Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
СДС освен предавствата комплетно се распадна зошто последните 2 години, државата воопшто не функционираше.
Намали малку на кривините сите че испопајџаме.
сдсСС е во кома, би сакал до наредните избори да се дерегистрира, заради промената на името и бугаризацијата, само за тебе е заради нешто трето.
 
Nisto ko taka :(
Автоматски споено мислење:

Zimi se, da e do mene odma bi ti dal nobelova nagrada za ekonomija i tamu se so treba. Kako be nikoj na ova se nema seteno dosega :cautious:

Јас никогаш не кажав дека тоа што го пишувам е оригинално, проблемот е што никој друг не може да го имплементира зошто треба да храни цела партиска војска. Како ќе ги отпушташ и ќе правиш промени кога на глава ти висат десет кривични за претходен криминал + имаш стотици позади тебе сите со испружени рачиња за да им дадеш пари и ниту еден нема да има никаков проблем веднаш да ти зарие нож ако не добие пари.

Тоа е финтата со нас што во моментов а и во блиската иднина од овој аспект имаме нула багаж. Просечен член на левица е средна класа кој работи приватно или е на позиција каде што не може да биде сменет ( инженер, професор, итн.. .. ) . Ниту должиме на некој нешто ниту има за што да ме уценуваат. Колку гласови, толку гласови али не се купени гласови и со тоа немаме никаков притисок од тој аспект.

Мицко, Венко, целата плејада на македонски политичари, машкоста им е веќе ставена во повеќе туѓи фиоки далеку далеку пред да дојдат на власт. И заради тоа не можат да направат никакви промени.

1 милијарда имаа од Унгарците, може да ги инвестираат во Чебрен и Галиште, нова пруга накај Грција, што било. Они решија да дадат 250 милиони на општините за сокачиња за да ја нахранат партиската стока на локално ниво. Дадоа уште 250 милиони во ефтини кредити за фирмите, за да ја нахранат олигархијата со Азевски која им ги даде сите медиуми пред избори под нивна контрола. И 500 милиони си потрошија за да пополнат дупки. И сега една година подоцна, позајмуваат од јавни претпријатија.

Тоа е, кога си болен по власт и мајка би си продал и секој договор би го направил сега ќе сркаш измет.
 
Последно уредено:
Левица, наместо да водеше ретардирана идеолошка војна, која однапред и беше загубена, требаше од старт да започнеше со ваквите филтрирани решенија на децениските проблеми кои се пролонгираат за следниот политички мандат.

Проблемот со јавните претпријатија може да се реши, а едно од решенијата е да се ослободат од ДДВ обврска на фактурите кои ги доставуваат до градоначалникот. Пази, општината му дава буџет на тоа претпријатие кое парите ги црпи преку фактурирање, а што плаќа ДДВ од буџетот кој му е ставен на располагање (да ги тргнеме на страна сопствените извори на финансирање). Така од старт им земаш скоро 1/5 од буџетот! Или во превод, ако буџетот ми е 10 милиони денари, од овие средства треба да платам 1.8 милиони денари во данок, што нема никаква логика!

Требаат и структурни промени во самите претпријатија, каде има премногу администрација во сектор кој треба да дава јавна услуга. Ако е поевтино, поефективно и поефикасно да се има надворешно сметководство кое ќе ги работи сите економски работи, наместо тие 15-20 партиски неписмени административци, тогаш не гледам проблем со тендер-политиката. Паушалот, добро надоместокот, нека биде и 100.000, што е просечна бруто плата на еден овластен сметководител во тие претпријатија. Внатрешно сметководство онаму каде се издаваат сметки, на другите претпријатија реално и не им е потребно. Исто и правна служба, ако имаш правна служба, нема потреба да најмуваш адвокати за застапување. Крлеж-системот е за НПН на водовод и комунална, другите и реално не се интересни, ама и тој обем за надомест на штета, пред се предметите од мала вредност (до 1 милиони денари), може да го покрие било кој правник.

Може да се крати, и на кадар, и на финансии, само никој не сака да задира во партиската војска.
Eve ti i tebe eden orden. More malce e eden, Jovanke daj uste eden, vidi subo mu sedi na coekot, vidi kako go otvora :D
 
Северна Кореја за нас е државиште, за разлика од нас не мораат да одат да просат по цел свет за да можат пензии да исплатат. И не си ја проституираат историјата и наследството на кој ќе стигнат за да одат на викенд во Грчка.
Генерално, имам одредени симпатии кон Левица, барем последниве две-три години. Тие симпатии во најголема мера не се од идеолошка природа, туку чисто до аспект на разум и желба за разнебитување на вечното „на-ти-го, дај-ми-го“, помеѓу ДПМНЕ и СДСМ.

