ВМРО - ДПМНЕ - Политичка Партија

  • Креатор на темата Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување Време на започнување

Добра е листата на пратеници?!

  • Да

    Гласови: 43 19,5%
  • Не

    Гласови: 144 65,5%
  • Така-така (Делумно)

    Гласови: 33 15,0%

  • Вкупно гласачи
    220
Многу се поти курот со ова еу секој ден. Северџаниве само тоа лаат. Као да тоа им е целта на постоењето.
 
А за што сакаш ти да дискутираме кога со нив си иаме работа?
 
Мене ми смета ЕУ, демографија ако усереме уште толку нема враќање
 
Ти си адвокат на народот или си погодуваш дали се сложил или не се сложил? Од каде ти е информацијата дека народот не се сложил?
... на 30 септември 2018 година беше спроведен консултативен референдум, но народот не се сложи со Договорот во доволен број за тој да биде законски усвоен, референдумот беше неуспешен бидејќи не беше исполнет законскиот цензус од 50% излезност на вкупниот број избирачи, 36,91% (од потребните најмалку 50%),

... поради недоволниот цензус, одлуката не беше усвоена на самиот референдум,
но процесот за промена на уставното име продолжи подоцна во Собранието.

... официјален документ во кој се запишани овие резултати е Извештајот за конечните резултати од гласањето на Референдумот на државно ниво, 30 септември 2018 година издаден од страна на Државната изборна комисија (ДИК) и е официјално објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 186/2018 на ден 7 октомври 2018 година.
 
Токму така, референдумот беше неуспешен и на него не се донесе одлука, ниту за, ниту против. Дали народот бил за или против може да кажеме само ако референдумот беше успешен.
 
Ниту една партија од „нашата земјата„ нема и не смее да понуди алтернатива за ЕУ, уште помалку за ОТАН.

„Патот„ кон ЕУ и ОТАН ни се зацртан уште откако станавме „самостојна, суверена, независна, слободна (бла-бла-бла...) држава„ и од таа одлука нема отстапување.

Од ЕУ фондовите кон „нашата земјата„ се доставени (и украдени....) купишта пари и никој од ЕУ нема намера да ни ги прости тие грантови, затоа што некоја партија се осудила и на избори понудила „алтернатива за ЕУ„.

И конечно, никој не не‘ прашува дали сакаме алтернатива, туку дека мораме во ЕУ.
Одговор зошто сме стануеле самостојни, суверени, независни ем слободни за да веднага влегуеме во друг сојуз кој е реинкарнација на третиот рајх.

Постојат 3 опции за Македонија.

1. Да понудиш на граѓаните референдум за да се изјасни народот дали сака влез во ЕУ под овие услови или прекин на преговорите и раскинување на сите договори (Преспански, за добрососедство со Бугарија, рамковен...). Што најверојатно според расположението на народот ќе се гласа за раскинување.
Ова е најпосакувана варијанта на народот но најризична за државата

2. Да продолжи државата со политиките топло-ладно сакаме-не сакаме...не знаеме што сакаме, неаме стратегија за ништо и тапкаме во место и неизвесност (што моментално го прави ДПМНЕ) со надеж сега ќе му паднат мадињата на овенот ама ништо од тоа...

3. Најболна емотивна варијанта но најверојатно најдобра за државата, прифаќање на тоа што ни се нуди за влез во ЕУ со напор за издејствување на максимум на заштита во условите за прием .

Ние секако сите би сакале да биде без никакви услови ама такво нешто нема да може и изминатите 35 години тоа го покажаа. Секое чекање е на наша штета освен ако народот не реши дека ќе јаде корења само да биде по наше ( и ова е легитимно да не се лажеме) со сиот ризик за опстанок на државата.

Како и да е тешко на тој што треба да ја води државата напред, многу е заплеткана работата. Господ на помош.
самое еден пост погоре пишува имаше референдум и на референдумот Македонците си гласаа ТРИ НЕ!
Проблемот е што сите тнр партии се демократски ама во реалност никој не ебава демократија илити директна демократија.

Без ЕУ агенда, Албанците одамна ќе идеа на тотален сепаратизам.
Да а сеа што се за унитарна Македонија нека си ебе мамето, затоа работат на федерализација и дење и нојче се утепаа.
Дај бе престанете со сеење на СТРАВ, помина тој воз, само северџаните се плашат, Арнаутите немаат сила за нешто сериозно.
 
Токму така, референдумот беше неуспешен и на него не се донесе одлука, ниту за, ниту против. Дали народот бил за или против може да кажеме само ако референдумот беше успешен.
Неуспешен референдум по дефиниција е против поставеното прашањето на референдумот.
Народот се изјаснил дека некои идиотски прашања не заслужуваат одговор.
Сега можеш до утре да правиш лингвистичка акробатика .... но тоа не го менува фактот дека народот бил против.
 
Многу се поти курот со ова еу секој ден. Северџаниве само тоа лаат. Као да тоа им е целта на постоењето.
Како бе се поти, па тоа е најважната работа.
Како викаше црпнатиот. Ке дојдат пари, ке се даваат грантови, фондови ке се отварааат!

