Бидејќи имаме 2 десни бека и само Шо како лев бек, кој е прашање дали ќе го издржи темпото. Доргу очигледно повеќе за крило го сметаат.
Кажав дека со Хол, деструктивец (стартер ама) и замена шпиц би бил задоволен. Таман ни се 5 играчи за сега (6 со Дарлоу), следно лето ќе докомплетираме каде што ќе остане.
Очекувањата за ПЛ за следна сезона мора да бидат стабилизација во топ 4/5. Ако не се лажам, после Фергусон само еднаш се има случено две сезони по ред да сме во топ 4. Со Оле 2019/20 и 2020/21. Така да, фокусот мора да биде на тоа. Па ако некако се најдеме во борба за повеќе, одлично.
За ЛШ би бил задоволен со 1/4 финале, ама таму има повеќе фактори што влијаат. Ако ни се погоди ждрепката, кој знае до каде можеме.
За конкуренцијата нема да коментирам многу. Сметам дека ниту еден тим до сега не донесе некој класа играч за кој со сигурност може да се каже дека ќе има брз импакт врз тимот. Сите се коцкаа(т) до сега, па се надевам и ние ќе пробаме со Хол и некој добар деструктивец.