Се повеќе Кинески брендови на автомбили во Македонија, дали вреди да се ризикува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Trolejbus
  • Време на започнување Време на започнување
Зборуваме за две различни работи. Продажбата на нови возила покажува што луѓето купуваат денес, а остаточната вредност покажува колку му веруваат на истиот автомобил по 5–10 години. Нов автомобил можеш да продадеш со агресивна цена, субвенции, богата опрема и маркетинг. Но не можеш со тоа да натераш некој по 8 години да го купи половен за висока цена. Тоа се гради со квалитет и репутација.
За фирми ко овие, кој продаваат по 15 милиони примероци годишно, е тотално небитно што се случува со половните возила. Фолксфаген ќе затвори фабрики со 200 000 вработени во Германија нареднава година две зашто бројката на ново продадени возила им паѓа. Мислиш дека се среќни што стар голф вреди поише него донг фенг во Македонија?

Има еден куп фирми чии примероци вредат поише него фирмата, бидејки фирмата е во банкрот.
 
Последно уредено:
За фирми ко овие, кој продаваат по 15 милиони примероци годишно, е тотално небитно што се случува со половните возила. Фолксфаген ќе затвори фабрики со 200 000 вработени во Германија нареднава година две зашто бројката на ново продадени возила им паѓа. Мислиш дека се среќни што стар голф вреди поише него донг фенг во Македонија?
Баш затоа што продаваат 15 милиони автомобили, не смеат да размислуваат само за следниот квартал. Ако ја изгубат довербата на купувачите, ќе ја изгубат и продажбата, тоа се случувало и на многу поголеми компании во минатото. Голем производител мора истовремено да се грижи за продажба, профит, квалитет и доверба во брендот. Во спротивно, пазарот одамна ќе беше преплавен со нови кинески автомобили, а никој немаше да дава X илјади евра за 5-10 години стар премиум автомобил. Очигледно купувачите сe уште гледаат вредност и доверба што не можеш да ги купиш само со пониска цена и повеќе опрема.

Што се однесува до VW, тој денес плаќа за своите стратешки грешки и задоцнети одлуки. Но од тоа не произлегува дека кинеските производители автоматски го надминале во секој аспект. Едното едноставно не е доказ за другото.
 
Веќе ја губат продажбата, не мора да збориш хипотетчки.
Не ми реплицираш на аргументот, туку повторуваш факт што никој не го оспори. Да, продажбата им паѓа, ама како тоа е доказ дека кинеските производители ги надминале во квалитет, инженерство, безбедност, софтвер и доверба?
 
Во спротивно, пазарот одамна ќе беше преплавен со нови кинески автомобили, а никој немаше да дава X илјади евра за 5-10 години стар премиум автомобил. Очигледно купувачите сe уште гледаат вредност и доверба што не можеш да ги купиш само со пониска цена и повеќе опрема.
Ти друже очигледно не знаеш што зборуваш!
Само сељачана балканерос ќе даде 10000€ за половен голф, или 15-20к за bmw-audi-merc со превртена километража.. ако за истите пари има ново кинеско електрично или хибрид!

Тоа болдираното не е дека купувачите гледаат вредност, туку авион СУВ што у Кина кошта 20к еура, ради протекционизмот у ЕУ се продава за 40к и више!
 
Не ми реплицираш на аргументот, туку повторуваш факт што никој не го оспори. Да, продажбата им паѓа, ама како тоа е доказ дека кинеските производители ги надминале во квалитет, инженерство, безбедност, софтвер и доверба?
Зашто глуп е аргументот со квалитетот на стари возила.
Збориме за производ што го имаат сега, а не нешто што извадиле пред 7,8 години.
За тоа најдобар показател е продажбата на нови возила.

Вредноста на старо возило зависи од многу други критериуми.
 
Ти друже очигледно не знаеш што зборуваш!
Само сељачана балканерос ќе даде 10000€ за половен голф, или 15-20к за bmw-audi-merc со превртена километража.. ако за истите пари има ново кинеско електрично или хибрид!

