Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Како не е проблем електронското гласање ниту местењето. Кој ќе има контрола дека нема да има заедничко гласање по швајцарија, по австралија и сегде низ Европа? Сакаш да ми кажеш дека во Швајцарија нема да им ја инсталираат апликацијата на сите телефони и гласањето нема да биде по однапред направен одговор во локалното Шиптaрско збирно место? На сите постари луѓе ќе им ги инсталираат апликациите за гласање и ќе ги користат како фарма за гласови.

Требале да се пријават големо чудо, уште една можност за злоупотреба. За нивните луѓе ќе средат одма за другите ќе одолговлекуваат. Плус ако има електронско гласање и ќе нема никаков хартиен доказ за гласовите се ќе оди преку сервери. Знаеш дека изборите одат преку сервери на компанија од Бугарија? Знаеш ли колкав простор се отвара за странски служби да можат директно да влијаат на резултатите на избори овдека. Ниедна влада нема да може ниту да помисли да им пререче на ЕУ и Америка, не па навистина да им пререче зошто истите ќе ги контролираат изборите преку гласови во нивните држави.

Дијаспората за да гласа. Да си се пријави за гласање електронски и потоа на ден на гласање во локалната амбасада/конзулат. Или авионот/автобус/кола и на ден на избори тука. Али вистината е дека некој тука сака да си тера Молдавско па и Романско сценарио. Како станува се потешко да се добива домашна подршка, дајте да отвориме гласање од дијаспората кое го контролира кој е на власт и потоа независно од резултатите на гласачите во Македонија, со гласовите од дијаспората ќе се контролира кој е на власт.

Разбираш ти дека ако СДС или ДУИ на каков било начин дојдат пак на власт после вакви промени дека никогаш нема да ги симнеме од власт? Дека ќе имаат 100-200 000 гласови од дијаспора и ние тука можеме како сакаме да гласаме они ќе си бидат на власт. Дека ако има вакво гласање референдумот за името ќе беше успешен?
Трупови трупосани сте за политика, без навреда. Македонската дијаспора е поголема од етничката албанска. Со електронското гласање се олеснува пристапот и на оние што не се замараат многу со политика да гласаат и да го зголемат бројот на македонски пратеници во собранието.

Ве разбирам што ви е маката. Македонската дијаспора не може да ги смисли сдс па нивни природен избор со минимална кампања би им бил ВМРО-ДПМНЕ.

Еве Мицкоски ви даде бланко поддршка за една изборна единица и финансирање на помалите партии. И ја сум за ова, не е фер кога веќе парите за предизборни кампањи се од буџетот, едни партии да добиваат повеќе а други помалку трети пак ништо. Сите треба еднаква сума да добијат, тоа што нема да се искористи да се врати во буџетот.
 
Нека го олеснат прво тука секојдневниот живот на Македонците па после нека се замараат за оние што се иселиле. За еден обичен преглед се чека со месеци, за компјутерска томографија ти викаат за 3-4 месеци они запнале да олеснеле на дијаспората да гласа

Најголемите превари се случуваат електронски или по пошта, чист пример се изборите во сад
 
И ја сум за ова, не е фер кога веќе парите за предизборни кампањи се од буџетот, едни партии да добиваат повеќе а други помалку трети пак ништо. Сите треба еднаква сума да добијат, тоа што нема да се искористи да се врати во буџетот.

Не знам некако не мрзи, ќе треба да идеме да се сликаме за билборди, па зафрканции да се јавуваш по телевизии кога да ти ги пуштат спотовите. Замарање е некако. Ако сака никој да не добива пари а да има само дебати, за тоа може да се разговара.

Ве разбирам што ви е маката. Македонската дијаспора не може да ги смисли сдс па нивни природен избор со минимална кампања би им бил ВМРО-ДПМНЕ.

Нашата дијаспора не може да смисли никој, затоа се надвор од државата. Да се замарале да гласаат ќе гласале во амбасадата која им е на 1 саат возење од дома, посебно ќе се позарамараа кога имаше огромна борба за власт во 2016. А чим им е толку лесно да направат избор, нека не заборават дека треба да се регистрираат за гласање и можат истото да го направат во локалната амбасада.

Трупови трупосани сте за политика, без навреда.

Да си труп за политика во Македонија, не е навреда. Тоа е комплимент.
 
