Нови Сад е изменет во последниве неколку години. Изменета е малку структурата на населението. Имаш еден куп "доѓоши" како што они ги викаат оние што се дојдени од страна.
Добар дел од населението се дојдени за време на војната во 90-тите. Со оглед на тоа дека во најголем дел тие дојденци навивале за Звезда/Партизан, веројатно е дека и нивните деца продолжиле исто. А секако дека улога игра и фактот што Војводина (како и секој друг клуб од прва лига па до зона) е апла СНС, со главучот Збиљиќ на чело. Додај на тоа и внатрешната поделеност во Фирма и ете ги сите фактори зашто им е слаба бројката.
Инаку, фан-фект, своевремено на форумов имаше тема Фан-клуб Војводина, пишуваше еден дечко што им ја водеше и неофицијалниот навивачки веб. Не ми текнува сега на никот, а ме мрзи да барам.
@Saber Rider сигурно ќе се сети
Крагуевац е скроз друга приказна. Таму нема толку доселеници и имаат јака мржња спрема се што доаѓа од Белград. Нема натпревар кога играат против ЦЗ или Партизан, а да не се скандира "мрзим Београд". Дури мислам дека повеќе ја мрзат Звезда него Партизан. Е сега, на Ѓаволи многу им се замера тоа што се нивната екипа заедно со нивните браќа Таурунуми се блиски со Манијаци од Сараево.
А што се однесува до Ниш, од сите луѓе што ги знам од таму, вклучувајќи и членови на фамилија, само еден е навивач на Раднички и има одено со Мераклије.