Да пишеме и ние еден извештај од вчера.
РК Мелсунген-РК Вардар 20:45 10.09.2026(четврток).
Веќе досадно станува во Касел, три по ред таму ги играме како дома.
И покрај лошиот термин бројка исто како и предходниот пат, иако доста луѓе од Задграничен се во Скопје или на одмор.
Како и да е, собир како и предходно 2 часа пред почетокот во парк во близина на салата каде што се игра. Таму дружба со браќата од Војводи и УГЕ, како и со неколку членови тука од форумов и докажани Вардарци, голем поздрав до нив.
Со кортео кон сала, песна и пиро ја најавивме нашата доминација.
Иако очекувавме на почетокот полна сала, сепак нешто слично како предходниот пат, ако не и помалку публика. Очигледно е дека на германскиве екипи натпреварувањата на ехф им се ко на нас Струга Купот, а се загреани за сопствената лига.
Како и да е, да не должам многу, навивање доста добро, мегафон,тапан, ограда, се како што треба и личи. Парола за Свињенко и краток поздрав за да го чујат и нашиот глас од тука и после тоа без престан грмење за Вардар.
Подоле неколку слики и видео извештај.
Видео извештај од вчерашниот натпревар!
www.facebook.com



