Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Не барај разлики, барај го почетокот на проблемот.
Вака со разликиве кога ми ги кажуваш е малку лицемерно, ко нејќеме партизација, ама порано беше океј.

Проблемот започнал кога Каин го убил брата си Авел заради завист. Не ми кажувај приказни тука. За се во животот има нивоа. Не ни сакаме да има криминал па ајде да се вратиме во добата кога немало никогаш криминал ако не. Чисти глупости.

Нема држава во која немало партизација или непотизам или корупција. Успешни држави се тие кои успеваат да го одржат истото на минимум или барем да не се меша во функционирањето на државата. Од 1991 наваму имаме апсолутно експлозија на партизација, непотизам и некомпетентност под СДС и ДПНЕ. Нема сфера на животот и работа во која не се имаат вградено и не крадат од истата. Затоа и државата се распаѓа како лепрозен на сите страни.
 
Ова не ќе да е баш така. За одредени позиции требало да имаш црвена книшка. И тоа во еднопартиски систем.

Од тоа време и ни потекнува денешниот проблем. Стари навики тешко се искоренуваат.
За директорски и високораководни позиции. Сега и за хигиеничар ќе те прашаат дал си нивни со книшка. Нит моите имале книшка, нит јас или постариот брат, а сме работеле. Постариот сега покоен, беше еден од директорите на една голема и сега фирма. Ни комунист ни бутур.
Да не се лажеме. Од Љубчета наваму посебно, све живо смени 98ма. И хигиеничари и шофери дури.
Хмм, па не би рекол, може на државно ниво се било уредено како што треба но и тогаш има огромни грешки, на пример целиот проблем според мене настанува со набројување на турци и албанци во стариот устав, после ни текна дека тоа е забегано, и тоа им даде после потик на албанците да изиграваат жртви во независна Македонија, јас сум убеден дека вклучување на турците и албанците е српско/бугарско масло на тогашните структури, за да бидат осигурани дека и по евентуален распад на југославија ние Македонците ќе бидеме во заробеништво во сопствената држава, и доста интересно во другите држави каде што имаа исто малцинства набројани како на пример србите во хрватска беа искоренети и од државата и од земјата, кога ќе се додаде дека и хрватскиот јазик е практично српски и никој не го спори а ние при свој јазик кој е автентичен и историски ни го спорат се гледаат двојните стандарди во политиката на еу, хрватите беа опремени до заби да си ја бранат татковината ние требаше од украина да молиме да си купиме, и тогаш ни забранија да ги качиме албанците на трајтори за албанија или косово.
На се ова трева да се додаде дека нато ни даде ветување за време на косовската криза и бегалците дека нема да се прелее и ќе не подржи, толку им значи зборот, и русите арно кажаа за проширувањето на нато кон исток, не излажаа од нато но ние требаше да бараме писмено а не усно ветување.
Сдс лудите го качија бројот на албанците од 16% на 24% и денес истиот број стои, ако веруваме воопшто во пописи на сдс, и тој 2002 и тој 2021 е од нив, затоа прашав, мицко до каде е со пописот.
Кој стар устав? Многу брзо шалташ теми да не може човек да те следи.
Автоматски споено мислење:

Проблемот започнал кога Каин го убил брата си Авел заради завист. Не ми кажувај приказни тука. За се во животот има нивоа. Не ни сакаме да има криминал па ајде да се вратиме во добата кога немало никогаш криминал ако не. Чисти глупости.

Нема држава во која немало партизација или непотизам или корупција. Успешни држави се тие кои успеваат да го одржат истото на минимум или барем да не се меша во функционирањето на државата. Од 1991 наваму имаме апсолутно експлозија на партизација, непотизам и некомпетентност под СДС и ДПНЕ. Нема сфера на животот и работа во која не се имаат вградено и не крадат од истата. Затоа и државата се распаѓа како лепрозен на сите страни.
Повеќе би рекол препораки и успешност неголи партии. Мои колеги по 15-20 години се директори и шефови во одредени институции во скандинавските земји, без оглед кој е на власт.
Овде веќе и за приватно ти бараат книшка, лепак и четка и мафтање барјаци.
 
