- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 34.752
- Поени од реакции
- 73.747
Гледам комшиите ќе се офајдат за Савињо 75м фунти + бонуси. Па оваа превара од играч е на ниво на Ентони. Овој да е кај нас 3 години ќе се влече по позајмици. Се нагледавме продажби на просечни играчи за големи суми од страна на Челзи, Ливерпул и Сити низ годините. Гарант се вртат некој шеми со агенти или слично. Само нашиве не се способни да извлечат пари за некој играч.
Koj знае какви се договори се прават надвор од клубовите, за да поминуваат ваквите трансфери. На Педро Нето, 130 милиони евра му лупнале цена Челси за арапиве, а овој е веќе 4-та виолина во нападот. Рајндерс го продадоа повеќе од што го купија, братов преседе на клупа. Прават ујдурма со цената за Савињо, како сумата за Мармуш да биде помала, зошто треба на Ајтрахт да платат дел од профитот. Трафорд го купија, и по 2 утакмици, го донесоа Донарума, и потоа Трафорд, кој цела сезона преседе на клупа, го продадоа за повеќе пари. Сити се убедливо најголемите преваранти во фудбалот.
Си имаат и симулаториве солидна дата и лимити за играчите, не можеш од мртов коњ ко Угарте да направиш Зидан.
