Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Тој ги активирал неговите, овие другиве со лидерот морнар ги активирал контра.
За ова треба да се изјаснат економски, технички, можност, придобивки, последици по екосистем или не и многу битна ставка економски за граѓаните, кој ќе ја плати сметката за мешана скара за 100 особи. Со оглед на тоа што сме длабоко увозна земја на сите енергенси, а и водите нешто посевно од јули до септември ни се крш, дали цената на струјата ќе ја доплаќаме ние, дали фирмите, дали водата е доволна со оглед на тоа што најголем дел од Македонија е сушна и без можност за наводнување (Пример Џумајлија која е сега делена на парцели, а која оној индијанецот сакаше да ја промовира во Тексас, од 6000ха, 2/3 се сушни, без можност за наводнување). А сакате домашно земјоделство. Епа нема, водата посебно за земјоделецот е скап и ограничен ресурс. Во ексју земјоделието учествувало со 25% од бдп. Сега е под 9% негде.
Ама као партиски членови на некоја од партиите кои имаат бенефит во тендер, вработување или неукост, сметаат како 2-3 овчари кажат, така мора сите да тераат.
Али не се поштува воопшто мислењето и јавните приговори на стручната фела (општо познато кај нас, градоначалници и премиери све знаат).
Еве еден пример како се размислува и земаат предвид сите факти (од лице со технички и ПМФ факултети.
ДАТА-ЦЕНТРИТЕ НЕ СЕ САМО ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА – ТИЕ СЕ И ЕКОЛОШКО ПРАШАЊЕ
Дата-центрите се неопходна инфраструктура на современата дигитална економија, но нивниот развој има и значаен енергетски, воден и климатски отпечаток. Тие работат 24/7 и трошат огромни количества електрична енергија. За ладење на серверите може да се користат значителни количества вода, а електричната енергија, зависно од нејзиниот извор, создава и значаен индиректен јаглероден отпечаток.
Но влијанието не завршува тука.
Тука се и:
• огромната потрошувачка на електрична енергија
• потрошувачката на вода за ладење
• отпадната топлина
• емисиите на CO₂
• резервните дизел-генератори
• UPS системите и батериите
• електронскиот отпад
• земјишниот и инфраструктурниот отпечаток.
Затоа прашањето не треба да биде: Дали дата-центарот загадува?
Туку:Колкав е неговиот вкупен енергетски, воден, климатски и материјален отпечаток и дали конкретната локација може одржливо да го поднесе тој товар?
ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВЕЌЕ ПОСТАВУВА НОВИ ПРАВИЛА
ЕУ веќе има воспоставена рамка за големите дата-центри.
Со Директивата (EU) 2023/1791 за енергетска ефикасност и Регулативата (EU) 2024/1364 се воведуваат барања за мерење и известување на енергетските и одржливите перформанси на дата-центрите со најмалку 500 kW IT моќност.
Се следат показатели како:
• PUE – енергетска ефикасност
• WUE – ефикасност на користење вода
• потрошувачка на електрична енергија
• обновлива енергија
• потрошувачка на вода
• отпадна топлина
• системи за ладење
• одржливост на инфраструктурата.
А ЕУ оди и чекор понатаму.
Во 2026–2027 година се надградува европската рамка со EU-wide rating scheme, sustainability labels и работа на можни минимални европски стандарди за енергетските перформанси на дата-центрите.
Тоа значи дека иднината не е само: Колку е моќен дата-центарот?
Туку:
• Колку е енергетски и водно ефикасен?
• Колку CO₂ создава?
• Колку вода троши?
• Колку отпадна топлина повторно користи?
• Колку е отпорен на суши и топлотни бранови?
• Какво влијание има врз електроенергетската мрежа?
А ШТО ПРАВИ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА?
Ако сакаме да привлекуваме големи дата-центри, треба да размислуваме пред нивната изградба, а не откако ќе станат проблем. За големите дата-центри треба да се воведе систем на еколошко-енергетска проценка на локацијата, кој ќе утврди:
• дали електроенергетската мрежа има доволен капацитет;
• дали водниот ресурс е доволен и одржлив;
• како објектот ќе функционира при топлотни бранови и суши;
• каков ќе биде неговиот јаглероден отпечаток;
• дали отпадната топлина може да се искористи;
• како ќе се управува со батериите и електронскиот отпад;
• какви емисии ќе создаваат резервните генератори.
И ова треба да биде дел од ОВЖС, проектната документација и условите за работа, а не само доброволна изјава на инвеститорот дека објектот е „зелен“.
НАЈВАЖНО: Дата-центарот не треба да се одобрува само затоа што носи инвестиција.
Треба да се докаже дека конкретната локација може да го поднесе неговиот: ЕНЕРГЕТСКИ + ВОДЕН + КЛИМАТСКИ + ИНФРАСТРУКТУРЕН + ЕКОЛОШКИ ТОВАР.
ПРВО СЕ УТВРДУВА НОСИВОСТА НА ЛОКАЦИЈАТА. ПОТОА СЕ ОДОБРУВА ДАТА-ЦЕНТАРОТ.
Не обратно.
или од професор од Технички факултет

