011 се простивме од: Елизабет Тејлор, Сидни Луме и многу други. Се родиле сигурно многу идни филмски ѕвезди за кои допрва ќе дознаеме. А на филм прв пат се појавиле: Јура Борисов, Џон Бојега, Елизабет Дебицки, Мишел Докери, Адам Драјвер, Таиса Фармига, Клер Фој, Мајкл Гандолфини, Џулија Гарнер, Бери Киоган, Дилан О'Брајен, Елизабет Олсен, Кејти Пери, Ренате Реинсве и многу други.

1790546483797.png

1790546553326.png
1790546640278.png

Листа со сите филмови номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/84th-academy-awards-oscars-2012/
 
Заборавив, најважното: во 2011 @Zlatikevichius се роди на Кајгана форум. :P

Еј, друго ми беше муабетот - од оваа 2011 година е еден филм за кој се кршеа копја тука многу кога дојдов на форумов. Мало инди филмче е и голема е веројатноста да го испуштите ако не ви го посочам, па затоа, ако го немате гледано, гледајте го Another Earth, и баш ме интересира вашето мислење, години потоа. (А верувам и @wot и @Io Sono Interista ќе ги интересира. :P)
 
Back
На врв Bottom