Нека го олеснат прво тука секојдневниот живот на Македонците па после нека се замараат за оние што се иселиле. За еден обичен преглед се чека со месеци, за компјутерска томографија ти викаат за 3-4 месеци они запнале да олеснеле на дијаспората да гласа

Најголемите превари се случуваат електронски или по пошта, чист пример се изборите во сад
Се согласувам. Но сега тема се реформи во изборниот законик. Следно можда би било здравство имајќи во предвид дека се менува министерот а следниот начекува контролиран хаос како и секогаш. Образованието исто мора да биде на тапет и да се оформи систем по сите европски стандарди каде децата ќе добиваат квалитетно школо.

Во поглед на безбедноста, со години се кукаше како џандарите се курсисти. Еве сега повторно се отвори средното полициско училиште, кое ќе продуцира квалитетен и учен кадар кој точно ќе ги знае своите ингеренции и законите по кои постапува.

Со реконструкцијата на влада кукате дека Албанците ја земале правда WOW пропаднавме готово. Што кур се смени оти досега беше Македонец макар и од ЗНАМ? Еве им го правда да не квичат „нема правда нема мир учк кур да мие“.
Автоматски споено мислење:

Не знам некако не мрзи, ќе треба да идеме да се сликаме за билборди, па зафрканции да се јавуваш по телевизии кога да ти ги пуштат спотовите. Замарање е некако. Ако сака никој да не добива пари а да има само дебати, за тоа може да се разговара.
Сум за. Да се укине државното финасирање за предизборна политичка програма. На партиите да им се дозволи трошење сопствен буџет колку за пенкалца, летоци, упаљачи. На телевизиите да им се наложи, во предизборниот период да поканат претставници од сите партии кои учествуваат на изборите во двочасовен формат-дебата каде поканетите ќе ги изложат своите ударни точки од политичката програма, ќе дебатираат меѓусебе а не со водителот и ќе добиваат прашања од публика и гледачи преку телефон.

Може вака?
 
Последно уредено:
Погрешно!
Лугето се ресурс!
си набројал за буџетари а реалниот сектор си го заборавил.....

Помалку луѓе значи пропаст на државата
помалку луѓе , помал пазар, помало и поскапо производство, ќе нема за кого да произведуваш односно неисплатливо производство и затварање на бизнисите, запустување на земјоделството, нагло зголемување на увозот и дефицитот, енормно зголемување на надворешниот и внатрешниот долг, масовна беспарица,...итн...

Луѓето се ресурс, но во реалниот сектор во Македонија луѓето се неискористен или уште полошо злоупотребуван и за чист профит експлоатиран ресурс.

Па ние и тоалетна хартија увезуваме, а не па храна и останати основни производи кои се потребни за секојдневен живот.

Тоа што го спомнуваш се однесува на понатамошно метастазирање и влошување на сегашната состојба, бидејќи сите негативни последици кои ги наброја веќе ги живееме, но се тешиме себеси со приказната дека секогаш може да биде бетер.

Да си бидеме искрени, не постои држава која му припаѓа на народот од кој произлегува, туку постојат само држави кои повеќе или помалку им ја цицаат крвта на народите од кои произлегуваат.

Оваа држава од поодамна од повеќе места и со повеќе сламки му ја цица крвта на народот од кој произлегува, а сега им става до знаење на денешните работници и идни пензионери дека ќе им ја цица крва уште подолго пред да наполнат 72, 73 или 74 години.

Со вакви политики оваа држава им става до знаење на младите дека не треба ништо да очекуваат или да бараат на оваа балканска територија, туку што поскоро да си ги соберат парталите и да си фатат џаде во странство. Не дека во странство ќе им биде поубаво, но барем сиромаштијата ќе им биде малку попристојна и поудобна.
 
Последно уредено:
Се согласувам. Но сега тема се реформи во изборниот законик. Следно можда би било здравство имајќи во предвид дека се менува министерот а следниот начекува контролиран хаос како и секогаш. Образованието исто мора да биде на тапет и да се оформи систем по сите европски стандарди каде децата ќе добиваат квалитетно школо.

Во поглед на безбедноста, со години се кукаше како џандарите се курсисти. Еве сега повторно се отвори средното полициско училиште, кое ќе продуцира квалитетен и учен кадар кој точно ќе ги знае своите ингеренции и законите по кои постапува.

