Според мене Нант, Пик Сегед и Загреб ќе биде најдобро за нас, така би имале реални шанси на сите натпревари и во сплет на околности може да се надеваме и на поминување на групата.
Всушност од прв шешир освен Нант сите други се многу појјаки од нас.
Како втори најслаби може се наметнуваат Спортинг, само и со нив предводени од браќата Кошта, не знам колку ќе имаме шанси.
Барса, Магдебург и Алборг ќе не уништат, посебно на гостински терен губиме 10+ разлика, најверојатно и со Веспрем нема многу поубаво да си поминеме, може дома на атмосфера и некое старо ривалство да пробаме нешто да извадиме, во Унгарија мислам дека нема што да бараме.
И вториот шешир не е нешто послаб од првиот, тука е клучно Фуксе Берлин и Мелсунген да се избегнат, со другите ќе може да се тегнеме.
Со Монпеље видовме дека може да играме, претпоставувам и со Пик Сегед ќе биде слично, само мислам дека стилот на игра многу повеќе ќе ни одговара, затоа и токму нив ги посакувам.
Келце и ПСЖ се реално појјаки од нас, само на домашен терен со полна сала може да се надеваме на нешто, на гости тешко.
Од трет шешир ќе биде најбитно Висла да се избегне, не знам како некои ја посакуваат за противник кога тие се убедливо најквалитетен тим од тој шешир и клуб кој ќе атакува на Фајнл 4 наредната сезона.
Малвин Ричардсон, Зарабец, Митја Јанц, Фазекаш, Косоротов, Зоран Илиќ, Бергеруд, Сердио, Шушња...
Би се осудил да кажам и дека одбраната им е една од најдобрите во Европа.
Ептен воиграна екипа, шпански систем, одлично селектирана и предводена од Сабате, многу наликуваат на Вардар од некаде 2015/16 година, таму сезоните со Раул пред да ја овоиме првата титула.
Нема да сум изненаден и ако за сезона или две станат шампиони на Европа, посебно ако се остварат најавите за уште неколку екстра засилувања.
Колстад и Гог играат брз ракомет што традиционално не ни одговара и може да имаме доста проблеми.
Со Динамо Букурешт или Загреб од тој шешир ќе ни биде најдобро, мислам дека Загреб ќе бидат послаби наредната сезона, така да подобро со нив.
Најдобра варијанта: Нант, Пик Сегед и Загреб.
Најлоша варијанта: Барса/Магдебург, Фуксе Берлин/Мелсунген и Висла Плок.