Левица, наместо да водеше ретардирана идеолошка војна, која однапред и беше загубена, требаше од старт да започнеше со ваквите филтрирани решенија на децениските проблеми кои се пролонгираат за следниот политички мандат.
Проблемот со јавните претпријатија може да се реши, а едно од решенијата е да се ослободат од ДДВ обврска на фактурите кои ги доставуваат до градоначалникот. Пази, општината му дава буџет на тоа претпријатие кое парите ги црпи преку фактурирање, а што плаќа ДДВ од буџетот кој му е ставен на располагање (да ги тргнеме на страна сопствените извори на финансирање). Така од старт им земаш скоро 1/5 од буџетот! Или во превод, ако буџетот ми е 10 милиони денари, од овие средства треба да платам 1.8 милиони денари во данок, што нема никаква логика!
Требаат и структурни промени во самите претпријатија, каде има премногу администрација во сектор кој треба да дава јавна услуга. Ако е поевтино, поефективно и поефикасно да се има надворешно сметководство кое ќе ги работи сите економски работи, наместо тие 15-20 партиски неписмени административци, тогаш не гледам проблем со тендер-политиката. Паушалот, добро надоместокот, нека биде и 100.000, што е просечна бруто плата на еден овластен сметководител во тие претпријатија. Внатрешно сметководство онаму каде се издаваат сметки, на другите претпријатија реално и не им е потребно. Исто и правна служба, ако имаш правна служба, нема потреба да најмуваш адвокати за застапување. Крлеж-системот е за НПН на водовод и комунална, другите и реално не се интересни, ама и тој обем за надомест на штета, пред се предметите од мала вредност (до 1 милиони денари), може да го покрие било кој правник.
Може да се крати, и на кадар, и на финансии, само никој не сака да задира во партиската војска.