Мене најјаки ми се овие, шо кога дојде Димитар си мислеја драстично ќе се сменат работите

Демек нема да ги слушал политичарите, немало да му се мешат, а тие како крлежи накотени таму

Така ќе му дадат позиција на Диме, и да не се слуша пример зборот на Борче ?

Абе Битола живејте, не живејме Загреб па да си прајме филмој, овде политичарите во клубот корења имат пуштено колку чинаро дрвото и ништо не ги турка, Ако не е Диме ќе е Миле, ако не е Милето ќе е Цилето, ако не е кашкавало ќе е саламата итн.... Работата е се е исто само њега нема....
Најголемо засилување ќе биди клубот да се тргни од општинската капа, доста се трошат пари бадијала, ако се најди приватник бурда, работи.
Едни исти и од играчите вртат, Оцко, Симе, Пепе се класика второлигашки играчи, не знам оти Драгаро не го зедоја, за тука ќе беше солиден, тие се играчите, голема грешка пак ќе речам шо се дозволи да си замини екипата од лани, тие неколку наши играчи мораше да ги задржиме и под казна да играт на 50% од ланската сума, поради бламирањето со Арачиново, странци секако не смејат, едино требаше зелено светло за трансфер да добие само Андреј Јовчевски, детето рака на срце, има квалитети и не извадил многу од калта, па требаше и му се даде шанса за трансфер, ама па кај него од Маџарска скаутинг иделе, Хрватски клуб бил пред договор, па Словачка и на крај да завршиш Струга.....шта речи


Па дури и без пари, уште еднаш се потврди тезата дека не знајме да работиме

Натаниел исто со квалитети и тој требаше да си бара чаре, џабе ќе дремат тука, имавме 2 голмани од кој можевме да извајме пари за мирни 2-3 зими. Ако не ги продајш на овие години, по неколку ќе ги дајш за ич......
Минчето е ок играч и ќе биди од корист, а Мрмачовски мислам оваа година ќе го прегорат по 90 мин, ќе биди фрлен во оган или џа или бу ќе биди со него....