Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
За да се избегнат такви сценарија треба една партија да си среди континуитетот а не да плука по љуБчо секој ден,(со право) а да продолжува со неговите одлуки преку ноќ.
Кој континуитет?
 
Ова што го опишуваш повторно не е алтернативен пат, туку диверзификација на партнерите. Никој не е против поголема соработка со Кина, Турција, САД или Блискиот Исток. Прашањето е дали тоа може да ја замени ЕУ како главен трговски партнер, најголем инвеститор и најголем извор на финансиска поддршка.

Тоа се две различни работи. Македонија може истовремено да гради железници со кинески компании, да тргува со Кина и да биде економски најсилно поврзана со ЕУ.

А околу патот кон ЕУ, тука воопшто не се расправаме. Неспорно е дека Македонија беше понижувана, дека исполни многу повеќе услови од некои држави што одамна станаа членки и дека не го заслужува овој третман. Но тоа е сосема друга дебата. Овде зборуваме исклучиво за тоа дали денес постои реален алтернативен економски и геополитички пат за Македонија освен европскиот.
Не можеме да бидеме дел од ЕУ ако ЕУ не не сака. Секогаш измислуваат нови и нови барања. По таа логика ЕУ ниту е пат ниту е алтернатива.
Така да не знам за што зборуваш и на што се надеваш.
 
Кој континуитет?
Континуитетот на Тодор Александров и Ванчо Михајлов во партијата ги донесе Љубчо и уште се тие на сила, историски од тие два лика Македонија е кантонална, според твојот претходен коментар за да се браниме од тие закани треба да имаме одговорни и државотворни партии, па ајде.
 
Не можеме да бидеме дел од ЕУ ако ЕУ не не сака. Секогаш измислуваат нови и нови барања. По таа логика ЕУ ниту пат ниту алтернатива.
Така да не знам за што зборуваш и на што се надеваш.
Го мешаш патот со исходот. Едно е дали ЕУ ќе не прими, а друго е кон која економска и геополитичка насока треба да се движи Македонија. Тоа што ЕУ поставува нови услови не ја прави Кина, Русија или кој било друг автоматски алтернативен пат
 
Буквално ја прави.
Како ќе влезеш во друштво каде што не те примаат?
 
ЕУ на среднорочен рок се распаѓа, процесот е веќе започнат, само слепци тоа не можат да го видат, бугарското проклетство никогаш не затаило.
Што повеќе од петни жили инсистираат на внатрешно единство дотолку работата им е по за никаде.
Овој процес е веќе виден .... бивша сфрј..... слика и прилика.
Ај маку да боцкам .... се сеќаваме ли на вториот дел од референдумското прашање од 8 септември?
Баш тој дел го наметнаа комуњарите.
 
Буквално ја прави.
Како ќе влезеш во друштво каде што не те примаат?
Геополитичката и економската ориентација на една држава не се менува преку ноќ. И денес, без да сме членка, Македонија е најсилно поврзана со ЕУ преку трговијата, инвестициите, транспортот и институциите. Тоа што членството е блокирано не значи дека автоматски постои друг реален алтернативен пат
 
Не не, објасни како ќе влезеш ако не те примаат?
 
Повторно го мешаш членството со насоката. Јас никаде не тврдев дека ќе влеземе. Велам дека и без членство Македонија е најсилно економски поврзана со ЕУ. Тоа што членството е неизвесно не создава автоматски друг реален алтернативен пат.
 
Аха значи не знаеш како би влегле, јер нема јасно дефиниран пат за влез и секогаш ќе ни измислуваат нови и нови барања.

Откако почнавме да соработуваме со ЕУ ги уништивме домашните производства. Грбаво оџаче не ни чури веќе. 80% од производите во маркетите ни се странски.
Европаките пари се мининорни за штњти што ги трпиме како држава за т.н. соработки со ЕУ.
 
Континуитетот на Тодор Александров и Ванчо Михајлов во партијата ги донесе Љубчо и уште се тие на сила, историски од тие два лика Македонија е кантонална, според твојот претходен коментар за да се браниме од тие закани треба да имаме одговорни и државотворни партии, па ајде.
Не ги донесе Љубчо, тие си биле челници на ВМРО.
ВМРО не е толку свето и пред ДПМНЕ, ама тоа е непопуларно мислење како резултат на ете, политичка неписменост.
 
Аха значи не знаеш како би влегле, јер нема јасно дефиниран пат за влез и секогаш ќе ни измислуваат нови и нови барања.

Откако почнавме да соработуваме со ЕУ ги уништивме домашните производства. Грбаво оџаче не ни чури веќе. 80% од производите во маркетите ни се странски.
Европаките пари се мининорни за штњти што ги трпиме како држава за т.н. соработки со ЕУ.
Јас никаде не тврдев дека знам кога или како Македонија ќе влезе во ЕУ. Цело време зборувам за економската и геополитичката ориентација на Македонија, а не за датумот на членство.
 
Џабе се ориентираш према нешто што не можеш да го достигнеш.
По таа логика се останато е алтернативен пат.
 
Не ги донесе Љубчо, тие си биле челници на ВМРО.
ВМРО не е толку свето и пред ДПМНЕ, ама тоа е непопуларно мислење како резултат на ете, политичка неписменост.
Љубчо изгласа континуитет броејќи ги нивните конгреси, кај народот возобновеното вмро е еднакво на врховизмот, главната и единствена борба против српскиот окупатор се комунистите.
Додека тогашното вмро е чиста бугарска организација која со албанците прави заговори против Македонија.
 
Back
На врв Bottom