Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Токму тоа го зборувам цело време. Ако европскиот пазар е веќе освоен и нема логика да го заменуваш, тогаш за каков алтернативен пат зборуваме?
Не, не го збориш тоа цело време туку пишуваш работи како “нема алтернатива“ и слично.
Ако сакаш развој-раст тогаш пазарите мора да ги прошируваш а не да се врзуваш само за еден пазар и со тоа самиот се лимитираш -капитализмот го има токму тој дарвинистички принцип и затоа им се допајџа на ликови со такви гледишта.

Не зборувам за поединечни проекти, туку за целокупната инфраструктурна и економска поврзаност на Македонија. Коридор 8, Коридор 10, железниците, енергетските интерконектори, логистиката и европските транспортни мрежи, со што конкретно ќе ги замениш тие врски?
Поединечните проекти се составен дел од “целото“.
Какви црни европски транспортни мрежи, за што збориш
Со Јужниот тек добиваш гас по повластена стапка на тој начин имаш компаративна предност и привлекуваш инвестиции, Србија заради таквата цена има зголемен обем на инвестиции. :zloo:
Истиот тој “јужен ток“ денес поминва низ Булгаристан и таксите ги собираат тие а ние си тропаме глупости за европски транспортни мрежи и интерконектори :yid:

Еден гасовод не ја менува економската ориентација на една држава. Дури и да постоеше Јужен тек, Македонија и понатаму ќе извезуваше најмногу во ЕУ, ќе примаше најмногу инвестиции од ЕУ и ќе беше економски најсилно поврзана со Европа

Токму затоа те прашувам. Голем дел од банкарскиот сектор е во сопственост на европски банки. Ако зборуваш за алтернативен пат, како конкретно ќе ја промениш таа структура?
Банкарскиот сектор е под целосна контрола на ММФ и СБ односно под контрола на ЕУСА. Преку тој сектор се врши влијание вра политиката и се дисциплинираат непослушните.
Како да се направи промени, за жал тоа е еден гломазен систем и за промени потребни се глобални репозиционирања односно прерасподела на глобалните интереси, процес кој што туку започна.
И бидејќи се такви позициите ако некој сериозно мисли за иднината и опстанокот на Македонија треба и мора да ги следи глобалните процеси како би се подготвил за времето кое доајџа, што во превод значи барање на алтернативни патишта.

Станав досаден последниве 30год со повторување на една ситница а тоа е формирање на еден мал институт за геополитички анализи... следење на геоплитичките процеси и трендови како би можеле тутурутките во владата компетентно да се информираат од сопствен извор... а не е тоа кој знае колку пари десетина милиони годишно но во многу што би помогнало.

Економската поврзаност не значи губење на суверенитет. Швајцарија Норвешка и УК се силно економски поврзани со ЕУ без да бидат членки. Тоа покажува дека економската ориентација и политичкиот статус не се иста работа

Прво велиш дека нема логика да се заменува веќе освоениот европски пазар, а потоа зборуваш за алтернативен пат. Ако самиот сметаш дека нема логика да се заменува европскиот пазар, тогаш практично се согласуваш дека Европа останува главната економска насока за Македонија. Во тој случај, за каков алтернативен пат зборуваме?

Македонија е држава во Југоисточна Европа. Географски, економски, инфраструктурно и транспортно е поврзана со Европа. Од сите страни е опкружена со држави што се членки на ЕУ или се кандидати за членство. Во такви околности, објасни ми како реално би ја сменил оваа насока и која е таа алтернатива. Еве, уште еднаш те прашувам, бидејќи самиот кажа дека Македонија има дури три алтернативи. Кои се тие три и како конкретно би функционирале?
Економската поврзаност значи економска поврзаност, ама ти упорно ги утуњаш работите, ќе се обидам низ пример да појаснам.
Во ехЈУ целокупната економија беше тесно-економски поврзана, нпр бродоградилиште Сплит градеше бродови но челикот за нив го купуваше од Железара Скопје,учеството на Македонија во финалниот производ беше околу 27-30%.
Со растурањето на ехЈУ се прекинаа врските Кроатите мислеа че купуваат поевтин челик од ЕУропска и ги прекинаа врските на крајот пропадна и бродоградилиштето и железара ако мислиш дека тоа е случајно/спонтано, стихијно а не смислено сценарио, жалам ама никогаш нема да ја осознаш вистината.
Во животот, особено во политиката ништо не е случајно!

Да нема логика затоа што погрешно го интерпретираш, постоечкиот пазар го задржуваш, а се обидуваш да освоиш нови пазари!
Замараш, алтернативен пат ти е да не бидеш во првите редови на Источниот Фронт кој полека ама сигурно ескалира.

