Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
IMG_3888.jpeg
IMG_3887.jpeg
Значи требаше цела држава да збесне за да се поправи? А ако сите ќутеа?
Ќути барем се смени не сме резил.
Плукни залепи све као демек не видел.
 
Ако канализацијата се пуштала во Вруток, дали се безбедни за користење пастрмкиѕте од локалните рибници ?

Жити младост не коментирај нешто што си прочитал по интернет и мислиш дека е вистина.
А вистината е дека изворот на Вардар нема никаква врска со канализација . Вардар извира такаречи во најгорниот дел на Вруток и реката не оди низ сред село туку покрај село во близина на неколку куќи. Вардар е толку мал од изворот што изгледа дури и смешно кога ќе речат најголема река во Македонија. Поголемата вода доаѓа од испустите од хидроцентралите Вруток и Равен, а таа вода доаѓа од Мавровско езеро кое се полни од водите собрани од Шар планина и Бистра (ова е ремек дело направено во времето на Тито, а смислено од заробен германски војник инженер и пуштено во употреба 1958 год.)
Инаку за информација Вруток не пие вода од изворот на Вардар ( и за мене чудно) туку од друг посебен водовод кој нема врска со овој во Гостивар.
 
А шо чека централната власт? Локалците немаат моќ да заташкат труење од такви размери, настан шо го проследија и регионалните медиуми.

Мукла е во Скопје, не се дрзнуваат ниту политички да поентират на трагедијата камоли да спроведат истрага.

Комуњара не само што ја продаде државата, туку и толку ги падна стандардите на очекување што веќе никој не ги смета за политички противник што дури и труење на пола град не ги загрижува властите за политичкиот рејтинг.

Од друга страна, над 10.000 комбинирано земаа гласови во Кочани, шо те тера да се замислиш дали овој народ и заслужува било каква истрага за било што.
Кога ќе слушнеш како директорката со денови упорно тврди дека од сонцето е, а не е од водата, одма ти станува јасно од кој партиски штаб е излезена. Ако реалноста не ти одговара обвини го сонцето, летото и граѓаните што воопшто сакале да се напијат вода. Важно е фотелјите да се сигурни, а народот нека се снаоѓа со инфузии.
 
Прегледај го приврзокот 483071
Прегледај го приврзокот 483072
Значи требаше цела држава да збесне за да се поправи? А ако сите ќутеа?
Ќути барем се смени не сме резил.
Плукни залепи све као демек не видел.

Не можам да се сетам кој проблем го решил зоти Орцеми...:unsure:
 
Не насанкуваат на иста фора по 100ти пат. Во време кога имаме масовно труење преку вода во еден град, се заташкува и нема никаква одговорност од никому, притоа ти излага одговорната личност и ти вели “Абе само еден ден со илегална пумпа стаивме од Вардар вода, не треба да е нешто страшно тоа“, ние дозволуваме да сме спинувани со банер од ChatGpt, па да си правиме мемиња, да си пишуваме статуси, вниманието тргнато тотално од главниот проблем. И тоа пази колку паметно не работат, си употребуваат најнебитни работи, ако пак се кандидира за градоначалник Орце никој нема ни да памти ова, буквално 0 штета на углед и репутација, а постигната целта да се спинува во целост. Да бевме нормална држава, домот на сите одговорни околу ова со водата ќе беше опколен, досега или ќе беа избегани од државата да спасат жива глава одговорните или ќе беа притворени, тука мемиња си правиме. И овие “опозициите“ ко Сдс и Бујар што се уствари едно исто со “владеачите“, нормално дека ќе пишуваат статуси за нозете на коњот и за немање албански јазик на билборот. Кога гледам колку сме прости и лесно манипулативни како народ, скроз заслужуваме се што ни се случува.
 
Го претераа. Од 14 јули почнале со масовно барање на медицинска помош, околу 1000-1200 лица. Од 17 јули забраниле користење вода за пиење. А максимум до 3 дена се прават тестови од копрокултура. За аденовируси и ротавируси, за неколку часа.
Си го штитат задникот меѓу себе.
Немале доволно примероци, мижи Митро. Ќе одат кај пациентите ако немаат, ќе им земат примероци.

Банана? Ни мушмула не сме. Луѓе се тоа, ниту стока се остава да боледува.
 
