Фан клуб - РК Вардар

Сигурно бараат некој лев бек што игра и одбрана, ама изгледа тешко се наоѓа таков играч со достоен квалитет. Ги пресече многу заминувањето на Хориха, иако одамна знаеа дека ќе си оди.
Мислам дека сме ептен тенки на бековска линија, што може да се покаже клучно на крај.
 
Сигурно бараат некој лев бек што игра и одбрана, ама изгледа тешко се наоѓа таков играч со достоен квалитет. Ги пресече многу заминувањето на Хориха, иако одамна знаеа дека ќе си оди.
Мислам дека сме ептен тенки на бековска линија, што може да се покаже клучно на крај.
Не сме многу тенки на бековска, ама добро би било уште еден лев што игра во два правци да дојде, некој поискусен што ќе прифати да игра како бекап опција... Се надевам Тузо и Кеита годинава офанзивно ќе бидат посигурни во реализација (тука малку бевме на некои натпревари тенки прошла сезона), дефанзивно секако се одлични и двајцата и можеби требаше да се запне за уште еден пикер, но што е тука е веројатно ќе се решаваат овие недостатоци пред да започне или во тек на сезоната...
 
Од искуство знаеме дека Михо знае да изненади на полусезона. Веројатно ќе се прати како ќе се одвива ситуацијата и ако излезе добра прилика ке се земе нешто. Не е работата само нешто ради реда да се донесе, треба и да има квалитет.
 
Ме интересира како ќе се покаже нашата "клупа". Колкава широчина има овој состав.
ЛШ и домашнотото првенство паралелно....
 
Не сме многу тенки на бековска
Па и не баш. Само 6 расположливи бекови имаме во состав и двајца младинци кои не се ни за во македонско првенство.
Претенко е кога имаш само по 2 бека на позиција, безразлика што левите бекови може да покријат на среден и обратно, а Педро покриваше и на десен лани. Една повреда да има и тоа ќе значи дека другиот бек ќе треба да умре играјќи.
Лани ги имавме Боно, Танкоски, Кавада (а претходно и Тале и Борозан) кои можеа да добијат дуели во наше првенство со послаби противници. Вака ќе треба да се трошат бековите и во дуели со послаби екипи и да се ризикува нивна повреда.
Фактички сите овие 5 играчи (ајде 2 од нив ги немаме поодамна) ние ги заменивме само со 1 (Фадуил), пошто Левар е замена за Хориха.
Ако ништо друго требаше барем некој играч како Карапале или Ивановски да се донесе.
Долга е сезоната и се случуваат многу повреди за да си дозволиш со само 6 бека да играш на 4 фронта.
 
Back
На врв Bottom