Шооо ??? Шо јадите вие поточно шо во стигаат 9000 денари за јадење, нудли ?
Како да ти образложам еден ручек ме чини 1000 денари, салата, месо, зеленчук. За пиење нешто, нешто десерт.
Доручек, вечера, сувомеснато, башка.
Овошје зеленчук не јадите вие ? Па само за леб и млеко 4000 денари месецот не ме расправаат, и тоа не јадам јас леб, сопругот тоа.
Јадиме пилешко, ориз, риба, свинско, телешко, овес, зеленчук, грав, овошје, јатки и многу редовно цедиме домашен сок од морков, цвекло, јаболко, ѓумбир, јагоди/капинки/малини итн што ќе најдиме/купиме здраво., благо и ултра-процесирана храна поретко јадиме.
5-6 пати месечно порачуваме храна, и тоа што каде што живееме имаме супериорна храна, 200-300ден/порција од човек, зависи што јадиме.
Лебот кај нас е пекарски, 37 денари кошта, кило пилешко е 180-200 денари, риба 200-400/кг, свинско - преку текот на цела година имаме свинско, бидеќи еднаш годината земаме пола прасе (180ден/кг жива мера, 12000-14000ден) и јадиме 4-6 месеци кога ќе ни текне - јавнии, тави, селско и тн, сирење домашно јадиме овчо и кравјо, од супермаркет не купуваме прашак замачкан.
Ме мрзи да ти набројувам се колку кошта, ама еве и да речиме и да трошиме 12000 денари/месечно за храна (не зборувам за порачана храна/ресторан, туку маркет/домашни извори на здрави продукти), 30000 е прееемногу мислам, сепак локацијата е битна, да не мислиш негде странство? Или си Peppa прасица дома и порачуваш секој ден? Има разлика и има фактори тука.
Ама заборавив да напоменам дека ние сме 3-ца дома, не знам кај тебе. Готвиш воопшто дома или кликнијади/wolt-ираш цело време? Ако е тоа случајот, нека прими сочуство сопругот.