Се повеќе Кинески брендови на автомбили во Македонија, дали вреди да се ризикува?

  • Креатор на темата Креатор на темата Trolejbus
  • Време на започнување Време на започнување
Ај важи, не знам што е аудит..
У дрекслер имам работено, добро знам кои лајна се германците, и кој фалш се крие зад беџот!

Ова сум го слушнал од многу наши што работат по фабрикиве кои произведуваат ситни делови електрика за Германскиве коли дека се работи лошо и многу има фалш. Очигледно е дека Европјаниве го губат компасот и нема да бидат конкурентни на Кинезите во иднина, додека Јапонците со нивната перфекција и традиција мислам ќе си ја задржат главната клиентела која не бира само најниска цена.
 
Тоа што ќе ги има повеќе на улиците не е доказ дека се на исто рамниште со BMW, Mercedes и Audi. Dacia ја има на секој чекор во Европа, па никој не вели дека е премиум бренд. Количината на продадени автомобили и премиум статусот не се иста работа
Не реков дека по квалитет ке се на исто рамниште ама веќе забегаа со цениве тоталка што ги прави потешко достапни е сеа од другава страна имаш со иста опрема далеку поефтино и јбг рецесијата ке си го направи своето
 
Ова сум го слушнал од многу наши што работат по фабрикиве кои произведуваат ситни делови електрика за Германскиве коли дека се работи лошо и многу има фалш. Очигледно е дека Европјаниве го губат компасот и нема да бидат конкурентни на Кинезите во иднина, додека Јапонците со нивната перфекција и традиција мислам ќе си ја задржат главната клиентела која не бира само најниска цена.
Добро си чул!
Ја после тоа, реков мерцедес никад у живот ;)
А комплет електрика на Ц-класа се правеше, ја на кокпит бев, на тој харнес..
До утре можам да ти кажувам што се пушташе и како...
Само побрзо, повеќе, побрзо, повеќе..
К немаше од квалитет, дури и фалшови минеа..
 
Нив не ги маваат со царини како кинезите!
Не смеат, Трамп ќе ги ебе!
Додуша пред некоја година отворија giga-factory у Берлин баш за Y моделот..
Ама и кинезите се на пат да отвараар фабрики во Еу.. па ќе заобиколат некои царини..
Живи били па видјели -викаат србите
Нека заобиколат слободно, конкуренцијата е добра за сите. На крајот купувачот ќе одлучи кој нуди подобар производ, а не политиката
 
Епа очигледно политиката игра битна улога..
Да не е таа, ќе имаш кинески конкуренти на Y моделот за 25к еура, двојно поефтино..

Европјаните ни со сите светци не можат да се приближат на нив! (рачунај тесла е америчка)
 
Политиката има влијание, не спори никој. Но ако кинеските производители навистина се толку далеку пред сите, тогаш нема да им биде проблем да конкурираат и со фабрики во Европа. Добар производ ќе си го најде патот
Автоматски споено мислење:

Не реков дека по квалитет ке се на исто рамниште ама веќе забегаа со цениве тоталка што ги прави потешко достапни е сеа од другава страна имаш со иста опрема далеку поефтино и јбг рецесијата ке си го направи своето
Кога купиваш автомобил од 30-40 илјади евра, опремата е само еден дел од приказната. Безбедноста, возното искуство, квалитетот на изработката, довербата во брендот, сервисната мрежа, резервните делови и препродажната вредност се исто толку важни.

Поголем екран и повеќе гаџети сами по себе не го прават автомобилот подобар.
 
Добро си чул!
Ја после тоа, реков мерцедес никад у живот ;)
А комплет електрика на Ц-класа се правеше, ја на кокпит бев, на тој харнес..
До утре можам да ти кажувам што се пушташе и како...
Само побрзо, повеќе, побрзо, повеќе..
К немаше од квалитет, дури и фалшови минеа..
Odkako ja zavrsija seriata na A4 B9 koe bese najprodavano audi i go zedoja A6 C9 i mislea deka ke se bara kako A4 i se trgna nadolu. A5 B10 dve godini nemozi da trgni proektot i radi nego si go dadoja VS20 autarke,dah i cockpit. Unistia proekt koj bese zapocnat od 2009 vo spania a kaj nas zapocna 2011 i proizvedvase po 240 koli vo edna smena. Probvat da go vratat ama tesko. Spancite ne go davaat nazad. Toe ko ke postavis menazer od ulica. Bitna e brojkata na semaforot a deka falat moduli to ne e bitno. Mk i se e mozno
 
Ова сум го слушнал од многу наши што работат по фабрикиве кои произведуваат ситни делови електрика за Германскиве коли дека се работи лошо и многу има фалш. Очигледно е дека Европјаниве го губат компасот и нема да бидат конкурентни на Кинезите во иднина, додека Јапонците со нивната перфекција и традиција мислам ќе си ја задржат главната клиентела која не бира само најниска цена.
АКо се случуваат срања по европските фабрики и има лош квалитет можеш да замислиш во Кина што се случува ..
 