Меѓутоа, вакви изјави ми се токму причината зошто тие симпатии често ми доаѓаат во прашање. Го разбирам огромното незадоволство од состојбите кај нас во Македонија, од политиките на двете најголеми партии и од начинот на кој се третираат националните интереси, ама релативизирање или идеализирање на Северна Кореја како пример за „државност“ е нешто со што не можам да се согласам. Критиката на западниот модел или на домашната политика не бара затворање на очи пред реалноста на авторитарните режими.

На крајот, ако ја критикуваме домашната олигархија за полнење на сопствените џебови, не гледам која е целта да го замениме системот со таков каде што практично целиот државен ресурс завршува во еден единствен џеб. Токму ваквите ставови според мене, се една од причините зошто Левица тешко успева да излезе надвор од своето стандардно гласачко тело и да привлече поширок круг на луѓе кои можеби се согласуваат со нивната критика на актулениот политички систем кај нас.
 
Државата нема капитал баш поради работењето на база на дневни политики.
  1. Види на какви бедни проекти беа потрошени 250 милиони од Унгарскиот кредит, аплицираа општините со проекти од типот, асфалтирање на улички и правење на паркчиња. Еден развоен проект или проект кој би намалил трошоци нема. Кај мене во општина за развоен проект рачунаат, доградба на школо. И тоа проектот за доградбата на школото е почната пред 9 години.
  2. Направија министерство за енергетика, ЕЛЕМ е за првпат во историјата во МИНУС. И тоа знаеш колкав минус ? 120 милиони евра. Еден енергетски проект немаат ниту почнато не па завршено.
  3. Борко преку министерството за спорт, уценува општините и си прави бизнис империја.
  4. Земјоделството е во аут, субвенциите каснат повеќе од година посебно за сточарите. Сега на овие што жнеат им нуделе по 12 денари за пченица што е неверојатно ниско.
  5. Пошта е нивен кадар, распад на системот.
  6. Железници не се за коментирање.
И прекинете со ваквиве временски рамки, 10 - 20 години треба да се видат резултати. Абе Југославија постоела помалку од 45 години, и имале 5 циклуси на раст и пропаст во истиот период.. Пругата до Бар ја изградиле за 4 години, пругата до Бугарија во 1947 проценката на инженерите била дека ќе бидат готови за 2 и пол години и тоа без механизација.

Плус не е ниту како да се занимавале со системски промени овие 2 години. Артан Груби се врати, Судството спие, МВР комплетно неспособно, државна администрација комплетно нефункционална. 2 години се гледа на каде оди работата за секој освен за тој што сака да се прави слеп.
Toa sto Jugoslavija napravila nekolku fabriki na prethodno tabula rasa od zemjava(vo istite mesta kade gi naseluvala lugeto, so radni akcii kade ne gi ni plakala lugeto) nema vrska so toa sto e situacijata sega e deka imame mal pazar, nemame rabotna sila I nemame kapital.
Pri ovie okolnosti ovaa drzava e osudena da zivee od krediti.
Koja partija saka neka se proba ovie promenlivi ne gi menja, dali me razbiras.

Sprema mene treba danokot za biznis da se namali da se davaat poveke povolnosti na primer osloboduvanje od danok 5 godini kako bi se stimulirale novi mali biznisi da porasnat.
No ne znam dali moze drzavava da si go dozvoli uste eden sector da ne plaka danok.
 
Последно уредено:
Забеганиот Вени Марковски бришел коментари, ропак како дедо му.
Имај барем малку почит кон човекот што го создал твојот јазик.
 
Државата нема капитал баш поради работењето на база на дневни политики.
  1. Види на какви бедни проекти беа потрошени 250 милиони од Унгарскиот кредит, аплицираа општините со проекти од типот, асфалтирање на улички и правење на паркчиња. Еден развоен проект или проект кој би намалил трошоци нема. Кај мене во општина за развоен проект рачунаат, доградба на школо. И тоа проектот за доградбата на школото е почната пред 9 години.
  2. Направија министерство за енергетика, ЕЛЕМ е за првпат во историјата во МИНУС. И тоа знаеш колкав минус ? 120 милиони евра. Еден енергетски проект немаат ниту почнато не па завршено.
  3. Борко преку министерството за спорт, уценува општините и си прави бизнис империја.
  4. Земјоделството е во аут, субвенциите каснат повеќе од година посебно за сточарите. Сега на овие што жнеат им нуделе по 12 денари за пченица што е неверојатно ниско.
  5. Пошта е нивен кадар, распад на системот.
  6. Железници не се за коментирање.
И прекинете со ваквиве временски рамки, 10 - 20 години треба да се видат резултати. Абе Југославија постоела помалку од 45 години, и имале 5 циклуси на раст и пропаст во истиот период.. Пругата до Бар ја изградиле за 4 години, пругата до Бугарија во 1947 проценката на инженерите била дека ќе бидат готови за 2 и пол години и тоа без механизација.

Плус не е ниту како да се занимавале со системски промени овие 2 години. Артан Груби се врати, Судството спие, МВР комплетно неспособно, државна администрација комплетно нефункционална. 2 години се гледа на каде оди работата за секој освен за тој што сака да се прави слеп.
Баш ме интересира какви бизниси започнал Борко?
 