Последно уредено:
Југоносталгија би рекле тутаблгарите.
И?
Што сакаш да кажеш со ова?

Секој друг од постарите знае дека од средина на 50тите до вмешување на ММФ, Тачер и оној американскион глумец Реган, Керингот и сличните ним како и нивните влади после него, работеа на распад на државата. Од 80тите преку енормно задолжување (ради ФЕД и неговите камати) и уфрлање на разни елементи во ЈУ претседателството и воените структури до вештачки одржувани кризи. За тој период има и докази и документи за планираното распаѓање на државата.
Ете така убаво си кажа, проблемот доаѓа со задолжувањата

За задолжувањата можете да се поклоните на маршалот кој ја донесе западната алијанса на овие простори.
Он е единствениот виновник за тоа што каматашите се толку распространети на балканските простори

Тоа што го збориш за задолжувањата има потекло, само вие комунистите ја барате вината на погрешно место

Рибата смрди цела, ама највише од главата.
Автоматски споено мислење:

Нема држава во која немало партизација или непотизам или корупција. Успешни држави се тие кои успеваат да го одржат истото на минимум или барем да не се меша во функционирањето на државата.
Значи и вие од Левица ако дојдете на власт по тој пат ќе тргнете?

„Малце ние ќе крадеме не многу, нема да осети државата“ :lolzz:

Вие сте исто лицемерни како и останатите, затоа ќе си останете џафкачи и ништо повеќе
 
За директорски и високораководни позиции. Сега и за хигиеничар ќе те прашаат дал си нивни со книшка. Нит моите имале книшка, нит јас или постариот брат, а сме работеле. Постариот сега покоен, беше еден од директорите на една голема и сега фирма. Ни комунист ни бутур.
Да не се лажеме. Од Љубчета наваму посебно, све живо смени 98ма. И хигиеничари и шофери дури.

Кој стар устав? Многу брзо шалташ теми да не може човек да те следи.
Автоматски споено мислење:

Повеќе би рекол препораки и успешност неголи партии. Мои колеги по 15-20 години се директори и шефови во одредени институции во скандинавските земји, без оглед кој е на власт.
Овде веќе и за приватно ти бараат книшка, лепак и четка и мафтање барјаци.
Устав на НР Македонија (1946): Албанците и Турците не се споменати под нивните етнички имиња. Во овој устав се користи општиот термин „национални малцинства“, на кои им се гарантира рамноправност, право на сопствен културен развој и слободна употреба на мајчиниот јазик.
Уставен закон (1953): Исто така ги третира преку општи дефиниции за правата на националните малцинства, без поединечно навдување на етничките групи.
Експлицитното уставно именување на Албанците и Турците во Републиката настанува подоцна, со трансформацијата во СР Македонија (во Уставот од 1963 година преку терминот „народности“, а целосно дефинирани во Уставот од 1974 година).
Тука е предавството

Еу за тебе Шкупи, уриме комуна
3605.jpg
3607.jpg
3606.jpg
 
Прегледај го приврзокот 485462
Прегледај го приврзокот 485463
Прегледај го приврзокот 485464
И што има тоа врска со планираниот и реализиран распад на Југославија и носталгијата по една посредена Македонија?
Автоматски споено мислење:

Прочитај го Уставот на ЦГ.
odluĉnosti da smo kao slobodni i ravnopravni graĊani, pripadnici naroda i nacionalnih
manjina koji žive u Crnoj Gori: Crnogorci, Srbi, Bošnjaci, Albanci, Muslimani, Hrvati i drugi,
privrženi demokratskoj i graĊanskoj Crnoj Gori
Спомнати јазици се
Službeni jezik u Crnoj Gori je crnogorski jezik.
Ćiriliĉno i latiniĉno pismo su ravnopravni.
U službenoj upotrebi su i srpski, bosanski, albanski i hrvatski jezik
и? Отиде ЦГ уште неколку поглавија во ЕУ.
Македонецот има проблем сам со себе.

