За жал гроундхопингот, ултрас културата и воопшто спортската култура се на многу ниско ниво кај нас, што од лошиот спорт, што од немаштија, што од други приоритети но нејсе. Од 2016 до 2024 живеев во Германија и искрено нема подобра западна земја за да се заразиш со тифо култура.
Во Германија бев скоро редовен на Ајнтрахт Франкфурт (кога и да најдев карта),а две сезони преку познаник од Босна имав и сезонска карта за NWK трибината каде што се сместени разно разните ултрас групации од Франкфурт. Интересно е што на оваа трибина како членови на ултра групациите можеш да сретнеш од доктори, професори до наркомани, криминалци, алкоси како едно до едно гушнати пејат и пијат. Инаку самите утакмици се спектакл и мора да си испланираш цел ден поради гужвите но исто понудата на забава во и околу стадионот и за деца и за возрасни е огромна. Пред стадионот има разни тезги со пиво, колбаси и переци. Исто има неколку кои ги држат самите ултрас франкфурт, па сиот профит од нив се донира за групата. Исто ултрасите имаат пред влезот на стадионот контејнери за донации преку кои се финансираат кореографиите. Инаку самите УФ97 се поделени на неколку подгрупи од кои дел од нив имаат сопствени задачи како на пример Биндинг Сцене кои се задолжени околу креативниот дел како графити и кореографии, Дроогс ФФМ кои ја водат групата од правен аспект, прават ПР ,ги водат форумите и ги организираат состаноците на групата и Бригаде Насау кои се задолжени за проблемите, како бранење на трансови, пиротехника, bare knuckle тепачки итд. Исто овие подгрупи се поделени на уште помали групации преку кои се организираат гостувањата. И уште нешто доста интересно се изненадив колку наши дијаспорци претежно таму родени можеш да начекаш да одат со Ултрас Франкфурт 97, најголем дел од источна Македонија, но и од Битолско-Охридскот крај.
Покрај Франкфурт, сум ги посетил скоро сите стадиони во покраината Хесен од 1 до 4 лига, Дармштад од тука ќе ги издвојам како група и воопшто атмосфера што позитивно ме изненади.
Исто сум бил долж попреку по скоро сите поголеми фудбалски градови кои вредат да се посетат. Од Кајзерслаутерн на запад (најзаебан гостински блок, бидејќи е премногу стрмен), до Динамо Дрезден на исток и од Баерн Минхен (иако атмосферата е далеку подобра и "понародска" на Минхен 1860) до Хамбург и Росток на север. Стадиони според мене кои вредат да се посетат, апсолутно на Шалке, А. Франкфурт, Кајзерслаутерн, Хамбург, Ханза, Динамо Дрезден, Минхен 1860, Дармштад. Од друга страна преценети стадиони и за жал искомецијализирани се Алианц Арена и Сигнал Идуна Парк. Две дербиња кои не се познати кај нас а атмосферата е лудило е Брауншвајг - Хановер и според мене најподеленото дерби во Германија Локомотива Лајпциг против Хеми Лајпциг, за 8-10€ добивате лудило. Имено Локо се повеќе десно ориентирани, а Хеми се лево ориентирани искрено никогаш не знаев дека градот е до толку поделен и до толку би се мразеле германците меѓу себе.
Исто и по европа имам јаки причи и сум посетил стадиони во Холандија (Волендам, Венло, Емен, Фортуна Ситард), Белгија (Стандард Лиеж, Андерлехт), Шпанија (Реал Сосиедад, Атлетик Билбао, Алавес), Австрија (скоро сите сум ги посетил но најмногу впечаток ми оставиле Австрија Салцбург и Рапид Виена), Шведска (исто позитивно изненадување дербито АИК - Јургорден, по нашки Џургарден),Италија (исто одлична земја за љубителите на тифото), Чешка (Спарта и Славија) и нормално скоро цел балкан и огромен дербиња било фудбал или кошарка(во Србија и Грција).
Да знае жена ми колку пари сум оставил на фудбал и генерално спорт ќе ме исфрли од дома. Желба голема ми се Марсеј - ПСЖ и Лион - Ст. Етиен но за жал не можев никако да дојдам до карта. Али следно би сакал малце на исток да се префрлам во земји како Полска и да се среди ситуацијата Русија обавезно, па од Русија слушнавме прича, ако некој има нешто од Полска да сподели би сакал да прочитам.
Ви посакувам на сите среќна и успешна 2026 и честит Божиќ.
ПС.Доколку планирате посета на Германија и сакате фудбал екипи каде што за евтини пари и наједноставно може да најдете карта преку нивниот сајт се: Мајнц, Хофенхајм, РБ Лајпциг, Леверкузен и Волфсбург од Бундеслига 1 и Херта од Бундеслига 2.