Класично манипулирање.
Македонија е во Европа и што со тоа, и други земји се во Европа па што.
ФАКТ е дека ЕУропска (големите европски сили) не дозволуваат и негираат постоење на Македонци и Македонска држава со децении ја рзградуваат во фази по принципот “жабата се вари на тивок оган“ и во такви услови продолжување на полтиката по секоја цена во ЕУропска значи БРИШЕЊЕ на Македонци и Македонска држава и затоа велам дека МОРА да се бараат алтернативни патишта не денес вчера.
Ама преку разноразни механизми овие се длабоко навлезени во сите пори на општеството (на пример мене најмногу ми смета контролата врз медиумите од страна на еуРОПСКА-четвртиот рајх и креирањето на јавното мислење преку истите) и низ разноразни фроми се пласираат тези “единствен пат“, “без алтернатива“, “ние сме во Европа“ “Тутаболгари во устав“ итн итн

Околу алтернативите друг пат.

Државата е банкрот.
Аууууу, и како тоа :duel:
Ако го смениме ДПснЕ дали ќе нема банкрот?
 
Јас не сум проблемот на ова општество.
Вмро и сдс се, вклучувајќи ве и вас партиските ботови.
Не треба да си партиски определен за да знаеш дека ширење дефетизам е бугарска работа, за тоа има платени бугарашки аналитичари овде, зошто и ти се правиш како нив, за тоа има друга тема, во темата за софија, таму ставај сликички на бугарки како јадат сладолед.
Еве @roden ќе ти помогне, он е бугар по професија.
 
Луѓе што е ова по улиците низ државава полицајци со униформи носат бради, каква е оваа полиција?
Никогаш немало полиција со бради и тетоважи, отсега им е дозволено со нов правилник.
Дали е ова почетокот, онаа шпекулацијата дека непожелни мигранти од В. Британија ќе бидат носени во државава
И за имаат тие мигранти домашна атмосфера, нашава полиција ќе има бради, како полицијата и војската во Индија, Пакистан и Бангладеш.
Такви мигранти ќе ни донесат и таква брадосана полиција имаме.
На 04 Мај 2026 година по предлог на некаков Грански независен синдикат се донел нов правилник во МВР и се дозволува на полицајците да носат бради. Подолу линкови за таа одлука.
Дозволиле полиција со бради и тетоважи, за да можат мигрантите да се чувствуваат како дома. Како ги провали, алал да ти е. (y)
 
Влен го добива министерството за правда а Знам веројатно утешно земјоделие, арно го попушил Максим :facepalm:
 
Комуњарска професија, секое убиство го препишуваат на партијата „вмро“.
Зарем за џабе го прогласија ВМРО за терористичка организација ;)
(тоа што од ВМРО-Обединета подцона се формира КПМ ништо не менува тие ги прогласија па за партизанен/бандитен)
Автоматски споено мислење:

Луѓе што е ова по улиците низ државава полицајци со униформи носат бради, каква е оваа полиција?
Сега уште лубриканти да им поделат формацииски и се че биде суперишка!
 
Влен го добива министерството за правда а Знам веројатно утешно земјоделие, арно го попушил Максим :facepalm:

Е дур‘ се‘а правдата че ни процветаТ...а довербата во правдата че порасниТ од 2,00% на 2,01%...

Повторувањето на исти грешки произведува исто такви погрешни последици.
 
Како тргнала работава вмро ќе има 2-3 министерства и Бозо премиер.
Pse jo?

16400.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
У глобала по ова што гледам шипците добиваат министерство плус во однос на претходно, што е најбитно си го враќаат повторно во свои раце министерството за заедници кое е буквално дувло албанско и го тргаат Стоилковиќ лик што највише го мрзат од сите ликови у владата. Миц по миц они си добиваат она што го сакаат, а каурот си останува поделен помеѓу близнаците како и годините претходно. Најтрагично за нас е што Дпмне и Знам заедно имаат 64 пратеници и покрај тоа браќава лапаат повеќе од четвртина министерства.
 
Screenshot-2024-06-08-082913.jpg


1. Министерство за одбрана;
2. Министерство за внатрешни работи;
3. Министерство за правда;
4. Министерство за односи меѓу заедниците;
5. Министерство за надворешни работи и надворешна трговија;
6. Министерство за европски прашања;
7. Министерство за финансии;
8. Министерство за економија и труд;
9. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини;
10. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;
11. Министерство за здравство;
12. Министерство за образование и наука;
13. Министерство за социјална политика, демографија и млади;
14. Министерство за локална самоуправа;
15. Министерство за култура и туризам;
16. Министерство за дигитална трансформација;
17. Министерство за јавна администрација;
18. Министерство за транспорт;
19. Министерство за животна средина и просторно планирање и
20. Министерство за спорт.

