Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Од такви „домаќински“ работења се почесто ќе глеваме вакви егзибиции, претурање од шупливо во празно

Бонус

Така функционираат најголемите економии во Европа, ние нели во топ 3 некаде таму сме
 
Прегледај го приврзокот 483700

Ајде сите по еднаш да си ја испееме ЗАВЕТНА и да заборавиме на проблемите <3.

Ги товарат сите јавни претпријатија со долгови дека не можат да земаат / не им дава никој повеќе заем на централно ниво. Во многу општини, училиштата со месеци не плаќаат ниту струја ниту вода, а и од претходниот месец почнале да немаат доволно пари ниту за превоз на ученици.

Навистина не го разбирам ова, правиш милион отстапки и договори за да дојдеш на власт, со години ја оформуваш "коалицијата". Добиваш 58 пратеници, и немаш поима што да правиш со власта, две години поминаа една работа немаат истуркано до крај. Ова е за во учебници.

Не само што немаат никаков план, немаат ниту никаква контрола и координација. Сите си прават што ќе им текне, а дел никој не ги ни врти, оставени се само така да постојат и да живуркаат. ЗНАМ ги потрошија, со Артан Груби си направија зделка. СДС беа очајни, овие немаат никаква причина да прават вакви договори и математики. Сами си местат на ивицата на кањонот и кога ќе паднат ќе биде "еј како се деси ова".

А Мицко тука ќе биде најинтересен што ќе направи, зошто човекот е калкулант до коска со нула компетитивност и баш сакам да видам како ќе се однесува кога картите ќе се отворат.
 
Последно уредено:
Ги товарат сите јавни претпријатија со долгови дека не можат да земаат / не им дава никој повеќе заем на централно ниво. Во многу општини, училиштата со месеци не плаќаат ниту струја ниту вода, а и од претходниот месец почнале да немаат доволно пари ниту за превоз на ученици.

Навистина не го разбирам ова, правиш милион отстапки и договори за да дојдеш на власт, со години ја оформуваш "коалицијата". Добиваш 58 пратеници, и немаш поима што да правиш со власта, две години поминаа една работа немаат истуркано до крај. Ова е за во учебници.

Не само што немаат никаков план, немаат ниту никаква контрола и координација. Сите си прават што ќе им текне, а дел никој не ги ни врти, оставени се само така да постојат и да живуркаат. ЗНАМ ги потрошија, со Артан Груби си направија зделка. СДС беа очајни, овие немаат никаква причина да прават вакви договори и математики. Сами си местат на ивицата на кањонот и кога ќе паднат ќе биде "еј како се деси ова".
Politickite dnevni politiki nemaat vrska so toa sto drzavata nema kapital, ne e produktivna I ima mal pazar, a nema rabotosposobno naselenie.
Nemaat vrska zatoa sto za takov ekonomski proekt potrebni se nekolku decenii, 20 godini najmalku.
 
Државата нема капитал баш поради работењето на база на дневни политики.
  1. Види на какви бедни проекти беа потрошени 250 милиони од Унгарскиот кредит, аплицираа општините со проекти од типот, асфалтирање на улички и правење на паркчиња. Еден развоен проект или проект кој би намалил трошоци нема. Кај мене во општина за развоен проект рачунаат, доградба на школо. И тоа проектот за доградбата на школото е почната пред 9 години.
  2. Направија министерство за енергетика, ЕЛЕМ е за првпат во историјата во МИНУС. И тоа знаеш колкав минус ? 120 милиони евра. Еден енергетски проект немаат ниту почнато не па завршено.
  3. Борко преку министерството за спорт, уценува општините и си прави бизнис империја.
  4. Земјоделството е во аут, субвенциите каснат повеќе од година посебно за сточарите. Сега на овие што жнеат им нуделе по 12 денари за пченица што е неверојатно ниско.
  5. Пошта е нивен кадар, распад на системот.
  6. Железници не се за коментирање.
И прекинете со ваквиве временски рамки, 10 - 20 години треба да се видат резултати. Абе Југославија постоела помалку од 45 години, и имале 5 циклуси на раст и пропаст во истиот период.. Пругата до Бар ја изградиле за 4 години, пругата до Бугарија во 1947 проценката на инженерите била дека ќе бидат готови за 2 и пол години и тоа без механизација.

Плус не е ниту како да се занимавале со системски промени овие 2 години. Артан Груби се врати, Судството спие, МВР комплетно неспособно, државна администрација комплетно нефункционална. 2 години се гледа на каде оди работата за секој освен за тој што сака да се прави слеп.
 