Дебил сум си го заборавив пасвордот, а не знам и кој мејл сум го користел за профилов, па ќе пишам од новиот. Ај бидејќи уште не почнала сезоната и тифото во Мкд е во "летен" сон еве ви една прича. Летово во Охрид имав чест да пијам пиво со дедо Чарли роден 1939 и еден од пионерите на навивањето во Франкфурт. Човек кој и ден денес на 87 години кога е во можност не пропушта утакмица на Ајнтрахт, само ми се пожали дека последниве 10 години имал проблеми со колената па бил на седечка трибина, а му било премногу мака што не е меѓу ултрасите на Северозападната трибина на легендарниот Валдштадион.
Франкфурт е еден од првите градови во Германија со организирано навивање кое датира од 1932 и финалето на лигата против Нирнберг на гости, тогаш организирано се упатиле 5000 навивачи со воз према Нирнберг и од тогаш еве веќе 94 години навивачите го бодрат Ајнтрахт било каде со мали прекини за време за втората св. војна и корона кризата.
Братот Чарли прв пат отишол на стадион во 1948 со дедо му и од тогаш се заљубил во навивањето и фудбалот, а подоцна и во пивото и бил присутен на едно од најмасовните гостовања во финалето на германската лига (тогаш двете најдобри екипи играле финале) во 1958, кога дури 35000 навивачи на Франкфурт се упатиле кон Берлин за утакмицата против најголемиот ривал на Ајнтрахт, Кикерс Офенбах. Тогаш немало да се купи карти пред утакмица, па чекале дури 8,9 сати пред почеток да купат карта, а за околу 20000 навивачи немало веќе карти, па се снаоѓале на најразлични начини да влезат на стадион, некои со сила, некои со итроштина, а трети со лудост, качувајќи се покривот на олимпискиот стадион. После утакмицата имало бркотници помеѓу навивачите по Берлин, каде што не се знаело кој кого мава и често се случувало навивачите од иста екипа да се тепаат меѓу себе, бидејќи мал дел и од едните и од другите носеле клупски обележја, а Франкфурт и Офенбах ги дели Мајна и неколку км па и дијалектот им е сличен и не можеле да се распознаат кој за кого е и се млателе каде ќе стигнеле, но накрај се се завршувало "џентлменски" во некој паб, каде што тепачите и тепаните си оделе заедно на пиво.
Во 1960г на утакмицата помеѓу Ајнтрахт и Глазгов Ренџерс биле забележани и првите бакљи и пиротехника во Германија, а тие што ги запалиле добиле и казни затвор и воедно тоа биле едни од првите случаи на апсење на навивачи во Германија.
Во 70-тите и 80-тите со доселувањето на огромен број на гастарбајтери во Франкфурт, пред се од Италија, Шпанија, Југославија и Турција, групата добива некој медитеранско-балкански шмек и повеќето групи (кои биле најчесто поделени по населби и дружини) се групираат во една организирана екипа "Блок Г" (по името на трибината каде што биле сместени овие момци) и специфично за нив биле фармерските елеци со беџови од Ајнтрахт кои и ден денес можат да се видат кај постарите генерации на стадион.
Крајот на 1980-тите исто го обележува одделувањето на две фракции од Блок Г бидејќи според нив почнувало да се губи германското во групата и така настануваат денес забранетите Адлерфронт и распаднатите Пресверк. Адлерфронт имаат уште симпатизери но се забранети поради нивното политичко делување на избори за НПД и се претежно од населбите околу стадионот, Нидерад и Шванхајм, а Пресверк биле една од најдобрите хулигански екипи во Германија, но биле распаднати од сегашната подгрупа Бригаде Насау поради превласт на трибина и други интереси. Инаку Пресверк биле екипа претежно од Руселсхајм, мало гратче западно од Франкфурт (познато по Опел). И ден денес Руселсхајм важи за бастионот и срцето на Ајнтрахт, имено кога Ајнтрахт во 1899 бил формиран со спојување на неколку клубови, симпатизерите на тие клубови не можеле да се помират со тоа и некои престанале да одат на фудбал, а некои го формирале ФСВ Франкфурт исто во 1899 како противтежа на Ајнтрахт и поголем дел од Франкфурт го подржале формирањето на ФСВ, додека Руселсхајм во тој момент имал младо население, развиена индустрија, околу 60.000 жители ама немале фудбалски клуб, па еден од основачите на Ајнтрахт бил од Руселсхајм и така таму Ајнтрахт добил огромна и безрезервна поддршка од старт.
1990-тите ги одбележуваат разните реквизити, како маици, шалови, рибарски шешири, капчиња, шорцеви и издавањето на првите фанзини и списанија. Исто така важна е смената на генерации и прегрупирањето и преименувањето на главната навивачка група од Блок Г во Ултрас Франкфурт 97.
Интересно е што и покрај неверојатните скоро 78 години стаж на трибина, Чарли ми кажа најслатко гостување и победа му била таа против Барса во 2022, каде што на Камп Ноу имаше 35000 Франкфуртчани и додаде кога тогаш не ме удри срцето, сега има да живеам до 110.
Инаку разговаравме и за други теми, како организирање на пријателски натпревари помеѓу некои охридски екипи кои играат 3,4 лига со екипата на која што син му е претседател од селото Ерингсхаузен близу Вецлар и исто здравје боже доаѓање на камп на неколку младински екипи од овој регион, следното лето во Охрид.