Со реконструкцијата на влада кукате дека Албанците ја земале правда WOW пропаднавме готово. Што кур се смени оти досега беше Македонец макар и од ЗНАМ? Еве им го правда да не квичат „нема правда нема мир учк кур да мие“.
Автоматски споено мислење:

Сум за. Да се укине државното финасирање за предизборна политичка програма. На партиите да им се дозволи трошење сопствен буџет колку за пенкалца, летоци, упаљачи. На телевизиите да им се наложи, во предизборниот период да поканат претставници од сите партии кои учествуваат на изборите во двочасовен формат-дебата каде поканетите ќе ги изложат своите ударни точки од политичката програма, ќе дебатираат меѓусебе а не со водителот и ќе добиваат прашања од публика и гледачи преку телефон.

Може вака?

Да ама ај да ги средиме првен работите кои се приоритети, една изборна единица и поправилна распределба на средствата е во корист на демократијата во државата. Гласањето на оние од дијаспората не би рекол оти не е ни во првите 1000 приоритети за промена, сигурно Трајче што се преселил пред 20 години во Германија не ги знае подобро моите проблеми тука во државата. Тоа што имаме ние Македонците поголема дијаспора не го мењава фактот дека кај Албанците дијаспората е секогаш помотивирана да гласа, и вака идат со автобуси авиони а не пак сега преку компјутер гарант во некој џамии во странство масовно ќе ги регрутираат да гласаат.

За средно полициско се согласувам, си треба такво нешто (како порано што имаше) а не со 4-5000 евра книшка и некој месец курс оп полицаец. За правда министерството и те како е важно да не се прави дополнителна албанизација кога имаат Вреди само 10% од вкупните гласови на изборите, единствено е оправдано ако направат јака чистка на криминалците од Дуи во што лично се сомневам
 
Да си бидеме искрени, не постои држава која му припаѓа на народот од кој произлегува, туку постојат само држави кои повеќе или помалку им ја цицаат крвта на народите од кои произлегуваат.

Оваа држава од поодамна од повеќе места и со повеќе сламки му ја цица крвта на народот од кој произлегува, а сега им става до знаење на денешните работници и идни пензионери дека ќе им ја цица крва уште подолго пред да наполнат 72, 73 или 74 години.
Првото ....точно, но што побогата држава поголемо цицање но од друга страна народот помалку го тоа осеќа.

Второто.... светот се враќа на состојбата од пред само два века, какви пензии какви бакрачи .... има да работиш додека можеш да стоиш на нозе, има да умреш на работното место.... а ако не си способен за работа а си се уште жив остануваш на терет на помладата генерација дома. Сите оние работнички права кои се со немалку пролеана крв остварени малку по малку се укинуваат. Тое е тоа тој неолиберален концепт денес.
 
Со реконструкцијата на влада кукате дека Албанците ја земале правда WOW пропаднавме готово. Што кур се смени оти досега беше Македонец макар и од ЗНАМ? Еве им го правда да не квичат „нема правда нема мир учк кур да мие“.
Така е, но правосуден на албански е жешка тема моментално.
 
Така е, но правосуден на албански е жешка тема моментално.
Затоа Рама има турбуленции у сопствен двор. Проба да брка во Македонија преку дуи и еве до кај стигна.
Проба да стави рампа као Албанците во Македонија не се дијаспора туку конститутивен народ, и пак го јаде курот.

Сами од себе. Ме сфаќаш?
 
Првото ....точно, но што побогата држава поголемо цицање но од друга страна народот помалку го тоа осеќа.

Второто.... светот се враќа на состојбата од пред само два века, какви пензии какви бакрачи .... има да работиш додека можеш да стоиш на нозе, има да умреш на работното место.... а ако не си способен за работа а си се уште жив остануваш на терет на помладата генерација дома. Сите оние работнички права кои се со немалку пролеана крв остварени малку по малку се укинуваат. Тое е тоа тој неолиберален концепт денес.

Е сега се повикуваш на глобалистичките политики кои европејците и американците самите си ги воспоставија после завршувањето на Студената Војна и распаѓањето на Советскиот Сојуз и Варшавскиот Пакт.

Таквите политики на заменување на населението со имигранти можат - поточно не можат - да функционираат во богатите и развиени економии од типот на Германија, Франција и слични, а во мали држави од типот на Македонија кои се зависни од увоз, а корупцијата е веќе ендемска појава, таквите политики нема ништо добро да донесат, и имигрантите самите ќе го забележат тоа со текот на годините, а да се потсетиме дека за нив Македонија не е ветената земја, туку само транзитна станица кон нивните ветени земји во централна и западна Европа.

