Џонка не би рекол не се ништо посебно Охрид и дека не се појаки, добија многу сезонава, Мате му е доста клучен играч, точно е дека е стаклен, ама за нашата лига е класа, на турнирот беше и мвп избран, Кеита крилото исто супер избор, плус ги задржаја Анте Иванковиќ и Стрмљан од лани, гркот брка доста работа, Џукиќ алипното за наша лига секогаш дава максимум, голманот Славиќ супер се покажа, плус Ивановски го вратија, ако ја има формата од Алкалоид ќе прај проблеми, плус дел од нашите македонски играчи шо ги задржаја....
Точно дека многу летат во облаци со свинчето после двете трофејчиња со важност колку ланскиот снег, ама дека склопија екипа не е спорно, има државни пари и таму е се пуштени на макс, после то ќе бидат ала РК Бутел ниво.
За 1961, новајлиите скоро како кај нас, од петни жили треба да вложат напот да изборат место пред останатите, искрено не ги пратев ич, ама тие 2 порази од Охрид не мора да значат ништо, друга песна ќе е во лигата, можно и први фаворити за титула, костурот задржан, надополнети со Фадуил кој искрено не знам дали би добил шанса за пред Малус да игра, дури и за Љевар истото го мислам, бразилецот му е доста подобар, на десен бек добија со Абделхак плус со Митровиќ кој е со бубачки во глата, се ок покриени, крилата и на пикер се исти ако не се лажам
Кај Алкалоид прв пат во нивната историја со 4-5 странци, претежно беа со мак.играчи, сега надополнети со Цехте, Вуко, Урош, Сухолежник плус Тордарсон од лани (топ крило реално) браќата Митеви, Симба, крилото Аце Петковски (ептен овај сакам да го видам во Пелистер), ама кај овие ако не му тргни на голманите особено на Галец, ќе јадат тапан како од Партизан, се ќе се врти околу голманската двојка.....
За нас пак ќе речам, многу е добро шо влегваме како аутсајдери против сите и притисокот е кај нив сега, ние ништо не губиме, имаме само најголемо засилување на тренерска позиција !
Но останува да видиме, од викендот па натаму како ќе се одвиваат настаните.....