Koi benefiti imavme od toa sto Filipce, Medziti I Taravari bea ministri? Ili ne treba da se nevrolozi da ne treba drugi specijalisti?
Ne e do profesijata, do covekot e.
Филипче да не беше, платите на лекарите ќе си останеа еднакви на минималната плата во Македонија. Што е право, право е.
 
На Заев 2.0. Немаат никаков план што да прават со власта. Кога ќе им се заклима власта, ќе изберат или да ги слушаат туѓите планови за да останат на власт и/или ќе се фрлат сите на крадење како луди и со тоа државава ќе изгуби секаква функционалност.

СДС освен предавствата комплетно се распадна зошто последните 2 години, државата воопшто не функционираше. Во ваква внатрешна и глобална ситуација, не е возможно повеќе да се функционира на база "како порано што си функционираше".

Државава е на раб на комплетна нефункционалност и финансиски банкрот, кој сака да дојде ако не повлече темелни промени за да се консолидира финансиската ситуација, нема да може да се задржи на власт долго. Шминкање на ситуацијата е невозможно, и ДПНЕ со целата негова машинерија требаше да го знае ова.
 
Ok, i chare ?
 
Намалување на трошоците преку:
  1. Комплетна ревизија во труд и социјала и филтрирање на листите каде што пола партии се напикани да земаат дали социјално, дали туѓа нега, дали надувани или лажни пензии.
  2. Намалување на бирократската администрација за барем 30% преку нова систематизација која ќе фаворизира теренски работници наместо бирократи. И со тоа враќање на работна сила назад во економијата.
  3. Консолидација на ЈП и прекинување на тендер системот туку институциите да мораат надлежностите преку свои капацитети да ги завршат. Не може да се изнајмуваат копири за по 15 000 евра годишно и не може ЕЛЕМ да изнајмува камиони за ископ на руда, каде што за 2 години исплатиле нов камион.
  4. Консолидација на општините за да се намали уште толку бирократијата.
Системски реформи:
  1. Отпуштање на сите судии и обвинители, и нивен повторен реизбор каде што секој обвинител и судија кои имале застарено дело или поништена пресуда не смее да се кандидира.
Кршење на увозно-трговскиот монопол каде што се фаворизира увоз наместо домашно производство преку извршување на царинската политика зошто огромни средства излегуваат вака од државата.

Во првите 2 години почнување на барем два вистински развојни проекти дали сами дали во партнерство со некој од надвор од:
  • Енергетика
  • Менаџмент на отпад
  • Договор и оформување на индустриска зона за специфична индустрија која ќе се избере дека е од стратешко значење и ќе има целосна државна подршка.
Еве да дадам пример овие Икарус од кои што сега ќе купуваме автобуси. Имаат 100-200 вработени, се што прават е да склопуваат автобуси од кинески и германски делови. Зошто наместо да ги даваме на нив парите не направија договор со Ван Хол и други домашни фирми истото да беше направено тука? Електро и Машински можеа да учествуваат во проектирањето на автобусите, кои патем и овие на Икарус се само модифицирана верзија на Кинески модели.

ојме со Северна Кореја со цвеќе на гробојте на династијата Јонг.

Северна Кореја за нас е државиште, за разлика од нас не мораат да одат да просат по цел свет за да можат пензии да исплатат. И не си ја проституираат историјата и наследството на кој ќе стигнат за да одат на викенд во Грчка.
 
Последно уредено:
A so imeto so prajme. So dopis do OON ili kako e planot ?

Кое име?

Треба да имаш функционална држава за да има име.
Што кур ќе ми е името ако ништо не функционира.
Знамето и двојазичноста спаси некој жител од албанска националност во Гостивар? Не!
Исто и со името.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: y2k
Кое име?

Треба да имаш функционална држава за да има име.
Што кур ќе ми е името ако ништо не функционира.
Знамето и двојазичноста спаси некој жител од албанска националност во Гостивар? Не!
Исто и со името.
Nisto ko taka :(
Автоматски споено мислење:

Намалување на трошоците преку:
  1. Комплетна ревизија во труд и социјала и филтрирање на листите каде што пола партии се напикани да земаат дали социјално, дали туѓа нега, дали надувани или лажни пензии.
  2. Намалување на бирократската администрација за барем 30% преку нова систематизација која ќе фаворизира теренски работници наместо бирократи. И со тоа враќање на работна сила назад во економијата.
  3. Консолидација на ЈП и прекинување на тендер системот туку институциите да мораат надлежностите преку свои капацитети да ги завршат. Не може да се изнајмуваат копири за по 15 000 евра годишно и не може ЕЛЕМ да изнајмува камиони за ископ на руда, каде што за 2 години исплатиле нов камион.
  4. Консолидација на општините за да се намали уште толку бирократијата.
Системски реформи:
  1. Отпуштање на сите судии и обвинители, и нивен повторен реизбор каде што секој обвинител и судија кои имале застарено дело или поништена пресуда не смее да се кандидира.
Кршење на увозно-трговскиот монопол каде што се фаворизира увоз наместо домашно производство преку извршување на царинската политика зошто огромни средства излегуваат вака од државата.