ВМРО-ДПМНЕ (околу 60%)

Вреди со 30% (6 министерства):
Министерство за евроинтеграции (предводено од Беким Сали, кој воедно е и вицепремиер)
Министерство за односи меѓу заедниците
Министерство за економија
Министерство за правда
Министерство за животна средина и просторно планирање
Министерство за култура
(коалицијата презема неколку нови ресори правда и култура, додека отстапува од некои претходни здравство и социјална политика).

ЗНАМ со 10% (задржува 2 министерства).
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Министерство за јавна администрација.
 
Последно уредено:
10 пратеника - 6 Министерства.
Влен да имаше 18 пратеника ко Дуи и премиерско место ќе добиеа.
 

Семејството на Мицкоски има бугарско државјанство, па веројатно таму се чувствува како дома.


HL1tbY-XcAA0sEZ


Ште ве трсат уф начаслтвото :pos:
 
10 пратеника - 6 Министерства.
Влен да имаше 18 пратеника
ко Дуи и премиерско место ќе добиеа
... морам да проверам не ги знам напамет работите како ти, ептен си упатен изгледа водиш евиденција или пак од памет пишуваш!

Во периодот на владеењето на СДСМ, првата влада на Зоран Заев (2017–2020), и имало 25 или 26 министри во Владата.

... главната причина за оваа пренатрупаност беше масовното користење на уставната алатка „7 до 8 министри без ресор“ со цел да се задоволат апетитите на бројните коалициски партнери, задолжени за специфични (честопати апстрактни) области:
Кочо Анѓушев (Вицепремиер за економски прашања).
Роберт Поповски (задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност).
Едмонд Адеми (задолжен за дијаспора).
Зоран Шапуриќ (од ЛДП, задолжен за инвестиции).
Зорица Апостоловска (од НСДП, задолжена за странски инвестиции).
Аднан Ќахил / подоцна Елвин Хасан (задолжен за странски инвестиции).
Самка Ибраимовски / подоцна Аксел Ахмедовски / Музафер Бајрам (задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите)
Рамиз Мерко (од ДУИ, без ресор).

(ДУИ) имаше 15 пратенички мандати (а не 18 како пишуваш ти) и располагаше со 6 министерски места во коалициската Влада,

(ВРЕДИ)имаше 13 пратенички мандати (а не 10 како пишуваш ти) и доби 5 министерски места и 2 вицепремиери.
...сега во новата реконструкција на Владата на ВМРО ДПМНЕ
ЗНАМ си останува со 2 министерства,

... ВРЕДИ добива едно министерство од 5 сега 6 министерства зошто се согласи да го отстапи Министерството за здравство (кое е едно од најголемите, со огромен буџет и политичка тежина) и за таа компензација за „губењето на здравство“, „Вреди“ доби два помали ресори кои дотогаш беа под капата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ — Министерството за правда и Министерството за култура.
 
Не, не го збориш тоа цело време туку пишуваш работи како “нема алтернатива“ и слично.
Ако сакаш развој-раст тогаш пазарите мора да ги прошируваш а не да се врзуваш само за еден пазар и со тоа самиот се лимитираш -капитализмот го има токму тој дарвинистички принцип и затоа им се допајџа на ликови со такви гледишта.
Никој не тврди дека не треба да се прошируваат пазарите. Македонија и денес извезува и тргува со десетици држави. Проширување на пазарите е диверзификација, а не алтернативен геополитички и економски пат. Прашањето е што ја заменува ЕУ како главен економски простор, не дали треба да тргуваме и со други.
Поединечните проекти се составен дел од “целото“.
Какви црни европски транспортни мрежи, за што збориш
Со Јужниот тек добиваш гас по повластена стапка на тој начин имаш компаративна предност и привлекуваш инвестиции, Србија заради таквата цена има зголемен обем на инвестиции.
Никој не спори дека поевтината енергија е предност. Но еден гасовод не ја менува економската ориентација на државата. И со Јужен тек Македонија ќе извезуваше најмногу во ЕУ, најмногу инвестиции ќе доаѓаа од ЕУ, а европските компании ќе останеа најголеми инвеститори. Значи зборуваш за подобрување на условите, не за замена на економскиот правец.