А македонските работници ќе продолжат да си заминуваат поради ваквите политики бидејќи во странство сиромаштијата ќе им биде барем малку попристојна и поудобна, додека тука ѓубрињата од луѓе наречени политичари ќе продолжат да си измислуваат и меѓусебно да си делат секакви бирократски позиции и функции кои на никаков начин не го подобруваат животниот стандард на населението, а не па економијата и економскиот раст.

И со тоа се враќаме на почетокот: помалку народ = помал буџет = помалку вработени во државна/јавна администрација = помалку трошоци = помалку тендери = помалку можности за крадење. Се разбира ова треба да биде теоретскиот исход, во пракса ѓубрињата од луѓе наречени политичари нема да дозволат намалувањето на населението да влијае врз нивниот капацитет за ограбување и понатамошно нелегално збогатување врз грбот на народот.

Не им претставуваше проблем да го фалсификуваат пописот во 2021 година, а на 2 (ДВА) пати повеќе полиција наспроти големината и силата на полицијата во Социјалистичка Република Македонија пред осамостојувањето на 8 септември 1991, имаме киднапирање на деца среде скопски Центар и нивно убивање во село, горење и задушување на деца и млади во шупи наречени дискотеки, екстремно загаден воздух како последица на горење на ѓубре секоја година, а особено во лето, што дава одличен пример за тоа дека иако теоретски намалувањето на населението треба да резултира со помалку партиски вработувања и помалку паразити во униформи, во пракса се случува спротивното - секако врз грбот на тој малку народ кој сеуште не се иселил.
 
Последно уредено:
Трупови трупосани сте за политика, без навреда. Македонската дијаспора е поголема од етничката албанска. Со електронското гласање се олеснува пристапот и на оние што не се замараат многу со политика да гласаат и да го зголемат бројот на македонски пратеници во собранието.

Ве разбирам што ви е маката. Македонската дијаспора не може да ги смисли сдс па нивни природен избор со минимална кампања би им бил ВМРО-ДПМНЕ.

Еве Мицкоски ви даде бланко поддршка за една изборна единица и финансирање на помалите партии. И ја сум за ова, не е фер кога веќе парите за предизборни кампањи се од буџетот, едни партии да добиваат повеќе а други помалку трети пак ништо. Сите треба еднаква сума да добијат, тоа што нема да се искористи да се врати во буџетот.
Македонската дијаспора не може да ја смисли Македонија е проблемот.
Едните заради сдсСС ја мразат Македонија.
Други заради ДПсНЕ ја мразат Македонија.
И едните и другите се плашат да ги мразат сдсСС и ДПсНЕ па затоа ја мразат Македонија која за жал им е татковина.
На Македонската дијаспора и дома да им носиш ливче повторно нема да излезат на гласање едноставно “нели“ тиа избегале од тука и се што е врзано со Македонија тие мразат.

Еве ти пример:
Оваа држава од поодамна од повеќе места и со повеќе сламки му ја цица крвта на народот од кој произлегува ...“
вака размислува над 99.99% од Македонците и тие што се овде и тие што ја напуштиле.
Мора нешто да се смени во пристапот и маркетингот ако се размислува сериозно за опстанок на Македонија инаку вака е тажна состојбата.
Убаво што си оптимист и би било подобро да тој свој оптимизам го шириш само немој со “трупови“ и поднамали троа со “европски стандарди“ имаш искривено нислење за истите (во моментов нацифашизмот е во подем и тоа е европска вредност и неа ли ја бараш во образованието), пристапот е погрешен.
 
Околу 20 портали и профили под истрага на МВР и АНБ за ширење говор на омраза по сомневањата за координирани објави за спорот Македонија-Бугарија

Татарчиња...

zlatan-ref.gif
Можда те банира МВР за ширење говор на омраза, затоа ќути си неколку месеци и не припарувај на Кајгана :LOL:
 
Дијаспората во Европа да, првата генерација македонци претежно се вакви.
Со право, и така треба да биде додека не стане државата на Македонците, за Македонците и беше создадена, нас со Рамковниот не вратија назад пред 45та кога бугарското вмро заговара албански и независен бугарски дел, оваа денешна држава плука врз гробовите на над 20000 мртви Македонци.

На денешен ден во судир со албанските балисти кај Никифорово кај Гостивар за да не биде заробена извршува самоубиство Илка Василеска.
Вечна и слава.

2950.jpg
 
Последно уредено:
Ви се чудам на паметот ако им верувате дека гласањето на дијаспората нема да биде местенка. Но секако откриени им се задните намери, да не овозможат ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА.
 
Back
На врв Bottom