Како бе шо има врска? На сред трибина постројуваа комити како да е воџа 20 години. Дали секој поединец можи од било која навивачка група да дојди на запад и да глуми шериф?
Тоа се деца што се сами на јужна трибина. На запад може да постројува во соништата само. Знае како поминуваше првата сезона кога влеговме во борба против Миленко. Не смееше да пријде до трибина, беше плукан, гаѓан со се и сешто. Стоеше позади ЕБР и блееше ко мисир, заедно со другарчето негово. Па од далеку мавтаа со прстите.
Типот има функција во клубот, ШЕФ Е НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, не можеш да го нападнеш без последици за тебе. Ќе те прекрши ебр или ќе одговараш кога тогаш.
Најмалку што сака некој во ситуација кога клубот е најмртов во историјата е да попие кривична за гомно како овој.
Тие што го нападнале, го направиле тоа затоа што и они се со грб како него, па свиткал опашка.
Проблемот го опишав во пост во темата за ФК Вардар.
Точно ова се работите од кои навивачката група губи цели генерации.
Немање никаков став за како ќе се делува.
Си дошле децата да навиваат, виделе не се навива (никаде немаше објава за поширока маса), отишле на јужна да пејат.
Ги виделе дека се деца, им ги пратиле мутантите на Миленко и ги избркале.
Ако не биле тие, ќе ги начекале пример Шверцери после утакмица, па ќе имавме некоја срамна епизода ко со свадбарите во Ѓорче.
И утре тие деца веќе нема да одат на Вардар.
Ќе одат на утакници на Ѓорче, Скопје, Горно Лисиче, Илинден итн.
Секогаш страдаат најнаивните. Децата кои им се навива, а не се запознаени со одлуките кои интерно си ги носи групата. Лоша организација, лимбо ситуација и тогаш се случуваат вакви работи.
Ни паѓаат реквизити, фаци ко Денис во минатото глуми шериф на наши деца во маало, Варга ти шамара млади членови, свадбари ти ја бркаат цела младина.
Се' тоа води до разочараност кај оние што се во години кога највеќе им се навива. Одиш на трибина, те шамара некој дибек, групата не те брани, нема реакција. И затоа менуваш трибина и ЦПБ ќе ти извади 100 души на тренинг, Пирати и ѓорчевци ќе ти ги приберат децата итн.
Скопје не е Битола или друг град со една навивачка група, одма нуди други опции во тие млади години.