Really? Па тогаш немој да се буниш кога ти бараат по 2500+ евра од квадрат. Цела мк се бори за тие станови.
И еве хипотетички, фирмата твоја да смени локација во некоја индустриска зона и да треба да патуваш по 40 - 50 километра на ден. Ќе дадеш отказ?
Барем стилски да се градеше, вака задната тераса ти гледа во задната тераса на соседот во соседната зграда, а предната тераса ти гледа на улица. Во одредени комплекси немаш ни грам приватност. Не може ветер да те фати. Настрана магла, смог и прашината која се дише. Настрана дискотеки, кафичи, дрифтање, викање, дерење. Настрана и сета секојдневна драма во комплексот.
Секогаш ќе одберам куќа, па и стан на периферија отколку во централното градско подрачје. Од дома до работа ми требаат 20-25 мин, по обиколница, со кола. Имам 5 маркети на 5-10 минути пешки. Имам пазар и градинка. Имам училиште. И тие ми се на 10 мин. Пилот населба градена по земјотресот. Мирно, академска тишина. Едно време имаше кафич, среќа, се затвори. Испитите на летните семестри ги спремав надвор, на тераса.
Куќата си има маана, секогаш имаш некоја закачка, ама од друга страна имаш просторен капацитет. Еве, ние сме во фаза подрумот да го направиме гарсоњера, нешто што во Центар ќе треба да го платиш најмалку 50.000-60.000 евра. Просторот го имаш, треба нешто да инвестираш, да го средиш, и ќе имаш засебен животен простор, ако утре за нешто ти притреба.
Кога го менувавме кровот, со дозвола, направивме поткровје, и тука треба да се среди, изолација, патос, струја...си бара инвестирање...ама имаш уште една соба, простор кој не можеш да го измислиш во станот од 50 квадрати.
Во двор имаме објекти, шупи, тврда градба, а имаме и простор за гаража, над неа да направиме двор-зеленило. Да, и овој простор не е неограничен, ама може да се менаџира, а оди во висина, да го преобликуваш, да го дотеруваш.
Сега имаме и летна тераса, за скара, за друштво, и тоа беше ситна инвестиција.
Можеби е навика, можеби е нешто друго, ама дефинитивно сум за нешто на страна од центарот на градот. Еве, дури и поевтина варијанта е имот и монтажна куќа отколку стан. Ова го зборувам за животен простор, а не за купување за рентање.