Генерално, имам одредени симпатии кон Левица, барем последниве две-три години. Тие симпатии во најголема мера не се од идеолошка природа, туку чисто до аспект на разум и желба за разнебитување на вечното „на-ти-го, дај-ми-го“, помеѓу ДПМНЕ и СДСМ.

Меѓутоа, вакви изјави ми се токму причината зошто тие симпатии често ми доаѓаат во прашање. Го разбирам огромното незадоволство од состојбите кај нас во Македонија, од политиките на двете најголеми партии и од начинот на кој се третираат националните интереси, ама релативизирање или идеализирање на Северна Кореја како пример за „државност“ е нешто со што не можам да се согласам. Критиката на западниот модел или на домашната политика не бара затворање на очи пред реалноста на авторитарните режими.

На крајот, ако ја критикуваме домашната олигархија за полнење на сопствените џебови, не гледам која е целта да го замениме системот со таков каде што практично целиот државен ресурс завршува во еден единствен џеб. Токму ваквите ставови според мене, се една од причините зошто Левица тешко успева да излезе надвор од своето стандардно гласачко тело и да привлече поширок круг на луѓе кои можеби се согласуваат со нивната критика на актулениот политички систем кај нас.

Ама јас не го правев тоа. Тоа што јас им го признавам е нивната бескомпромисна борба и непопустливост. Јас не реков ајде да ја организираме државата по тек на Северна Кореја. Али исто така не гледам никаква причина да бидат исмевани и сатиризирани зошто луѓето корења и земја јадеа, во еден момент целиот свет ги имаше санкционирано па дури и Русија и Кина и сепак издржаа свои на своето. По мене тоа е за восхит и треба да им се признае. Ако речам види ги Јеменцине, по апостолки трчаат низ планини. под комплетни санкции се али не трпат од никој ништо. Што значи тоа? дека сакам да сме како Јемен во државна организација? Не само им давам признание дека се борци и дека се бескомпромисни во борбата за своите цели.

Ако виде и од тој аспект беше мојата критика, не треба да се исмеваме со луѓе кои во одредени моменти се бореле само против сите за своите ставови и не попуштиле. Додека ние го продадовме името, историјата и се што имаме за кафани, крадење и викенд во Грчка.
 
Во ред, вака формулирано можам да се согласам. Мојата реакција повеќе беше на тоа што првата објава лесно можеше да се прочита како пофалба за Северна Кореја како држава, а не само како признание за истрајноста на нејзиниот народ. Тоа е разликата што ми недостасуваше.
 
Филипче да не беше, платите на лекарите ќе си останеа еднакви на минималната плата во Македонија. Што е право, право е.
Siroti oni, ako ne zimaat golemi plati ke moraat da pravat finti so fondot za da gi izmamuvaat pacientite za da preziveat :kafence:
 
Siroti oni, ako ne zimaat golemi plati ke moraat da pravat finti so fondot za da gi izmamuvaat pacientite za da preziveat :kafence:
Во право е @Aceso за платите, но и ти си за тие "финти". Што не значи дека, ако фондот се зголеми, автоматски и платите ќе се зголемат, но дефинитивно сте и двете во право, секоја за својот дел од муабетот.
Веројатно, со оглед на некои отпусни процедури и шкртаници во болничките применети зафати и лекарства и прават. Ама ова е повеќе за у темана здравството кај нас.
 
Siroti oni, ako ne zimaat golemi plati ke moraat da pravat finti so fondot za da gi izmamuvaat pacientite za da preziveat :kafence:
Пред да ги покачи Филипче беа мизерија, тоа е факт. Ама знаеш како е кај нас... луѓето мислат дека медицинскиот персонал треба да живее само од хуманост. Ама не ти вика детето дома: “Мамо, дај ми малку хуманост, сакам да излезам со друштвото”. И медицнарите се луѓе, со сметки, семејство и животни трошоци.
 
@Boro1918 збориш дека државава немала пари а протестирате против рудници, дата центри хидроцентрали ќе ви загадувале не знам што. Епа од каде пари ќе влезат во државава бе другар? Па и земјоделство да имавме развиено да бевме главен извозник пак ќе беше тука негде работава.

За отпуштање судии и обвинители полека малце, каква таква таа е посебна власт, не може ти да дојдеш на чело на влада и да отпушташ комплет све да ја закочиш државата па да си ја чешаш главата кога ништо нема да функционира. Ако вие од левица така мислите да водите држава ти гарантирам и 70 пратеници да имате нема да издржите повеќе од 6 месеци на власт. Освен ако не се фрлите на злоупотреба на државен апарат и да владеете со сила.
 
збориш дека државава немала пари а протестирате против рудници, дата центри хидроцентрали
Може ли да наброиш кои рудници, кои дата центри и кои хидроцентрали се изградени во последните 10 години?
 
Back
На врв Bottom