и не споредувајте Тексаси, Кини, Индии. Тие се 0.5 или 0.005 или 100% независни (као Тексас што беше споменат).
дали инвеститорите ќе ни ги испарат реките во лето (водено ладење) или ќе ни ја потрошат струјата за вентилатори (суво ладење).
Според инженерите, во Македонија веќе имало центри за податоци (од разни причини, меѓу кои и безбедносни), но нивната вкупна моќност е 5-10 MW. А владата најавува хиперцентри со огромна моќност.
Нам интернетот и струјата сега ни паќаат ко крушки, не па со таква моќност од час. И не, се оди за извоз па и наводната заработка од тие центри преку дедевето џанам.

Малце реалност не е на одмет, да се слушне и оној кој тоа го знае и изучува-електрика и води. Јас барем од аспект на растенија и животни кои сум ги изучувал, ќе кажам штетни се.
Еве што прави Европа, ако до толку сакате да се споредувате со европски држави, оти видоа и тие дека имаат проблем со ресурсите
И никако да дадат информации кој ќе ја плати новата инфраструктура, кој и од каде ќе обезбеди моќност доволна за населението (кое и сега кубури со рек битола како најголем произведувач на струја во МК).
Ништо, само напади од едните кон другите и обратно. Абе штала да прај па ти треба елаборат и финансиска конструкција не па ова.
Е значи никако човек да ви погоди ;)
Замисли само,
седнуеш и си нарачуеш кафе и млеко или пи'ф'о од датацентарот и само за секунда ги имаш на екранот, шо фали на тоа?

Ако пак не ви се “допајџа“ можеме повторно да се посветиме на магарињата да ги учиме да летаат!
Само да сме мрчеле, пих, глуп народ. Све ни дават на тацна па и кафе (на екран) :pos:

или да продужиме со "скопскиот воз" на Рексона околу Скопје кој ќе не носел до работа.
 
Ликот на Абдулхеј бил инспириран од Влатко Ѓорчев....:D

Баш ме интересира овај режисерот, од кои се други ликови се инспирирал од нашево политичко поднебје..
Мијалков си е исти Мемати. Со заводничкиот поглед, нели @Aceso?
 
Градоначалник, кога нови автобуси, а? Требаше до НГ, па до јуни. Сега кога, додека испоизгориме и во онака ретките автобуси?
Кога ќе ги тргнете дивите животни од улица. Кога пак градот ќе мириса на шампон?
А, да, побитни се маркиците и тендерите. Данела е сеуште виновна. И Пенов.
 
Тој ги активирал неговите, овие другиве со лидерот морнар ги активирал контра.
За ова треба да се изјаснат економски, технички, можност, придобивки, последици по екосистем или не и многу битна ставка економски за граѓаните, кој ќе ја плати сметката за мешана скара за 100 особи. Со оглед на тоа што сме длабоко увозна земја на сите енергенси, а и водите нешто посевно од јули до септември ни се крш, дали цената на струјата ќе ја доплаќаме ние, дали фирмите, дали водата е доволна со оглед на тоа што најголем дел од Македонија е сушна и без можност за наводнување (Пример Џумајлија која е сега делена на парцели, а која оној индијанецот сакаше да ја промовира во Тексас, од 6000ха, 2/3 се сушни, без можност за наводнување). А сакате домашно земјоделство. Епа нема, водата посебно за земјоделецот е скап и ограничен ресурс. Во ексју земјоделието учествувало со 25% од бдп. Сега е под 9% негде.
Ама као партиски членови на некоја од партиите кои имаат бенефит во тендер, вработување или неукост, сметаат како 2-3 овчари кажат, така мора сите да тераат.
Али не се поштува воопшто мислењето и јавните приговори на стручната фела (општо познато кај нас, градоначалници и премиери све знаат).
Еве еден пример како се размислува и земаат предвид сите факти (од лице со технички и ПМФ факултети.