Истиот тој “јужен ток“ денес поминва низ Булгаристан и таксите ги собираат тие а ние си тропаме глупости за европски транспортни мрежи и интерконектори
Баш тоа е поентата. Истиот тој гасовод поминува низ земји што се економски интегрирани со ЕУ. Тоа покажува дека еден инфраструктурен или енергетски проект не значи автоматски промена на економската ориентација

Банкарскиот сектор е под целосна контрола на ММФ и СБ односно под контрола на ЕУСА. Преку тој сектор се врши влијание вра политиката и се дисциплинираат непослушните.
Како да се направи промени, за жал тоа е еден гломазен систем и за промени потребни се глобални репозиционирања односно прерасподела на глобалните интереси, процес кој што туку започна.
И бидејќи се такви позициите ако некој сериозно мисли за иднината и опстанокот на Македонија треба и мора да ги следи глобалните процеси како би се подготвил за времето кое доајџа, што во превод значи барање на алтернативни патишта.

И? Кој е конкретниот план? Ќе ги национализираш банките? Ќе ги избркаш европските банки? Со кои банки ќе ги замениш? Како ќе функционира кредитирањето, платниот промет, инвестициите и целиот финансиски систем?

Велиш дека се потребни „глобални репозиционирања“ и дека процесот веќе започнал. Тоа не е план, туку очекување дека можеби нешто ќе се случи во иднина. На што конкретно мислиш? Кои се тие промени? Во кои држави веќе се гледаат? Како тие промени ќе доведат Македонија да ја смени својата економска ориентација? Дај барем еден конкретен пример од европска држава што успешно го напуштила постојниот европски финансиски и банкарски модел и преминала на некој друг. Ако ова е реална алтернатива, сигурно постои барем еден таков пример.

Ако зборуваме за алтернативен модел, мора да има конкретен механизам и конкретни примери, а не само констатација дека „некој контролира“ или дека „започнал процес“.

ФАКТ е дека ЕУропска (големите европски сили) не дозволуваат и негираат постоење на Македонци и Македонска држава со децении ја рзградуваат во фази по принципот “жабата се вари на тивок оган“ и во такви услови продолжување на полтиката по секоја цена во ЕУропска значи БРИШЕЊЕ на Македонци и Македонска држава и затоа велам дека МОРА да се бараат алтернативни патишта не денес вчера.
Тоа е посебна тема. Можеме да дискутираме дали Македонија била неправедно третирана од ЕУ и во многу работи ќе се согласиме. Но неправдата сама по себе не создава нов економски и геополитички модел

Во еден пасус велиш дека нема логика да се заменува веќе освоениот европски пазар, а во следниот зборуваш за алтернативен пат. Ако самиот сметаш дека нема логика да се заменува европскиот пазар, тогаш практично се согласуваш дека европскиот пазар останува главниот економски простор за Македонија
 
Аууууу, и како тоа :duel:
Ако го смениме ДПснЕ дали ќе нема банкрот?
Левица кога ќе дојде на власт ќе ги снема сите долгови. Едноставно ќе исчезнат.
Автоматски споено мислење:

... морам да проверам не ги знам напамет работите како ти, ептен си упатен изгледа водиш евиденција или пак од памет пишуваш!

Во периодот на владеењето на СДСМ, првата влада на Зоран Заев (2017–2020), и имало 25 или 26 министри во Владата.

... главната причина за оваа пренатрупаност беше масовното користење на уставната алатка „7 до 8 министри без ресор“ со цел да се задоволат апетитите на бројните коалициски партнери, задолжени за специфични (честопати апстрактни) области:
Кочо Анѓушев (Вицепремиер за економски прашања).
Роберт Поповски (задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност).
Едмонд Адеми (задолжен за дијаспора).
Зоран Шапуриќ (од ЛДП, задолжен за инвестиции).
Зорица Апостоловска (од НСДП, задолжена за странски инвестиции).
Аднан Ќахил / подоцна Елвин Хасан (задолжен за странски инвестиции).
Самка Ибраимовски / подоцна Аксел Ахмедовски / Музафер Бајрам (задолжен за имплементација на Стратегијата за Ромите)
Рамиз Мерко (од ДУИ, без ресор).

(ДУИ) имаше 15 пратенички мандати (а не 18 како пишуваш ти) и располагаше со 6 министерски места во коалициската Влада,

(ВРЕДИ)имаше 13 пратенички мандати (а не 10 како пишуваш ти) и доби 5 министерски места и 2 вицепремиери.
...сега во новата реконструкција на Владата на ВМРО ДПМНЕ
ЗНАМ си останува со 2 министерства,

... ВРЕДИ добива едно министерство од 5 сега 6 министерства зошто се согласи да го отстапи Министерството за здравство (кое е едно од најголемите, со огромен буџет и политичка тежина) и за таа компензација за „губењето на здравство“, „Вреди“ доби два помали ресори кои дотогаш беа под капата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ — Министерството за правда и Министерството за култура.
Отстапување на министерството за правда е огромна утка.
 
Последно уредено:
Back
На врв Bottom