Еве ти еден навидум наивен, небитен веројатно за тебе, но пример кој многу кажува.
Една улица во должина од 900м се копа и прекопува од февруари и сеуште ни оддалеку не е готова. Докторот способниот кој го гласаа еден куп улици има така оставено низ Ѓорче. Повеќе од поливина година, упс, парица.
И за сите други градоначалници у градов, сегде е хаос.
Епа бато ова немаше да го има тој период за кој ти кажувам. Вака хаотично, прљаво (за другите градови, не знам), несредено, раскопано и така остванео Скопје никогаш не сум видел тој период.

20260710_065341(1).jpg
20260808_185845(1).jpg
20260808_190119(1).jpg
20260808_190502(1).jpg
20260808_190507(1).jpg
Автоматски споено мислење:

И не, таму нема ни албанци ни турци
 
Последно уредено:
Проблемот започнал кога Каин го убил брата си Авел заради завист. Не ми кажувај приказни тука. За се во животот има нивоа. Не ни сакаме да има криминал па ајде да се вратиме во добата кога немало никогаш криминал ако не. Чисти глупости.

Нема држава во која немало партизација или непотизам или корупција. Успешни држави се тие кои успеваат да го одржат истото на минимум или барем да не се меша во функционирањето на државата. Од 1991 наваму имаме апсолутно експлозија на партизација, непотизам и некомпетентност под СДС и ДПНЕ. Нема сфера на животот и работа во која не се имаат вградено и не крадат од истата. Затоа и државата се распаѓа како лепрозен на сите страни.
Од 91 па наваму истите партијаши си се местат, а да не одиме до таму како си го поделија пленот во транзицијата, менталитетот на партија е останат, ако можат големите и некако си го рационализираш тоа, зошто па ти смета чистачката да си се вработува со партија не разбирам?
Ако откопаш малку од површината, уствари си се местат од 45та.
 
Бозо пак е пијан. И тоа не е проблем, јер знаеме дека везден чљока и не знае што збори.
Проблемот е што има такви што му веруваат.

18196.jpg
 
Уште не сфати дека на нас (помладите од вашите генерации) ни смета вашата утепана југоносталгија

Сто пати ти имам пишано за местенката со Ченто и ред други работи, ти одма се браниш со тоа дека он бил грчки слуга.
Истите тие комунисти што ги браниш го направија грчки слуга човекот кој во најголемиот дел од својот живот се борел за настава на македонски јазик во окупираните територии.

Стварно не сте ми јасни вие од комунистички времиња што толку го тупите кога ќе се спомене Југославија
А сме дискутирале катаљарда пати околу ова и за минуси и плусеви од истите, ама пак со истите муабети тераме

Држава не се гради со југословени, бугараши и грчки јаничари.
Кој од кој полош..

Турете им кур на сите, не знам што се јадете меѓу себе околу тоа
Во ред е да ви смета минатото што не го знаете или го знаете од кујни кои имаат за цел да нема Македонци-Македонија.
Мене ми е интересно што не ви смета бугаризацијата, се прашувам зошто!

Добро еве ветувам нема да ги спопмнувам “комунистичките времиња“ и ќе навивам домашниве Црпнати (Црпе, Груки, Мицко, Љубчета балгарчета БЦто и .... како и Трампоња, Маскота, Безоси и.... имааат уште поголем профит оти ова им е малку!!!
задоволен? Да живеат демокративе кои ни донесоа 3 пати на ден порција демократија, да живеат, живеј!!! ;)

По обичај си тераш по своето ти смета минатото, а не ти смета сегашноста и говориш како да се гради држава јебем ли га ако некој може да ве разбере.

Југоносталгија би рекле тутаблгарите.
Секој друг од постарите знае дека од средина на 50тите до вмешување на ММФ, Тачер и оној американскион глумец Реган, Керингот и сличните ним како и нивните влади после него, работеа на распад на државата. Од 80тите преку енормно задолжување (ради ФЕД и неговите камати) и уфрлање на разни елементи во ЈУ претседателството и воените структури до вештачки одржувани кризи. За тој период има и докази и документи за планираното распаѓање на државата.

