Увоз на возила од Јужна Кореја

  • Креатор на темата Креатор на темата Goran66
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 јули 2026
Мислења
2
Поени од реакции
2
Здраво,

Дали е некој информиран во врска со процесот за увоз на возила од Јужна Кореја?

Се работи за германски коли правени за корејскиот пазар и немаат европско одобрување на тип, инаку се целосно по европски стандард.

До пред некое време прво ги увезуваа во Албанија, па после ги увезуваа во Македонија поради некаков недостиг на документација, нешто со сообраќајната дозвола.

Скоро се направени измени во законот за возила и сега може македонски фирми да издаваат ТУВ / Декра потврди за коли кои немаат европски одобренија, ова најверојатно ќе олесни нешто при единечно одобрување за овие возила, а до сега овој закон не беше комплетен и не можеше директно да се носат во Македонија.

Дали сеуште има некакви пречки? Секаков вид на информација поврзана со оваа тема би била многу корисна. Имам нарачано кола од Кореја која е веќе во транзит.
 
Се надевам дека ке поминеш лесно. Редно е да се стават овие луди цени на половни возила под контрола, зашто убива царината кај нас.
 
Здраво,

Дали е некој информиран во врска со процесот за увоз на возила од Јужна Кореја?

Се работи за германски коли правени за корејскиот пазар и немаат европско одобрување на тип, инаку се целосно по европски стандард.

До пред некое време прво ги увезуваа во Албанија, па после ги увезуваа во Македонија поради некаков недостиг на документација, нешто со сообраќајната дозвола.

Скоро се направени измени во законот за возила и сега може македонски фирми да издаваат ТУВ / Декра потврди за коли кои немаат европски одобренија, ова најверојатно ќе олесни нешто при единечно одобрување за овие возила, а до сега овој закон не беше комплетен и не можеше директно да се носат во Македонија.

Дали сеуште има некакви пречки? Секаков вид на информација поврзана со оваа тема би била многу корисна. Имам нарачано кола од Кореја која е веќе во транзит.

Баш ме интересира, доколку не е тајна колку те кошта да ти ја донесат колата од Кореа? Доста далеку е.
 
Транспортот до Драч е 1700 евра.
Европски коли за амерички пазар се склопени во Америка од некој си Хозе со штрафцигер. Таму каде што ќе фали лепак за монтажата, а нема back up материјали, Хозе е принуден да плукне за да залепи. Америчката економија не е регулирана за да може колата да се вози на старо. Така да Хозе може да си го дозволи тој "луксуз" со плукањето.

Немој да мислиш дека Кореа е нешто поразлично.
 
Преку autowini е цела процедура и е доста едноставна, плус да не правиме муабет што 50% се поефтини колите од таму и со мн помалку км. Инаку сеуште не е регулиран законот во Македонија за овие, за разлика од сите останати држави каде најнормално си функционира, арно ама ова е Македонија. Инаку имаш тема за ова на carclub forum, види разгледај.

Не знам само како си се нафтил да увезеш без детална проверка. До денес не влегуваат овие коли за регистрацијс, ама со среќа
 
Сум забележал возила со мк регистрација и црвени жмигавци. Овие не се легални за регистрирање кај нас, но сепак некој успеал да ги регистрира.
 
Сум забележал возила со мк регистрација и црвени жмигавци. Овие не се легални за регистрирање кај нас, но сепак некој успеал да ги регистрира.
Црвени жмигавци се УСА/Канаада
 
Back
На врв Bottom