Повторно ги мешаш поимите. Влегување на нови пазари не значи промена на економската ориентација. Македонија и денес извезува надвор од ЕУ, исто како што тоа го прават и сите земји членки на ЕУ. Примерот со киселата зелка зборува за недоволен производствен капацитет, а не за промена на економскиот модел. Тоа што го опишуваш не е алтернативен економски правец, туку обична диверзификација на извозните пазари.
Молам, читај со разбирање.
Кога ќе го разбереш примерот со “зелката“ ќе продолжиме.
Германија не е аргумент за тебе, туку против тебе. Со децении користеше евтин руски гас, а остана моторот на европската економија. Значи поевтината енергија не значи автоматски промена на економската или геополитичката ориентација. Токму тоа го тврдев и јас.
Германија денес е “рацку на пацикло“!
И повторно, читај со разбирање, без евтини енергенси нема развој алоооооооооо.
Не те прашав дали си премиер, туку што конкретно предлагаш. Велиш дека постојат повеќе модели за банкарскиот сектор, но не наведуваш ниту еден. Велиш дека глобалните поместувања ги олеснуваат промените, но повторно не кажуваш кои се тие промени и како конкретно би изгледале во Македонија. Не е спорно дека во периоди на големи геополитички промени некои процеси можат полесно да се реализираат. Спорно е што сe уште нема ниту еден конкретен предлог што може да се анализира. Еве пак да те прашам, кој е конкретниот економски и финансиски модел што го предлагаш како алтернатива на сегашниот?
Може ли да знам колку години си!
Па “мајку му божју“ имаш на располагање национализација или пак ограничување на изнесување на капиталот од земјата односно 80%-90% реинвестирање и уште барем 100 методи и ако ова не го знаеш навистина трошиме време.
А време нема, оскудација.
Повторно ја прескокнуваш суштината. Никој не спори дека Македонија треба да тргува и со БРИКС, Кина, Индија, Турција или со било кој друг. Тоа го прави и денес. Но ти не зборуваш за диверзификација на трговијата, туку за алтернативен економски и геополитички правец. Во една реченица велиш дека нема потреба да се заменува веќе освоениот европски пазар, а во следната дека мора да се бара алтернатива. Ако европскиот пазар не се заменува, тогаш што точно претставува таа алтернатива?
Затоа еве по 10 ти пат да те прашам,, што конкретно ја заменува ЕУ како главен економски простор за Македонија? Не политички слогани, туку конкретен модел.
БРИКС е спомнат во контекст на АЛТЕРНАТИВА алоооооооо!
Избор за поблиски односи со БРИКС е промена на геополитички курс/правец, алоооооооооо.
ЕУропскиот пазар се темели на преференцијали и други методи кои на оние што не се членки само ги експлоатира до крајни граници Македонија освен економските мерки е изложена и на политички притисоци ЕТНОЦИД алоооооооооо.
БРИКС! не замена туку алтернатива, алоооооооо, ние не сме во ЕУропска за да ја заменуваме.
ЕАУ
Модел се заебаваш, во ЕУропска е капитализам во Китајо е социјализам, да не мислиш на тоа?
Они се сталинисти и маоисти.
Или си за Сталин или си за Хитлер, ти глеам си одбрал страна
Тутииии Сталин Мао се од пред 80год значи кога постоел и Адо, врзување на сегашноста со минатото има значај само во поглед дека и по толку време некои ништо не научиле и дека глупоќа е во развој!
Многу чудно како некој кој тврди "лично сум за целосна забрана на сите казина, обложувалници и брзи кредити, скроз да не постојат вакви субјекти" се буни против луѓето кои се залагаат баш за истото? А ги воспева луѓето кои го направија целиот проблем, и сега понудија одредено недефинирано решение.
Која е логиката позади истото. Зошто некој си го троши времето да дојде на форум да го напаѓаш тој кој се залага за тоа што го тврдиш? Зошто си роб во сопствениот ум, закрепостен селанец. Немаш право ниту на мислење ниту на ставови, тоа што го имаш право е да даваш мислење во склад со тоа што ќе ти кажат, макар и да е на твоја штета.
Ваш функционер знам ( пријател ми е ) кој татко му лежи болен од рак, Живеат во Кисела Вода недалеку Усје и не смее да зуцне ниту збор против Усје зошто од партија наративот е дека Усје не е проблем, зошто некој повисоко од партијата лапа пари за истото.
Не му замерај, ќе му помине.