Тоа не е југоносталгија, тоа е македоносталгија по едно мирно време, без да си член на партија, без да се плашиш ноќно време дека ќе те нападне некој низ Дижонска и зад женски пазар, кога се градеше и напредуваше. Сите сегашни значајни институции беа формирани тогаш. Сите асални филмови за војувањето и страдањето на Македонецот беа снимани тогаш. Наместо оној вирдо филм, до балчак и преспанскиот ситком.
Најголемиот напредок на Македонија беше во рамките на ФНРЈ-СФРЈ. Во сите области. Ќе не изедеа и соседите и големите сили за доручек.
Само усташите ко Туџман и четниците ко драшковичи, шешељовци и милошевичи (сега и вучичевци), продолжени раце на војводата Бабунски го минираа сето тоа. Со сесрдна помош од западниот т.н. развиен свет.

А еве контрапрашање-по што ќе го паметат сегашните млади овој 30 и кусур годишен период кога ќе остарат? Дали ќе чувствуваат носталгија по тој период кој е како автоимуна болест?
Со тешко срце морам да се сложам со напишаното особено со “Југоносталгија би рекле тутаблгарите.“ мислам дека со ова е речено се, тоа што некои не се сложуваат не е до капацитарноста туку до новиот Бог (едни се насадени на Долар-бог други на евро-бог! :)
 
Од 91 па наваму истите партијаши си се местат, а да не одиме до таму како си го поделија пленот во транзицијата, менталитетот на партија е останат, ако можат големите и некако си го рационализираш тоа, зошто па ти смета чистачката да си се вработува со партија не разбирам?
Ако откопаш малку од површината, уствари си се местат од 45та.

Очигледно има некаков прекин во комуникација, зошто алтернативата би била да навредувам. Па ајде да пробаме уште еднаш да објасниме.

1. Вработување на луѓето во врвот според тоа дали имаат партиска книшка - ЛОШО
2. Вработување на сите луѓе од основата на пирамидата до врвот на пирамидата - КАТАСТРОФАЛНО ЛОШО

Нема рационализација, проблемите на тој систем поради форсирањето на партиска книшка за раководните позиции во системот доведе до неговото распаѓање на крајот на денот. Разликата е што они сепак на крајот успеале нешто да создадат и да остават за следните генерации. Ни оставиле каква таква енергетска инфраструктура, индустрија, образовни институции, култура итн ... . Овој моментален систем е земање на сите мани на тој претходен систем, појачување на тие мани за х1000 пати, а притоа за 35 години да немаме создадено ама апсолутно ништо за следните генерации. Не само тоа, туку и тоа што било наследено е уништено.

Видете ја само првата влада на Република Македонија која била од остатотци од тој систем. Видете ги и другите партии како МААК и слични што биле создадени тогаш. На сите челни позиции имаш интелектуални гиганти во споредба со тоа што го имаме денес. Доктори по науки, дела, книги, имаат биографии по 3 страни.

Види споредба на биографии на сегашниот министер за транспорт:
Александар Николоски е истакнат македонски политичар и дипломиран политиколог. Тој е роден на 24 март 1984 година.

Николоски заврпшува високо образование на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекнува со титулата дипломиран политиколог. Потоа го продолжува своето образование на истиот факултет, каде што e кандидат за магистер по политички науки и меѓународни односи.

Неговата професионална кариера започнува во 2000 година, кога станува претседател на Средношколската унија на Македонија, позиција која ја врши до 2002 година. Од 2002 до 2004 година, Николоски е секретар на ФРЕСТА - програмата за невладини организации и меѓуетнички дијалог на југо-источна Европа, поддржана од Министерството за надворешни работи на Кралство Данска.

