Ова и не е толку далеку од вистината.
Со Цехте, Борозан и Сухолежник пополнија неколку дупки, особено на бековска линија. Сите тројца имаат стотици сериозни натпревари зад нив што на клупско, што на репрезентативно ниво.
Ако добро пратам, не загубија ниту еден битен играч (освен Серафимов уште на ланска полусезона) и ете Ивановски што замина во Охрид.
Со здрав Митев (лани се враќаше од тешка повреда), Ѓорѓиев, Џонов, плус Цехте, Николов и Велковски десно, Борозан, Борзаш, Дамјан и Емилијан лево, имаат страшна ротација на бековска линија. По мене имаат далеку појака (ако не појака, барем подлабока) бековска линија од вас. Може грешам, ќе видиме. За пикери да не коментираме, крилата исто им се добро покриени, а голманите веќе ги тераат истите неколку сезони.
Со оглед на тоа што не играат ни ЛШ, ни ЛЕ, туку ќе го ладат во третиот куп, ќе бидат и те како сериозен кандидат за титула.