Мразам што треба да се извинуваш за нешто што мислиш дека со право си го направил, мразам што треба да глумиш лудило во многу случаи, мразам што има такви луѓе што мислате дека ако им речеш нешто лошо дошол крај на светот....и останатото горенадевено :smir:
Мразам кога некој се праи попаметен од мене (тие што се стварно попаметни од мене обично не се толку уфурани), мразам да станувам рано, мразам фејсбук и мразам ретардирани љубовни топици и статуси на тазе раскинати женски (посебно кога изникнуваат на страни со заебанции. Сакам да читнам некој виц да се насмеам а наместо тоа глеам паметна мисла од типот ти ќе страдаш ја не се замарам ја сум принцеза со скршено срце бла бла бла). Има и други работи шо ме нервираат ама не се замарам толку со нив.
мразам кога ми се спие а ме мрзи да си легнам...мразам да станам од кревет насабајле...мразам кога навечер на кајгана никој нема и сама си седам...мразам кога некој ми мудрува без основа...мразам луѓе со предрасуди...мразам кога ми е убаво и си ќутам некој да ме замара со прашањето "што ти е"...
Мразам да чистам снег од пред врата и да носам дрва.
Исто мразам и кога цел ден така седам дома се плеткам од соба в соба и баш кога ќе решам да излезам некаде ми наоѓаат некаква работа.
Мразам да ставам дрва во огинот.
Мразам да станувам рано
Да одам до продавница да купувам цигари на дедо ми и кога ми велат малолетна зашто имам лице како 15 годишно девојче.
Најтешко ми паѓа да станувам во црни темници по ова ладново и да идам у школо!
Исто така мразам да седам на некои досадни часови или пак кај некои напорни професори.
Мразам што врне дожд
Мразам што морам да носам чадор
Мразам што иам само 50 денари кредит
Мразам што трошам пари
Мразам што треба да се занимавам со Нова Година
Мразам што ми се мења расположение на 15 секунди
и то!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.