Како на пример кој гигант?
Автоматски споено мислење:

Одма ќе се појави сега некој падобранец да те убедува дека се на исто рамниште, дури и дека кинезот е МНОГУ ПОЈАК! :)
Не се на исто рамниште туку Кинеските возила ги водат во моментов. Не можат да признаат дека се години назад и измислуваат приказни за мали деца.

Електричните возила немаат толку механички компоненти како класичните возила. Токму во тие комопоненти европски/германските производители имаа предност бидејки ги прават со децении. Сега во електричните/хибрид возила, најбитна е батеријата и софтверот, и со тоа предноста која ја имаа европските возила е избришана.

Е кога веќе почнуваат од иста точка, сосема логично е земјата која произведува све живо дека ќе извади подобар и поефтин производ од тебе.
Автоматски споено мислење:

АКо се случуваат срања по европските фабрики и има лош квалитет можеш да замислиш во Кина што се случува ..
Европските брендови одамна произведуваат и продаваат во Кина. Значи квалитетот никогаш не бил проблем, веќе произведувале таму. Моментално го губат пазарот таму од Кинески брендови, кој ги стигнаа и престигнаа во технологија и методи на производство. Единствено нешто што ги штити да опстојат е брендот и државна протекција во Европа.
 
Не се на исто рамниште туку Кинеските возила ги водат во моментов. Не можат да признаат дека се години назад и измислуваат приказни за мали деца.

Електричните возила немаат толку механички компоненти како класичните возила. Токму во тие комопоненти европски/германските производители имаа предност бидејки ги прават со децении. Сега во електричните/хибрид возила, најбитна е батеријата и софтверот, и со тоа предноста која ја имаа европските возила е избришана.

Е кога веќе почнуваат од иста точка, сосема логично е земјата која произведува све живо дека ќе извади подобар и поефтин производ од тебе.
Да беше доволно само да произведуваш батерии и дисплеи, одамна ќе беа исчезнати BMW, Mercedes, Toyota и Honda. Реалноста е дека автомобилот е многу повеќе од тоа. Факт е дека електричните возила имаат помалку механички компоненти од класичните, но не зборуваме само за електрични возила, туку за целата автомобилска индустрија. Значи не е спорно дека Кинеските брендови напредуваат брзо, но доверба и репутација не се купуваат за 5 години.

И друга работа, во моментов ниеден кинески производител не го достигнал нивото на Tesla кога станува збор за софтверот и OTA екосистемот, кога веќе спомна софтвер погоре.
 
Како би било одамна, кога ова релативно нова работа - електричните и хибридите земаат замав во последнава деценија. Не можеш да влечеш историска паралела на нова технологија.

Не е само батерии и дисплеј, туку и софтвер, електроника, најбитните компоненти во новите возила. Да не зборам за процесот на прозиводство - автономни фабрики и тн.

Кинеските возила сега се ко Јапонските кога прв пат влегле на пазарот.
Скептични се луѓето за репутацијата, еве дури и јас, меѓутоа со време цена/перформанс го добива пазарот. И тоа не значи дека ќе исчезнат, туку дека ќе ги изгубат интернационалните пазари а дома државите ќе ги штитат со протекција дур не застанат на нозе.
 
Odkako ja zavrsija seriata na A4 B9 koe bese najprodavano audi i go zedoja A6 C9 i mislea deka ke se bara kako A4 i se trgna nadolu. A5 B10 dve godini nemozi da trgni proektot i radi nego si go dadoja VS20 autarke,dah i cockpit. Unistia proekt koj bese zapocnat od 2009 vo spania a kaj nas zapocna 2011 i proizvedvase po 240 koli vo edna smena. Probvat da go vratat ama tesko. Spancite ne go davaat nazad. Toe ko ke postavis menazer od ulica. Bitna e brojkata na semaforot a deka falat moduli to ne e bitno. Mk i se e mozno
Ете, не знаев што прават сега.. ја пред 10-15год работев таму...
Џерманци и наши вмарони без два грама акл беа менаџери..
Ако конкретно мојата линија имаше такт од 300сек у Румунија, нас тука на 180сек не пукаа! :cautious:
И кога ќе дојдеше аудит, магично линиите успоруваа на 300сек додека не поминат костимосаните.
Се глумеше театар, и германците глумеа бетер од нашите!
Ја на тест станица, сам иако двајца требаше да тестираме... и поправав, и тегнев, и лепев, и конектори мењав, и контакти...
буквално голи жици изолирав и прикривав за да не се враќа на re-work!
Се тоа по барање и амин на шефовите!
На модулите за врата што се далеку поедноставни, буквално со нога ги газеа на земја едниот крај, и ги тегнеа жиците буквално да пукаат, доколку им фалеше должина на крај...
Јас магии правев за оптетени пинови да ги ставам да имаат контакт!