Ке цветаат трендафили и опа без работа цела нација ке се збогати.

Освен работа, штедење, инвестирање и спроведување на закони ништо друго не признавам.
Толку да беше добра европска унија немаше бугарија да биде ваква каква што е.
Еднаш ја возев пола бугарија и никогаш повеќе. Па таа беда никаде неможам да ја видам овде во Мк.
И најде таа нација нас лекции да ни дава. Ке си го рокнам чеканот во глава.
 
Не е дискусијата дали треба или не треба, дали сакаме или не сакаме.
Сфатете веќе еднаш, СДСМ и Бујар Османи ја потпиша меѓународната рамка за влез во ЕУ која ја задолжува државата да ги внесе во устав. Значи мораме.
Е сега испадна дека не е само внес во устав, туку потпишале дека треба и историска комисија да ни ја ревидира историјата.

Тоа што потпишале има долга историска позадина, но конкретно ова сега се сведува на самитот на НАТО во Букурешт во 2008г, од тука се поставува прашањето што тогаш се одбило и зошто, дали станува збор за одбрана на државните интереси или оние на оската Белград, Будимпешта, Москва, Пекинг?Додатно е прашањето како истата таа оска влијае на зголемување на влогот во спорот со грците а еве и сега со бугарите...
Кој после тоа отворено се впушти во геостратешки шарлатанизам, и уште поважно е зошто?
Што би било ако тогаш станевме членка на НАТО?
Значи има алтернативен тек на настани кој намерно се маргинализира.

Ако тоа е дискусијата тогаш одговорот е не, ама си има легалистичка процедура која ти вика дека мораш да го направиш тоа.

Очигледно не е само обична хартија, туку пишаниот збор има тежина на него, и затоа цела ЕУ ни повторува дека тоа што си потпишал да го направиш мораш да го исполниш.

Освен САД друга алтернатива нема за нас да не си правиме глупи филмови со Русија и Кина. Брикс пропадна, остана само Р и К од него, и затоа Кина виде не виде си седна со Трамп и си се договорија.

И да тоа е реален страв за копнена земја која буквално е зависна енергетски од Грција и има околу 20% лојално население кон државата. Сега едно се зборува но доколку пак стават ембарго друга приказна се тера.

На следните избори не е битно кој ќе победи, и по 100 години ќе ги живеат нашите деца последиците од минатогодишните избори на неписмениот народ што бесплатно ќе се лечеше во ЕУ.

Има тежина потписот меѓутоа тоа никако не те спречува да се впуштиш во дипломатска офанзива низ ЕУ и да ги изнесеш своите позиции, како тоа се заостри ситуацијата со формирањето на бугарските клубови и чистата ситуација дека станува збор за хибридна мултилатерална операција па и палењето на дипломатски бугарски возила во Скопје ден пред гласањете во Советот на ЕУ? Подиумот има простор за сите таму, не мора да си земја членка.

Амандманот 3, предложен од известувачот Томас Вајц, беше отфрлен. Со него се предвидуваше бришење на ставот 73 од резолуцијата. Но, повеќето пратеници изгласаа тој да остане во текстот.
Во интервју за телевизијата „Канал 5“, Вајц изјави дека жали што билатералните прашања меѓу Скопје и Софија станале дел од извештајот, оценувајќи дека тие не требало да бидат вклучени во документ што го мери европскиот напредок.

Во членот 73 се наведува следното: „Силно ја повикува Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Северна Македонија, формирана како резултат на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, да постигне јасни и опипливи резултати; нагласува дека текстовите треба да ја одразуваат интерпретацијата на историските факти и личности од заедничката историја на двата народа, врз основа на објективни, автентични и докази поткрепени со историски извори и документи, научна интерпретација и историски настани, како што е предвидено во вториот протокол кон Договорот со Бугарија“

Значи имаше предлог да се исфрли тој фамозен втор протокол т.е член 73, што направи власта за ова ако ништо друго да стигне до тесна поддршка?

Арно ама ги испофалија дека цела земја покрај нив стана измеќар на чиракот на милошевиќ. Што е најтрагично ова сега со србите е почнато уште после Букурешт во 2008г. создавање на економско влијаније и политичко делување преку истото. Истото што Русија го прави на Кавказ и екс СССР.

Зошто таму има повисоки плати зошто 200 години цела планета ја пљачкале. Тој аргументот со зошто се селат таму е еден од најглупавите. Кога ќе даваат т по 2500+ евра плата во Кина или Русија за ниско платени позиции, таму ќе се селат Македонците. Македонците се селат и во Дубаи и во Сингапур.

35 години има 100% перење на мозок во една насока, и пак 20-30% се против ЕУ. Да имаше каква било оргнизирана анти-ЕУ и анти-НАТО агенда во Македонија подршката ќе падне под 50% за некоја година.

За време на злосторничката пајка со деноноќо лаење против ЕУ/НАТО таа поддршка падна на околу 60%.

