Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Едвај пласман на ЕП. Среќа Австрија ја нокаутира Грција, а Финска и Италија имаа катастрофално лоша гол разлика. Може и среќа што не игравме со Холандија, затоа што денес 30 разлика не ни бегаше. Браво за нашата голманкава која фати 15 топки! Резил беа квалификациите и што побргу го шутнат овој селекторов тоа подобро.
 
Да се забележи, ќе играме во Клуж, во група против домаќинот Романија, Норвешка и Швајцарија.

Ако ништо друго на некои навивачи ќе им биде близу да се отиде да се присуствува на три порази :)
 
Кој следи женски ракомет, мислење за Гугуљанова?
 
Да се забележи, ќе играме во Клуж, во група против домаќинот Романија, Норвешка и Швајцарија.

Ако ништо друго на некои навивачи ќе им биде близу да се отиде да се присуствува на три порази :)
Ќе имаа шанси ако беа во групата Ц со Шпанија и Турција. Вака во оваа група и со овој селектор ќе бидеме на стрелиште. Прашање е дали и последното 24-то место ќе го избегнеме, со оглед дека Грција е во полесната група Ц.
 

Во моментов се размислува за неговиот наследник, а најблиску до клупата на националниот тим е Јулијана Дамчевска.
 
Помладата од сестрите Јанкуловски направи одличен трансфер и наредните две сезони ќе настапува за тимот на Париз 92 во француската лига. Браво!
 
На папир супер трансфер. Колку ќе успее да се снајде, наметне и да има вистинска минутажа ќе биде клучно. Истото важи и за неа и за Младеновска.
 

Во моментов се размислува за неговиот наследник, а најблиску до клупата на националниот тим е Јулијана Дамчевска.
Редно беше да се смени вечниот селектор со Алкатраз фризура :icon_lol:
 
На папир супер трансфер. Колку ќе успее да се снајде, наметне и да има вистинска минутажа ќе биде клучно. Истото важи и за неа и за Младеновска.
Прав си, Младеновска во првиот голем клуб (Брест) не успеа да се наметне, да видиме сега во Дортмунд
 
Нов селектор кај дамите

 
Нов селектор кај дамите

Редно време беше да го тргнат наркоманот со алкатраз фризурата (y)
 
https://24rakomet.mk/vtor-poraz-za-makedonija-na-mediteranskite-igri/

Добро, како е можно 32 разлика (43-11) да загубиш од Тунис побогу кој скоро и нема женски ракомет!!?? И со второлигашки девојки да излезеш пак не смееш толку од Тунис да загубиш. Еден женски екипен спорт имаме (немаме ни женска кошарка, ни одбојка, ни фудбал) и тој го фрламе во вода. Па подобро ќе беше сениорките да се пратат бар да вежбаат колку толку пред европско за да не биде таму тотално фијаско. :facepalm:
 
Back
На врв Bottom