Ништо немам симптоми во текот на спиење. Купив applewatch и неколкѕ дена заспивав со него, само вчера гледам дека ми бил 40 прв пат приметив. Нормално кога вежбам ми се качува аѓа брзо се симнува, во текот на денот варира што е нормално. Е вечерта кога ќе легнам ми е околу 50.
... и ако ти покажеше 20 ќе се онесвестеше, а немаш никакви симптоми, не смееш така да зависиш од апарати, од едно мерење, а све нормално, си правиш дополнително проблеми и стресови, па ќе посетиш кардиолог, тек тогаш ќе си создадеш потсвесно, па на крај и вистински проблем, секоја патолошка промена на било кој орган, телото сигнализира, а не така си мерела на часовникот и ајде веднаш упат на кардиолог, не знам како така зависите и живеете во страв, дај опушти се, телото си има механизми за регулација не е робот, некогаш доле некогаш горе, самото ќе се стабилизира, а ако некоја функција на некој орган трокира биди сигурно дека телото ќе алармира!
... не знам зошто таква фама меѓу народот околу тоа - ,,сум носел холтер“, па што? обичен апарат што мери постојано да фати неправилни отчукувања, но и зависи што се прави во тој момент, ако во моментот ми падне лажицата во дел од секунда од нервоза ќе зачука срцето тахикардично, па после х време ако се смири во нормала, тогаш тоа е нормално, не значи дека се има тахикардија, која вредност на отчукување на срцето го имаше во моментот на таа тахикардија?