Тоа болдираното не е дека купувачите гледаат вредност, туку авион СУВ што у Кина кошта 20к еура, ради протекционизмот у ЕУ се продава за 40к и више!
Не, јас зборувам со ФАКТИ, ти зборуваш за твое лично мислење, тука е разликата. Инаку што купувачите гледаат и возат, ете излези и сам види наоколу што се вози најмногу.
Автоматски споено мислење:

Зашто глуп е аргументот со квалитетот на стари возила.
Не е аргумент за квалитетот на старите возила, туку за довербата во брендот. Ако купувачите и понатаму се подготвени да платат сериозни пари за автомобил стар 7-10 години, тоа кажува нешто за перцепцијата на квалитетот и довербата.

Збориме за производ што го имаат сега, а не нешто што извадиле пред 7,8 години.
И денешниот производ не можеш да го оцениш изолирано од историјата. Репутацијата на брендот се гради со години. Купувачите не почнуваат од нула секојпат кога ќе излезе нов модел.
За тоа најдобар показател е продажбата на нови возила.
Продажбата е важен показател, но не и единствениот. Таа покажува колку добро се продава производот, а не автоматски дека е најдобар во квалитет, инженерство, безбедност, софтвер или долгорочна доверливост.
Вредноста на старо возило зависи од многу други критериуми.
Точно, зависи од многу критериуми. И токму меѓу тие критериуми се репутацијата на брендот, довербата, квалитетот, достапноста на сервис и делови, издржливоста и побарувачката. Тоа е токму поентата што ја зборувам цело време.
 
Не, јас зборувам со ФАКТИ, ти зборуваш за твое лично мислење, тука е разликата. Инаку што купувачите гледаат и возат, ете излези и сам види наоколу што се вози
Кај да излезам бе друже?!
У европската депонија на половни возила Македонија, со плата од 400€?!?
Што очекуваш да видиш тука?
Народ што со Голф 6 GDI се осеќа ко на коњ?
 
Не зборувам за Македонија, туку генерално. И во многу побогати европски држави, каде што платата не е 400 евра, огромен број луѓе и понатаму избираат половен европски или јапонски автомобил наместо нов кинески за исти пари. Очигледно приказната не се сведува само на цената. Значи за исти пари зборуваме, не знам дали се разбираме.
 
Се разбираме, ама и не се разбираме..
Последно што видов во Германија е дека секоја втора (нова)кола е Хјундаи или Киа!
Не VW или ткз "премиум брендови"!
Тесли еден тон, MG, BYD и слични кинези не се реткост исто...
Зборувам за нови коли, а и статистиката од @Menethil тоа ти го потврдува.
 
Не, изгледа пак не се разбираме. Никој не ги спомна Tesla, Hyundai или Kia. Hyundai и Kia не се кинески производители. Зборуваме за кинеските брендови и за тврдењето дека тие ги надминале традиционалните производители. Не можеш да ми го докажуваш тоа со примери што воопшто не се кинески.
 
Ги спомнав BYD ама очигледно тебе ништо не ти значат...
А на Запад го рачуннаат за директен конкурент на Тесла, и растураат со продажба!
 
Ги имаа надминато во поглед на електрични возила, не во се. Ама на пат се и за другите работи. Немам ни сумља дека ќе се случи - кинезите веќе го направија тоа во многу покомплицирани сектори од овој.
 
Ги спомнав BYD ама очигледно тебе ништо не ти значат...
А на Запад го рачуннаат за директен конкурент на Тесла, и растураат со продажба!
BYD е сериозен производител, но не е мерило за целата кинеска автомобилска индустрија, ниту за секој кинески автомобил од 15 илјади евра. Затоа нема потреба да се користи како аргумент за сите кинески производители.
 
Не зборувам за Македонија, туку генерално. И во многу побогати европски држави, каде што платата не е 400 евра, огромен број луѓе и понатаму избираат половен европски или јапонски автомобил наместо нов кинески за исти пари. Очигледно приказната не се сведува само на цената. Значи за исти пари зборуваме, не знам дали се разбираме.
вакво нешто нема - бар не во иста луксузна категорија. Новите кинези се 10-20% поефтини од европските + фул опрема најчесто, ама не се поефитни од половен европски или јапонски.
 
Back
На врв Bottom