или од професор од Технички факултет

и не споредувајте Тексаси, Кини, Индии. Тие се 0.5 или 0.005 или 100% независни (као Тексас што беше споменат).
дали инвеститорите ќе ни ги испарат реките во лето (водено ладење) или ќе ни ја потрошат струјата за вентилатори (суво ладење).
Според инженерите, во Македонија веќе имало центри за податоци (од разни причини, меѓу кои и безбедносни), но нивната вкупна моќност е 5-10 MW. А владата најавува хиперцентри со огромна моќност.
Нам интернетот и струјата сега ни паќаат ко крушки, не па со таква моќност од час. И не, се оди за извоз па и наводната заработка од тие центри преку дедевето џанам.

Малце реалност не е на одмет, да се слушне и оној кој тоа го знае и изучува-електрика и води. Јас барем од аспект на растенија и животни кои сум ги изучувал, ќе кажам штетни се.
Еве што прави Европа, ако до толку сакате да се споредувате со европски држави, оти видоа и тие дека имаат проблем со ресурсите
И никако да дадат информации кој ќе ја плати новата инфраструктура, кој и од каде ќе обезбеди моќност доволна за населението (кое и сега кубури со рек битола како најголем произведувач на струја во МК).
Ништо, само напади од едните кон другите и обратно. Абе штала да прај па ти треба елаборат и финансиска конструкција не па ова.

Само да сме мрчеле, пих, глуп народ. Све ни дават на тацна па и кафе (на екран) :pos:

или да продужиме со "скопскиот воз" на Рексона околу Скопје кој ќе не носел до работа.

Овој Дејан експерт на секоја тема :kafence:
 
Тој е професор во оваа област, тоа му е занает. И другите инжењери алармираат за проблемите и транспарентност нула ама ќути си, пуши си. Кога ќе го осетиш по кој пат поскапувањето на струја, земјоделски и прехрамбени производи, насмеј се и заблагодари му се на вождот.
 
:D
Само уште не го здоболе од тоа што е Македонец по татко.
Македонски Изрод и денес самомрзечки србин, вонземјанин:LOL: (благонадежен блгаробалист)
Прегледај го приврзокот 486155
Прегледај го приврзокот 486156

Нема поодвратна, погрда, погрозна, полигава гнида од Борјан Јовановски
 
Бугари су ушли у бихачка :pos:
Либерали, невладини, хуманитарни организации со дрва и камења за србите, но кога Заев правеше опен балкан и причаше југословенско есперанто беа мамара.
По жизофрена политичка сцена нема во светот од нашата, највиновна за тоа е еу што уште ја брани бугарија и албанското малцинство.
7163.jpg
Сонувам за денот кога Македонија ќе стане држава а не поле за соседско мешање, каде што малцинствата повеќе ќе немаат глас во политиката за антимакедонски дејства, на мулти глупостите мора да се стави крај.
 
Последно уредено:
Убаво е да се напомене дека тие имаат право да ја извезуваат струјата односно да продаваат на тој што ке плати повеќе
Исто битно е дали дата центарот ке трошо 100% увозна струја зашто ако трошат од нашата ние ке станеме уште повеќе зависни од убоз на енергија што на крајот ние ке ја плаќаме поскапо
Со превари од политичари нормално очекувам дека ке биде направено на штета на народот
Нема тука наша-ваша струја, тие си набавуваат индустриска струја на слободен пазар и договори со директни производители. Таа "нашата" струја си е на регулиран пазар, субвенционирана и ЕСМ има законска обрврска прво нас да ни ја обезбеди. Допирна точка немаат дата центрите со таа струја.