Во првите 2 години почнување на барем два вистински развојни проекти дали сами дали во партнерство со некој од надвор од:
  • Енергетика
  • Менаџмент на отпад
  • Договор и оформување на индустриска зона за специфична индустрија која ќе се избере дека е од стратешко значење и ќе има целосна државна подршка.
Еве да дадам пример овие Икарус од кои што сега ќе купуваме автобуси. Имаат 100-200 вработени, се што прават е да склопуваат автобуси од кинески и германски делови. Зошто наместо да ги даваме на нив парите не направија договор со Ван Хол и други домашни фирми истото да беше направено тука? Електро и Машински можеа да учествуваат во проектирањето на автобусите, кои патем и овие на Икарус се само модифицирана верзија на Кинески модели.
Zimi se, da e do mene odma bi ti dal nobelova nagrada za ekonomija i tamu se so treba. Kako be nikoj na ova se nema seteno dosega :cautious:
 
Последно уредено:
Намалување на трошоците преку:
  1. Комплетна ревизија во труд и социјала и филтрирање на листите каде што пола партии се напикани да земаат дали социјално, дали туѓа нега, дали надувани или лажни пензии.
  2. Намалување на бирократската администрација за барем 30% и со тоа враќање на работна сила назад во економијата.
  3. Консолидација на ЈП и прекинување на тендер системот туку институциите да мораат надлежностите преку свои капацитети да ги завршат.
  4. Консолидација на општините.
Системски реформи:
  1. Отпуштање на сите судии и обвинители, и нивен повторен реизбор каде што секој обвинител и судија кои имале застарено дело или поништена пресуда не смее да се кандидира.
Крешење на увозно-трговскиот монопол каде што се фаворизира увоз и прогажба наместо домашно производство преку извршување на царинската политика зошто огромни средства излегуваат вака од државата.

Во првите 2 години почнување на барем два вистински развојни проекти дали сами дали во партнерство со некој од надвор од:
  • Енергетика
  • Менаџмент на отпад
  • Договор и оформување на индустриска зона за специфична индустрија која ќе се избере дека е од стратешко значење и ќе има целосна државна подршка.
Еве да дадам пример овие Икарус од кои што сега ќе купуваме автобуси. Имаат 100-200 вработени, се што прават е да склопуваат автобуси од кинески и германски делови. Зошто наместо да ги даваме на нив парите не направија договор со Ван Хол и други домашни фирми истото да беше направено тука? Електро и Машински можеа да учествуваат во проектирањето на автобусите.
Левица, наместо да водеше ретардирана идеолошка војна, која однапред и беше загубена, требаше од старт да започнеше со ваквите филтрирани решенија на децениските проблеми кои се пролонгираат за следниот политички мандат.

Проблемот со јавните претпријатија може да се реши, а едно од решенијата е да се ослободат од ДДВ обврска на фактурите кои ги доставуваат до градоначалникот. Пази, општината му дава буџет на тоа претпријатие кое парите ги црпи преку фактурирање, а што плаќа ДДВ од буџетот кој му е ставен на располагање (да ги тргнеме на страна сопствените извори на финансирање). Така од старт им земаш скоро 1/5 од буџетот! Или во превод, ако буџетот ми е 10 милиони денари, од овие средства треба да платам 1.8 милиони денари во данок, што нема никаква логика!

Требаат и структурни промени во самите претпријатија, каде има премногу администрација во сектор кој треба да дава јавна услуга. Ако е поевтино, поефективно и поефикасно да се има надворешно сметководство кое ќе ги работи сите економски работи, наместо тие 15-20 партиски неписмени административци, тогаш не гледам проблем со тендер-политиката. Паушалот, добро надоместокот, нека биде и 100.000, што е просечна бруто плата на еден овластен сметководител во тие претпријатија. Внатрешно сметководство онаму каде се издаваат сметки, на другите претпријатија реално и не им е потребно. Исто и правна служба, ако имаш правна служба, нема потреба да најмуваш адвокати за застапување. Крлеж-системот е за НПН на водовод и комунална, другите и реално не се интересни, ама и тој обем за надомест на штета, пред се предметите од мала вредност (до 1 милиони денари), може да го покрие било кој правник.

Може да се крати, и на кадар, и на финансии, само никој не сака да задира во партиската војска.
 
Back
На врв Bottom