Еременија е актуелен пример кој во целост те негира, екс земја на СССР, со замрзнат конфликт со Азербеџајн, лоша историја со Турција, ФСБ ги контролира границите со Турција и Иран, до неодамна и аеродромот во Јереван и имаат оперативна воена база во земјата. Потполно економски/енергетски зависни од Русија. Неколку активни политички проруски партии со олигарси позади нив, настрана воено-бебзедносниот апарат кој е уште од СССР под руско влијание.
Сега на изборите 50% од тие што гласаа ја поддржаа ЕУ опцијата. Тука ако немало анти ЕУ/НАТО пропаганда не знам каде имало.
 
Еременија ...................................
Сега на изборите 50% од тие што гласаа ја поддржаа ЕУ опцијата. Тука ако немало анти ЕУ/НАТО пропаганда не знам каде имало.
:pos: :pos:
Со цел памет . веруваш во „легалноста на изгласаното“ ....
.... тогаш и тоа малку од памет што си го имал ..... ти испарило.
 
:pos: :pos:
Со цел памет . веруваш во „легалноста на изгласаното“ ....
.... тогаш и тоа малку од памет што си го имал ..... ти испарило.

Ми е грев па да те насочам малку, ти сакаш да ја оспориш легитимноста затоа што од легален аспект изборниот процес е завршен.
 
Овој па опседнат со Русија...
Автоматски споено мислење:

Има тежина потписот меѓутоа тоа никако не те спречува да се впуштиш во дипломатска офанзива низ ЕУ и да ги изнесеш своите позиции
Тоа се прави пред да потпишеш обврзувачки договор.
 
Последно уредено:
Неуспешен референдум по дефиниција е против поставеното прашањето на референдумот.
Народот се изјаснил дека некои идиотски прашања не заслужуваат одговор.
Сега можеш до утре да правиш лингвистичка акробатика .... но тоа не го менува фактот дека народот бил против.
Уште ли има такви кои го толкуваат “неуспешен“ референдум!
Па до кога “мајку му божију“?
 
Постојат 3 опции за Македонија.

1. Да понудиш на граѓаните референдум за да се изјасни народот дали сака влез во ЕУ под овие услови или прекин на преговорите и раскинување на сите договори (Преспански, за добрососедство со Бугарија, рамковен...). Што најверојатно според расположението на народот ќе се гласа за раскинување.
Ова е најпосакувана варијанта на народот но најризична за државата

2. Да продолжи државата со политиките топло-ладно сакаме-не сакаме...не знаеме што сакаме, неаме стратегија за ништо и тапкаме во место и неизвесност (што моментално го прави ДПМНЕ) со надеж сега ќе му паднат мадињата на овенот ама ништо од тоа...

3. Најболна емотивна варијанта но најверојатно најдобра за државата, прифаќање на тоа што ни се нуди за влез во ЕУ со напор за издејствување на максимум на заштита во условите за прием .

Ние секако сите би сакале да биде без никакви услови ама такво нешто нема да може и изминатите 35 години тоа го покажаа. Секое чекање е на наша штета освен ако народот не реши дека ќе јаде корења само да биде по наше ( и ова е легитимно да не се лажеме) со сиот ризик за опстанок на државата.

Како и да е тешко на тој што треба да ја води државата напред, многу е заплеткана работата. Господ на помош.

Zaboravi cetvrta opcija (a ima i drugi) so koja denes ke bevme vo druga situacija. A toa e da se izgradi stabilna, demokratska, pravna i ekonomski prosperitetna drzava. Da ne licime na failed state kako sega i pokraj sopkite od Grcite i Bulgarite da predizvikuvame odbivnost kaj drugite drzavi od EU. I ne mozes da se lutis na toa. Vlezot vo EU zavisi i od politicka volja ama realnosta e deka ne ispolnuvame kriteriumite da za vlez.

Ne gledam politicka zelba i seriozno zalaganje da se napravi Makedonija dobra drzava za zivot. 36 godini pominaa od nezavisnosta, TRIESET i SEST GODINI. Na sto lici? Da, poznati mi se sopkite, problemite, pritisocite, vojnite. Ama toa ne e opravduvanje za ogromnata korupcija, diskunkcionalni institucii, sudstvo koe e sve samo ne pravedno, loso obrazovanie, ekoloski deficiti i red drugo. Toa se samo izgovori. Ama i realnosta e taa, narodot samo deklarativno saka gornive raboti da se sredat. Partiite i vlasta se samo slika na toa. I da, drzavata e kidnapirana od partiite. I na sekoi izbori pak istoto. 2 sustinski referendumi ni propadnaa zatoa sto lugjeto ili golem del od naselenieto glasa po naredba od partija.

Makedonija i nadvor od EU, ako gi sredi gore spomnatite problemi, moze dobro da egzistira. Ima drugi primeri vo Evropa. Ne vikam deka ke staneme vtora Svajcarija ama pa taa iako e nadvor od EU ima tesna sorabotka duri i vo nekoi polinja prezema 1:1 EU regulativi.
 
Back
На врв Bottom