Овој па опседнат со Русија...
Напротив,
Шпионска афера го „тресе“ кабинетот на шефицата на државата
Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, неовластено пристапувало до доверливи електронски податоци, истите ги копирал, енкриптирал и складирал на надворешни носачи на податоци со намера за нивно понатамошно предавање на странска разузнавачка структура од Руската Федерација.
Името на Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“ од Битола, повторно е во центарот на јавноста откако Основното јавно обвинителство Битола побара и доби замрзнување на негов имот во Србија, вклучувајќи 10 товарни и приклучни возила и сеф во белградска банка, како дел од истрагата за злоупотреби при јавни набавки во РЕК Битола.
Во 2016 година, Марковски беше именуван за почесен конзул на Белорусија во Северна Македонија, што дополнително го зацврсти неговиот углед во деловните кругови.
Камчев, Панделевски и Самсоненко купуваат запленет имот на ЗИК „Пелагонија“
Самсоненко купи 5.000 акции на „ЗК Пелагонија“ во „Жито Полог“
Самсоненко влезе во Здравје Радово
Кој е изборот на акционерите Сергеј Самсоненко и Руле Турс за нов член на Надзорниот одбор на Stopanska Banka a.d. Bitola.
Ова погоре е една ка-ге-бе операција за креирање на влијание преку стекнување на капитал во комерцијални ентитети и воедно испумпување на буџетски средства. Типичен пристап кој се користи во екс СССР земјите. Последните два локални изборни циклуси во Битола, рецидиви на овие гореспоменати структури им наместија буквално стативи на патриотите.
Тоа се прави пред да потпишеш обврзувачки договор.
Или да одбиеш да преговараш од засега неразјаснети причини (иако е очигледно за чии интереси е тоа правено), за на крај влогот да се зголеми и некој друг да потпише а цената да ја платиме сите. Основно правило е да напишеш книга ако сакаш да се испереш од одредени историски настани и во најмала рака да се обидеш да ја разводниш вистината.
Може ќе се објави детално и официјално што се случувало на НАТО самитот во Букурешт во 2008г, па ќе може самите да судиме.
- Никогаш и ниту една влада во Македонија не терала организирана анти ЕУ/НАТО пропаганда. Тоа што не се терало про-ЕУ/НАТО пропаганда не значи и спротивното. Ако сакаш да видиш што е анти-ЕУ/НАТО пропаганда види ги американците како пренесуваат што се случува во ЕУ. Секоја вест е или како мигранти бодат луѓе по улици или како силуваат или како водачите се идиоти. Една национална телевизија да земе да тера анти ЕУ пропаганда како сите што тераат про-ЕУ ќе видиш и кој колкава гледаност ќе има и што ќе се случи со подршката.
Патем на 60% најниско ниво подршката за ЕУ падна за време на Заев, не за време на Груевски.
- Ако мене Ерменија ме негира, тогаш тебе те негираат Грузија, Романија, Молдавија, итн ... . Али ајде да ја разгледаме Ерменија зошто Ерменија е многу специфичен случај:
- Ерменците имаат високо организирана дијаспора која има диспропорцијално влијание на Ерменските внатрешни работи. Имаат две главни дијаспори. Франција/Америка кои се од Турскиот геноцид врз нив, и кои се фанатично франкофили и про-западни. И другата дијаспора е во Русија и олигархијата таму. Проблемот е дека дијаспората во Русија е далеку далеку помалку политички активна околу Ерменија отколку овие во Франција и Америка.
- Моментално про-западната дијаспора контролира се во државата ( мислам контролира веќе подолго време) и целото Руско влијание во државата се сведува на таа една воена база.
- Али ајде да ги разгледаме другите случаи:
- ЕУ/НАТО изгубија контрола врз Грузија, не само тоа туку пробаа и државен удар да направат преку невладини и не им успеа. И патем изгубија против скоро НУЛА анти-ЕУ/НАТО пропаганда.
- Во Романија ги откажаа изборите зошто анти-ЕУ/Нато кандидатот победуваше и му забранија да учествува на избори.
- Во Молдавија ги пунат кутиите со гласови по Молдавски амбасади низ целиот свет зошто нивниот кандидат не може да победи во друг случај
Зависи како ја перцепираш анти НАТО/ЕУ кампањата, тоа беше сервирано преку т.н скептицизам, имаше две тези и тоа првата дека ЕУ и НАТО ќе се распаднат и втората дека не и се потребни на Македонија, во зависност од мегафонот и неговата политичка провининеција се одбираше која теза е прикладна да ја рика, нормално на медиуми купени со купишта владини реклами а дотичните компензирани преку разно-разни хонорари низ управни и надзорни одбори во јавни/државни ентитети, тендери и сл. На крај настана симбиоза од овие две тези која и денес вирее.
Не знам зошто ги спомна Романија и Моладвија, членка на ЕУ и земја која отпочна преговори, Грузија веројатно се сеќаваш дека имаше директна руска воена интервенција.
Назад по однос на Ерменија, земјата е во исклучително тешка позиција од регионален аспект, значи турците и геноцидот, оската Анкара-Баку им нанесе уште еден пораз овојпат во модерната историја, иако русите и нивното воено-безбедносно присуство беа гарант дека нема да дојде до такво нешто а тоа присуство беше компензирирано со отворено вазалство од страна на ерменците кон русите.
Нивната емиграција во најголем дел се креиира после турскиот егзодус врз ерменците, точно дека имаат дијаспора во Франција но тоа не е баш од таков тип како што си напишал, ерменската покрај алжирската и мароканската дијаспора во Франција, посебно во Марсеј е озлогласена поради поврзаноста со организиран криминал (тие го водат), буквално имаат гета во кои не се влегува без придужба од локалец, ова од лично искуство ти го пишувам. Не знам за во САД.
Апсолутно секаде стои дека рускиот капитал е доминантен во Ерменија и тоа преку 50% од вкупни директни странски инвестиции за разлика од останатите, додатно апсолутна енергетска и воена зависност итн. Личностите кои ја водат проруската политичка структура се класични олигарси, згора на ова имаше куп летови од Русија за Ерменија предизборно.
Тврдењето дека има влијание врз изборни циклуси против проруските политички структури во ЕУ не може да опстане затоа што Орбан беше олицетворение на истите и тоа траеше долго, иако никогаш не се впушти во напуштање на таа заедница, а од друга страна во Русија не постои реална опозиција т.е не постои опозиција воопшто. Фактички поддржувачи на автократски политики бараат демократија во унија која сакаат да се распадне и активно работат на тоа и бараат слобода на делување за истите. Апсурдно во најмала рака.
Русија има забрането било какво прозападно опшествено делување на своја територија вклучително од НВО, цензура и репресија по дома но нивните пиони низ Европа се жалат на недостаток од демократија.
Веќе вршат притисок во Ерменија преку забрана за увоз на ерменски продукти, преку енергенси но ЕУ веќе најави мерки да го компнезира сето тоа, така да исто како во Украина со руската архаична дипломатија ќе си направат пред се самите себеси најголема штета.