Како бе нема критериум, илјада пати е кажано кои се критериумите според кои гласаат новинарите:
1. Индивидуален перформанс и решителност
2. Тимски успех и освоени титули
3. Фер плеј
Играчот треба да има комбинација од сите критериуми, не може да освои златна топка само со stat pad против отепани екипи и без никаков успех. Ако е така ќе треба да се одбере играч од некоја фармерска лига каде си билда статистики против отепани екипи. Според мене логично е играчот да има тимски успеси, а не само stat pad против земјоделци.
Од друга страна не може да се гледа само освоени титули, не може играч да добие златна топка само затоа што играл во јака екипа/репрезентација како кога пред неколку години некои бараа Жоргињо да добие златна топка

или Дани Карвахал 2024, а сега гледам дека и братот Фабиан Руиз смета дека имал шанси за златна топка.
Затоа и мислам дека новинарите ќе избираат помеѓу Кејн и Јамал, едниот имаше подобар индивидуален перформанс, другиот има повеќе титули (да не забораваме дека СП најмногу го ценат), а ништо чудно пак да добие Дембеле или Кварацкелија, иако јас лично повеќе би преферирал да добие Кејн.