Дека никаде дипломатски не не фермаат ни за сува слива е факт. Тоа не е случај само со оваа власт ами и со сите претходни. Секако дека, освен може би во Албанија, не можеме да очекуваме црвен тепих, построена гарда, воен оркестар, првата дама со цвеќиња... И во случајов тоа воопшто не е проблемот, можеа мицика и тимчо да отидат и да си кажат, имавме средба со тој и тој заменик на заменикот на помошникот, разговаравме тоа и тоа и се е ок. Циркузот е во очајниот обид медиумски да си дадат на значење, да си направат реклама демек имале средба со Рубио, да направат театар како тие се големи и почитувани дипломати, да продаваат овде пуфки за голема дипломатска офанзива..... а очигледно е дека монти пајтовци го демнеле Рубио по ходници, чекале да му се примоча за да се сликаат со него и очигледно е дека немало никаква средба. Го начекале во ходникот и го задржале цели две минути и триесет секунди. Една минута да се поздрават сите, една минута да се сликаат, остануваат 30 секунди за дипломатија, по 15 за нашите и 15 за Рубио. Јас тука не гледам никаква средба, не гледам ништо што треба да се пренесе низ медиумите. Убеден сум дека денес да го прашаат, Рубио воопшто и нема да се сеќава на тоа дека се поздравил со нашиве во ходникот одејќи накај тоалетот.