Darling
High Value
Парите што ќе се намалат од плати за администрација еден ден кога се ќе биде дигитализирано, пак ќе треба да се распределат на повеќе фондови, и на крај да, ќе можеш макс 5 сестри повеќе да вработиш или да купиш Магнетна Резонанца.Со сечење, лепење и монтирање на секои 20 години нема да се реши албанизацијата на Македонија. Нема потреба од 80 и нешто општини, кога од година во година имаш се помалку и помалку народ. Нема потреба од министерства чија улога не е во функционирањето на државата. Општините треба да бидат живата материја која ќе се бори за инвестиции, за капитал, затоа имаат одврзани раце за самостојно играње со даночните стапки на локалните даноци. Мислат на донации и маркици за згради.
Имаш 5.000 помалку првачиња, а иста бројка на просветни работници. Тука не се зема предвид бројката на ученици кои во текот на образовниот процес, со своите родители, ја напуштаат оваа држава. Имаш, пак, помалку граѓани, а горе-доле иста бројка на административни службеници, па и џандари.
Нешто од нешто ќе се среди, но од некаде ќе се започне. Оваа влада имаше неколку одлични проекти, Безбеден град, кој треба да стави крај на безредието во сообраќајот и сега со реформата или законските измени во однос на боледувањата, каде треба да се стегне уште еден вентил. И ова е чекор.
Треба да се среди и судството, со реформа, секој ден рочишта по еден предмет, само така ќе се врати довербата во судството. Пресуда за најмногу една година од започнување на постапката, а не после 5-6 сеуште да сме во судските лавиринти. И приватизација на затворските комплекси со надзор од страна на полициски службеници. Ќе плаќаат данок, вака се општествен трошок, издржуваш општествен претставник. Дури и да сака да работи, % од платата кој оди за затворот е помал од издршката.
И национализација на златото од рудниците. Тоа е државен ресурс и треба да оди во државната резерва.
Пари за доктори и сестри има, само лошо се распределени.![]()
Никој не плаѓа бесплатно здравство во светот, оние со најдобро плаќаат највеќе.