Во 2006 година, Николоски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, каде што остранува сé до 2016 година, а потоа повторно е избран во 2020 година каде останува до 2024 година. Во Собранието тој е член и претседател на бројни комисии, вклучувајќи ги Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Комисијата за надворешна политика, Комисијата за уставни прашања, и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Николоски исто така активно учествува во Парламентарното собрание на Советот на Европа, каде што беше потпретседател од 2015 до 2017 година. Тој е и прв потпретседател на Комитетот за политички работи и демократија и прв потпретседател на Комитетот за спроведување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа (Мониторинг комитет).

И во 1991 министер за градежништво и транспорт:

Александар Лепавцов своето средно образование го завршил во Софија, студирал на Градежните факултети во Скопје и Љубљана, дипломирал во Скопје во 1962 година, каде и магистрирал како прв градежен инженер на Економскиот факултет. Докторирал на Градежниот факултет во Ниш, специјализирал од областа на инфраструктурата во Минхен, бил научен советник во Заводот за водостопанство - Скопје. Лепавцов има објавено преку 100 студии, научни и стручни статии во истакнати списанија од областа на градежништвото, транспортот, екологијата.

Лепавцов бил прв доктор на науки од областа на патиштата на Македонија и прв доктор на науки од областа на одржувањето на патни мрежи во СФРЈ. Бил меѓу пионерите на бетонската префабрикација во Македонија и СФРЈ, за кое сведочи и книгата „Инженерски статии IV“. Добитник е на бројни признанија како заслужен и почесен член на Сојузи на инженерски асоцијации во бившата СФРЈ и СРМ.

Е ова е тоа што зборам разлика небо и земја. Неговата професионална кариера започнала во 2000 година кога станал претседател на средношколска унија. И го ставиле за министер за транспорт и врски. Земи земјо проголтај ме.

Во гостивар пијат измет, секоја недела има по еден мртов на патот Прилеп - Гратско колку е лошо изграден. во четири години имаме три случки каде што десетици луѓе горат живи. Во Скопје имаш епидемија на западно нилска треска. И ми викаш и што е разликата. На онкологија им ги крадат лекарствата на болните. Ок тоа е тоа, може си во право нема разлика зошто ете тие претходните биле лоши, сега овие ќе дозволиме да бидат и лоши и функционално ретардирани.
 
Последно уредено:
Да се согласувам, форсирањето на партиски книшки доведе до катастрофални последици, уште од 45та.

Самиот пример што го даде оди во прилог на мојата теорија, затоа што супер е тој докторат, но без ПАРТИСКА КНИШКА можел само да се слика со него.
 
За задолжувањата можете да се поклоните на маршалот кој ја донесе западната алијанса на овие простори.
Он е единствениот виновник за тоа што каматашите се толку распространети на балканските простори
Покушавам да ги испофаќам конците овде, ама не ми оди.
 
:pos::pos::pos:
1000007206.jpg
Ми се свиѓа Стојанче, тоа што е малку аутистичен му е најголем плус пошто тоа го прави интересен а и доста е заебан редовно си ги дупчи љангачиве :D
 
Членот сака да каже дека браварот (Тито, нели...) своевремено има земано западни кредити (во голема мера...) со кои е градена инфраструктурата во СФРЈ, како и иднустриските капацитети, кои работеа речиси исклучиво по лиценци, за кои (лиценци) следуваше плаќање легален рекет.

Тие кредити, зависно од времето во кое се земани, стануваат предмет или за отежнато отпалаќање или за нивно „одложување„ при отплаќањето, а економскиот модел практикуван во Федерацијата, бил недоволно ефикасен за навремено отпаќање на кредитите, кои со тек од време, односно ненавремено отплаќање плус наталожени камати, станаа неисплатен долг од Федерацијата. Тој долг денес е пренесен на државите-наследнички на СФРЈ и по обем е неспоредливо поголем од долгот кој Федрацијата го имаше. Пред распадот, надворешниот долг од СФРЈ беше проценуван на 20-22мијл. американски долари.
 
Во ред благодарам за објаснувањето.
Денес е уште поголем долгот на републиките од федерацијата при услови на ,, мед и млеко" од капитализмот.
 
Back
На врв Bottom