Кој не бил и не работел, не знае и германците кои кловнови беа...
Селектираме отпад пред нив, а на крај на смена се заедно у еден контејнер :pos:

Ама мерцедес разбираш:rolleyes:
Автоматски споено мислење:

Да беше доволно само да произведуваш батерии и дисплеи, одамна ќе беа исчезнати BMW, Mercedes, Toyota и Honda. Реалноста е дека автомобилот е многу повеќе од тоа. Факт е дека електричните возила имаат помалку механички компоненти од класичните, но не зборуваме само за електрични возила, туку за целата автомобилска индустрија. Значи не е спорно дека Кинеските брендови напредуваат брзо, но доверба и репутација не се купуваат за 5 години.

И друга работа, во моментов ниеден кинески производител не го достигнал нивото на Tesla кога станува збор за софтверот и OTA екосистемот, кога веќе спомна софтвер погоре.
Човек, убаво ти кажа Менетил...
остатокот од колата е буквално штанцан од роботи, преси, машини...
Делот кај што имаа историска предност: мотор-пренос, е одамна умрен, само никој не им кажал ;)

Ја верувам дека и по квалитет се стигнати од неколку кинески брендови...
Да не е протекционизмот, умрени ќе беа скроз до сега!
 
Како би било одамна, кога ова релативно нова работа - електричните и хибридите земаат замав во последнава деценија. Не можеш да влечеш историска паралела на нова технологија.
Со тоа што дискусијата ја сведуваш само на EV, го игнорираш фактот дека зборуваме за целата автомобилска индустрија. Никој не оспорува дека иднината е во електричните и хибридните возила и дека нивниот удел на пазарот ќе продолжи да расте. Арно ама автомобилот не почнува и не завршува со батерија и екран. Затоа ни репутацијата на еден производител не почнува од првиот успешен електричен модел.

Не е само батерии и дисплеј, туку и софтвер, електроника, најбитните компоненти во новите возила. Да не зборам за процесот на прозиводство - автономни фабрики и тн.
Точно, не се само батерии и дисплеи. Софтверот, електрониката и автоматизацијата во производството се многу важни. Но тоа не значи дека останатите производители ги немаат или дека Кина има монопол врз нив. Современиот автомобил и понатаму е шасија, кочници, суспензија, безбедносна структура, квалитет на изработка, термален менаџмент, калибрација и долгорочна издржливост. Екран и добар софтвер не можат сами да ги надоместат слабостите во тие области.

Инаку автономните фабрики не се кинески изум. BMW, Mercedes, Toyota и други со децении користат роботизирано и високо автоматизирано производство. Разликата не е кој има повеќе роботи во промотивно видео, туку каков производ излегува од фабриката, колку е конзистентен и како се покажува по 5–10 години.

Кинеските производители имаат реална предност кај дел од моделите по цена и опрема, брзина на развој и некои технологии. Но од тоа до заклучокот дека веќе ја водат целата автомобилска индустрија има голема разлика. На крајот, пазарот е најдобриот судија. Ако некој автомобил и по 5–10 години се уште има висока вредност и побарувачка, тоа значи дека луѓето имаат доверба во него. Ако за краток период има многу поголем пад на вредноста, тоа покажува дека пазарот се уште не му верува на исто ниво. Ваљда јасно ти е како стојат во тој дел Кинезите.

Кинеските возила сега се ко Јапонските кога прв пат влегле на пазарот.
Скептични се луѓето за репутацијата, еве дури и јас, меѓутоа со време цена/перформанс го добива пазарот. И тоа не значи дека ќе исчезнат, туку дека ќе ги изгубат интернационалните пазари а дома државите ќе ги штитат со протекција дур не застанат на нозе.
Баш примерот со Јапонците е во прилог на тоа што го зборувам. И тие поминаа децении додека ја изградат довербата што денес ја имаат, никој не им ја даде преку ноќ
 
Со тоа што дискусијата ја сведуваш само на EV, го игнорираш фактот дека зборуваме за целата автомобилска индустрија. Никој не оспорува дека иднината е во електричните и хибридните возила и дека нивниот удел на пазарот ќе продолжи да расте. Арно ама автомобилот не почнува и не завршува со батерија и екран. Затоа ни репутацијата на еден производител не почнува од првиот успешен електричен модел.