А новинарите, огледало на државата


Епидемија во Гевгелија, колку е безбедна водата што ја пиеме?​

Институтот за јавно здравје очекува Центарот за јавно здравје Тетово да донесе одлука за прогласување епидемија, додека анализите на водата ќе бидат готови денес.

:eek:
 
Неспособност сама по себе не е штетна, особено кога не си на одговорна позиција каде твоите постапки не носат до катастрофални последици. На пример, учител си по ликовно, не си ги научил децата како да цртаат портрет, не е идеално, али не е страшно. Контролор си на ЈСП, не си забележал некој без карта, во ред, не е најстрашна работа во свет.

Али на одговорни места каде животи се во прашање, каде ти треба добар кадар, кога ќе изнапикаш партиски послушници и неспособни паразити, последиците можат да имаат смртни последици (од автобуси што не треба да поминат технички прелгед, а поминуваат и тоа носи до кобни последици - до тоа да цел град да е отруен пошто пијат вода што е контаминирана од фекалии и господ знае какви одпадни индустриски води, ради дејствија на јавно претпријатије и општина). Ради тоа и ваквите позиции и постапки се проследени со кривичен прогон пошто се штетни по живот (во функционални демократии и авторитарни општества, реакцијата е иста). За вакви дела се лежат озбилни години затвор (како и за бодење малолетник со нож 7 пати, летање со државен авион на одмор, и тн). Да имавме независно судство и обвинителство (пипците на партиите да не беа вмешани во избори на судии и обвинители, за да си овозможат грабеж без пречки), и МВР да си ја вршеше работата која им е законска должност да ја вршат (не се на пикник кога носат униформа, него вршат државна должност), овие луѓе ќе беа во зандани долги години. Ова се е последица на партизирање на државен систем, и истиот нема механизми да се само-поправи (поправање би значело помала можност за крадење, злоупотреба на власт, пикање на наши неспособни деца по институции).

Ова е последица на целиот овој систем на племенско-партизирање на секој дел од државата, како кланови си бираат кој со што ќе владее и се штитат, пазарат се со цел да си остварат свој интерес. Кога ќе направат штета (како во примеров, ќе сјебат јавно здравје), никој не лежи затвор, никој неќе оставка да си даде од морални причини, или барем срам да го фати дека ги изневерил соседите, луѓето околу нив. Додека државава не почне да работи по закон, и не ги скине пипците на партиите, ќе продолжи да тоне.
 
Последно уредено:
А новинарите, огледало на државата


Епидемија во Гевгелија, колку е безбедна водата што ја пиеме?​

Институтот за јавно здравје очекува Центарот за јавно здравје Тетово да донесе одлука за прогласување епидемија, додека анализите на водата ќе бидат готови денес.

:eek:
Ovie pa nepismenive novinari isto tolku sposobni ko tie sho gi kritikuvaat.
Gostivar ili Gevgelija nema vrska moze I Gradsko e, gradot so G sho pocnuvase.
 
„Игра за публика“...

Ќе се договорат во колацијата на власт и сите ќе бидат задоволни...освен затруените гостиварчани.
 
Неспособност сама по себе не е штетна, особено кога не си на одговорна позиција каде твоите постапки не носат до катастрофални последици. На пример, учител си по ликовно, не си ги научил децата како да цртаат портрет, не е идеално, али не е страшно. Контролор си на ЈСП, не си забележал некој без карта, во ред, не е најстрашна работа во свет.
Е тука си грешка! И тоа огромна!
Неспособноста почнува баш таму каде што пиша дека не е битна!
Па затоа и имаме ваков партиско-пацовски кадар, и способни луѓе што гледаат гитла да фанат од црнава дупка!

Оти ќе ти предава хемија некоја со нутриционизам дисперзиран смер Свирипичино што не знае формула за вар да напише, не па нешто друго!
Што ќе ти предава англиски некоја џанка завршена у бугарија или на приватниве, а децата денес поише знаат англиски од неа!
Што македонски ќе ти предава некоја што се ебела по штабови, а самата двојки-тројки вадела на писмена!
И да не редам у бескрај!

Како рече некој... ова е време "одмазда лоших ѓака"! ;)
 
„Игра за публика“...

Ќе се договорат во колацијата на власт и сите ќе бидат задоволни...освен затруените гостиварчани.
Со години за вакви работи никој не сносеше одговорност и сè се заташкуваше...
 
Back
На врв Bottom