Едино нешто што е дискутабилно е капацитетот на мрежата, ама па никој не ти инвестира во така важна и критична инфраструктура за една компанија, ако не се исполнети сите услови. Нема тука простор за импровизирање или оставање на случајност. Како што кажав и претходно, не е ова приклучи го кабелот во штекер и дата центар ќе си играме. Еден куп студии, анализи, договори и гаранции ќе има пред да се изгради нешто.

Плус, цел нов сектор ќе се креира, нов екосистем кој ќе стимулира домашни и странски инвестиции во обновливи извори на енергија како ветерниот парк кај Штип. Ќе ја поттикне државата повеќе да вложува во слични капитални проекти, инфраструктура и сл. Моментално се прави физибилити студија за Чебрен и Галиште, па да се надеваме дека државата ќе собере мадиња да почне да го гради тој проект. Така да, струјата нема да е никаков проблем, проблемот е дали ќе дојде некој да гради кај нас.
 
:D
Само уште не го здоболе од тоа што е Македонец по татко.
Македонски Изрод и денес самомрзечки србин, вонземјанин:LOL: (благонадежен блгаробалист)
Прегледај го приврзокот 486155
Прегледај го приврзокот 486156
епаааа ги оставија сите шарени куртони што напраја државен удар и сега ги серат нормално......ќе им текне на наредни избори ко ќе имаат 20 пратеници помалце.
 
Тој е професор во оваа област, тоа му е занает. И другите инжењери алармираат за проблемите и транспарентност нула ама ќути си, пуши си. Кога ќе го осетиш по кој пат поскапувањето на струја, земјоделски и прехрамбени производи, насмеј се и заблагодари му се на вождот.
У која област? Човекот е експерт во се, од медицина до аи, до енергетика. Која му е струката?
Автоматски споено мислење:

Нема тука наша-ваша струја, тие си набавуваат индустриска струја на слободен пазар и договори со директни производители. Таа "нашата" струја си е на регулиран пазар, субвенционирана и ЕСМ има законска обрврска прво нас да ни ја обезбеди. Допирна точка немаат дата центрите со таа струја.

Едино нешто што е дискутабилно е капацитетот на мрежата, ама па никој не ти инвестира во така важна и критична инфраструктура за една компанија, ако не се исполнети сите услови. Нема тука простор за импровизирање или оставање на случајност. Како што кажав и претходно, не е ова приклучи го кабелот во штекер и дата центар ќе си играме. Еден куп студии, анализи, договори и гаранции ќе има пред да се изгради нешто.

Плус, цел нов сектор ќе се креира, нов екосистем кој ќе стимулира домашни и странски инвестиции во обновливи извори на енергија како ветерниот парк кај Штип. Ќе ја поттикне државата повеќе да вложува во слични капитални проекти, инфраструктура и сл. Моментално се прави физибилити студија за Чебрен и Галиште, па да се надеваме дека државата ќе собере мадиња да почне да го гради тој проект. Така да, струјата нема да е никаков проблем, проблемот е дали ќе дојде некој да гради кај нас.
Мислам ако државата чекала на дата центар за да ги мотивира за чебрен :D А не фактот што потрошија 300-400 милиони пред некоја година за да пеглаат недостатоци во мрежа.
 
Последно уредено:
У која област? Човекот е експерт во се, од медицина до аи, до енергетика. Која му е струката?
Автоматски споено мислење:

Мислам ако државата чекала на дата центар за да ги мотивира за чебрен :D А не фактот што потрошија 300-400 милиони пред некоја година за да пеглаат недостатоци во мрежа.
Па као сите ние/вие што сне експерти за се. Али ако веќе си се фатил за конкретнава личност, зашто не се фатиш и за другите кои се стручни во областите кои не засегаат?
Или така е полесно, напад је најбоља одбрана ко оно златицана.
Автоматски споено мислење:

Еве ти кажи ми, знаеш што ќе се гради, каде, со што, како? Ќар, зијан, последици непоследици/????
 
Neka go slaknat vo Ohrid, sekako od taa deponijata so go vikat ezero uste data centar nemaat izvadeno :D
А шо имаш ти толку против Охридско Езеро? Кој ми те наполна со такви фрустрации? Или те изеде љубомората шо немаш некое местенце во Охрид шо вреди 120 евра за квадрат?
 
Back
На врв Bottom