Точно, не се само батерии и дисплеи. Софтверот, електрониката и автоматизацијата во производството се многу важни. Но тоа не значи дека останатите производители ги немаат или дека Кина има монопол врз нив. Современиот автомобил и понатаму е шасија, кочници, суспензија, безбедносна структура, квалитет на изработка, термален менаџмент, калибрација и долгорочна издржливост. Екран и добар софтвер не можат сами да ги надоместат слабостите во тие области.

Инаку автономните фабрики не се кинески изум. BMW, Mercedes, Toyota и други со децении користат роботизирано и високо автоматизирано производство. Разликата не е кој има повеќе роботи во промотивно видео, туку каков производ излегува од фабриката, колку е конзистентен и како се покажува по 5–10 години.

Кинеските производители имаат реална предност кај дел од моделите по цена и опрема, брзина на развој и некои технологии. Но од тоа до заклучокот дека веќе ја водат целата автомобилска индустрија има голема разлика. На крајот, пазарот е најдобриот судија. Ако некој автомобил и по 5–10 години се уште има висока вредност и побарувачка, тоа значи дека луѓето имаат доверба во него. Ако за краток период има многу поголем пад на вредноста, тоа покажува дека пазарот се уште не му верува на исто ниво. Ваљда јасно ти е како стојат во тој дел Кинезите.

Баш примерот со Јапонците е во прилог на тоа што го зборувам. И тие поминаа децении додека ја изградат довербата што денес ја имаат, никој не им ја даде преку ноќ
Дефинитивно пазарот е најдобар судија. Ама не на антиквитетити, туку пазарот на нови возила. А таму трендот не ти оди на прилог на муабетот.
Автоматски споено мислење:

Ете, не знаев што прават сега.. ја пред 10-15год работев таму...
Џерманци и наши вмарони без два грама акл беа менаџери..
Ако конкретно мојата линија имаше такт од 300сек у Румунија, нас тука на 180сек не пукаа! :cautious:
И кога ќе дојдеше аудит, магично линиите успоруваа на 300сек додека не поминат костимосаните.
Се глумеше театар, и германците глумеа бетер од нашите!
Ја на тест станица, сам иако двајца требаше да тестираме... и поправав, и тегнев, и лепев, и конектори мењав, и контакти...
буквално голи жици изолирав и прикривав за да не се враќа на re-work!
Се тоа по барање и амин на шефовите!
На модулите за врата што се далеку поедноставни, буквално со нога ги газеа на земја едниот крај, и ги тегнеа жиците буквално да пукаат, доколку им фалеше должина на крај...
Јас магии правев за оптетени пинови да ги ставам да имаат контакт!

Кој не бил и не работел, не знае и германците кои кловнови беа...
Селектираме отпад пред нив, а на крај на смена се заедно у еден контејнер :pos:

Ама мерцедес разбираш:rolleyes:
Автоматски споено мислење:

Човек, убаво ти кажа Менетил...
остатокот од колата е буквално штанцан од роботи, преси, машини...
Делот кај што имаа историска предност: мотор-пренос, е одамна умрен, само никој не им кажал ;)

Ја верувам дека и по квалитет се стигнати од неколку кинески брендови...
Да не е протекционизмот, умрени ќе беа скроз до сега!
Брендот сеуште игра улога - германските возила се престиж дури и во Кина. Меѓутоа мое мислење дека се што не е лукс бренд, ќе биде остане само во Европа да се продава. Европа нема веќе капацитет да произведе нешто квалитетно за добра цена.
 
Дефинитивно пазарот е најдобар судија. Ама не на антиквитетити, туку пазарот на нови возила. А таму трендот не ти оди на прилог на муабетот.
Зборуваме за две различни работи. Продажбата на нови возила покажува што луѓето купуваат денес, а остаточната вредност покажува колку му веруваат на истиот автомобил по 5–10 години. Нов автомобил можеш да продадеш со агресивна цена, субвенции, богата опрема и маркетинг. Но не можеш со тоа да натераш некој по 8 години да го купи половен за висока цена. Тоа се гради со квалитет и репутација.
 
Back
На врв Bottom