СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

За кои репрезентации навивате на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, 2026?

  • Алжир

  • Аргентина

  • Австралија

  • Австрија

  • Белгија

  • Босна и Херцеговина

  • Бразил

  • Канада

  • Зелено'ртски острови (Cabo Verde)

  • Колумбија

  • Хрватска

  • Курасао

  • Чешка

  • ДР Конго

  • Еквадор

  • Египет

  • Англија

  • Франција

  • Германија

  • Гана

  • Хаити

  • Иран

  • Ирак

  • Брег на слонова коска

  • Јапонија

  • Јордан

  • Мексико

  • Мароко

  • Холандија

  • Нов Зеланд

  • Норвешка

  • Панама

  • Парагвај

  • Португалија

  • Катар

  • Саудиска Арабија

  • Шкотска

  • Сенегал

  • Јужна Африка

  • Јужна Кореја

  • Шпанија

  • Шведска

  • Швајцарија

  • Тунис

  • Турција

  • САД

  • Уругвај

  • Узбекистан


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Овие коментатори
а) или се тазе искочени од кафана пред "работа"
б) или се дислексични

Не знам зашто не го користат Роналдо како резерва... до толку ли е ретардиран у главата 40 години има... океј е брат, искулирај, пробај да најдеш начин како да тепаш.
Стварно не ли се наоѓа некој да земе да му покаже факинг видео каде што ќе му укаже дека не е тоа што бил порано и дека прави штета. Иако мислам дека денес немаше ни 2 топки кон него, ептен сакаа да влезат во гол, не креираа доволно, споро темпо и тупење сеопшто.
Да имаш мотивиран Роналдо да влага во игра во 60+ минута, ууу тоа е веќе џокер.
Вака изгледа многу лошо, не трча, ептен сака да даде гол по секоја цена и шутира топки од глупи позиции кога има играч у боље позиција, ко што беше случај.
Мислам може да го сакаме, може да го мразиме, ама објективно е легенда на оваа игра. И како легенда, мислам дека заслужува достојно испраќање од сцена... Ова денес беше грдо и мачно да се гледа, во најмала рака.
Од друга страна, сепак и други репки кикснаа, ДР Конго вака и нема толку наивна репрезентација, физички спремни играат по Англија, Белгија, Франција, Шпанија што се пак солидни/елитни лиги.
Плус, мислам дека имаат слаби крила португалците, ама пак, со тој среден ред треба да газат.

Англија имаше добар старт. Сепак е пре-рано, ова е ок тест за нив, ќе имаат лесни утакмици натака, ќе ги газат. Ми се свиѓа Тухел.
Мислам дека имаат малце повеќе искуство сега како репрезентација, отидоа далеку во задни 4-5 турнири, освен од Франција 1/4 во Катар.
Општо некако, имаат костур Пикфорд - Стоунс - Џејмс(мање више ради повреди) - Рајс - Белингам - Кејн + Сака/Рашфорд и др врвни играчи кои веќе доста години играат заедно.
Од друга страна, пак бе некако ми се климави во такви тенки моменти. Ок, ова е групна фаза, ама не знам дали ќе играат вака експедитивно во 1/4 финале против не знам, Германија/Шпанија/Франција.
Ете денес против Хрватска, два пати водеа, два пати им изедначија. Имаа шанса Хрватите да изедначат за 3-3. Не знам дали тоа нема да биде казнето против посериозна репрезентација
 
Семењо.

Исплатеше се ипак дремење до крај.
Брао Гана, много добри дресови.
 
Имаа шанси Панама али се изглупираа пред противнички гол.
 
Опасна Колумбија. Статива имаше Диаз и конечно пробија за 1-0.Диаз каква топка пушти. Ќе дишат полесно пошто добро поставен беше Узбекистан како за прво настап на вакво ниво. Сепак далеку далеку поквалитетна репка се Колумбијциве.
 
Последно уредено:
Луис Диаз ја извади оваа за Колумбија. Мајсторска утакмица. Узбекиве ич не се покажаа лошо.
 
Слушнав некаде дека имало паралелно обука за нови македонски коментатори, не знам дали е точно, но очајно се потребни. Секоја чест на досегашните, ама потребна е свежа енергија, целиот пренос е тотално летаргичен, зачинет со премногу лапсуси, не зборувам само за тие од типот кога се дава гол за 2:2 а се коментира дека 1:1 е резултатот, туку и за некои непотребни коментари ко “двострел“ или дека еден спасен гол со 2 дадени било исто ко хет трик. Плус изговорот на играчите е многу неприроден, играч што ти играл финале ЛШ и што секој што 2 натпревари гледал сезонава го знае, ти го изговараш СакА, наместо САка, ме потсети на времето еден што форсираше Езил, наместо Озил, бидејќи на германски оригиналот било Ое за О со две точки, па вториот слог се читал не знам што. Батали правила начела, тоа што е природно и сме навиканти тоа треба да се изговара. Време е за нови деца. Имав прилика да следам и со германски и со шпански коментатор, и двата делуваа далеку поенергично и попрофесионално од нашиов пренос.


Не е тоа обука коментатори како што е обуката за полицајци или обука за возење кола.
За врвен коментатор не постои обука, тоа треба во себе да се поседуваат ораторски вештини за говор.
И секако убава боја на гласот.
И постојано да се вложува во себеси т.е професијата, да истражуваат како се изговораат имиња и презимиња на одредени спортисти.
Автоматски споено мислење:

Од каде ова дека Роналдо нема да игра?

Така зборуваа пред неколку денови стручните аналитичари во емисијата на РТС посветена на СП во фудбал.
Зборуваа дека нема да игра Роналдо во стартните 11 за Португалија против Конго.
А и за мене беше логички да почне од клупата, ќе беше повеќе гладен да се докажува за игра за да на следните мечеви биде стартер.
А вака сега е уште повеќе потребно на следниот меч Роналдо од клупата да влезе во игра, и тоа во периодот на средина од второ полувреме кога е време за пауза за освежување.
Синоќа во емисијата на РТС стручните консултанти кажаа пак истото од пред 3 - 4 денови што кажаа, а тоа е дека е грешка што Роналдо не почнал вчера од клупата за резерви и дека Португалија како репрезентација е под раководство на менаџерот Мендеш и дека Мендеш ги носи одлуките кој ќе игра а кој ќе е на клупата за резерви.
 
Последно уредено:
Така зборуваа пред неколку денови стручните аналитичари во емисијата на РТС посветена на СП во фудбал.
Зборуваа дека нема да игра Роналдо во стартните 11 за Португалија против Конго.
А и за мене беше логички да почне од клупата, ќе беше повеќе гладен да се докажува за игра за да на следните мечеви биде стартер.
А вака сега е уште повеќе потребно на следниот меч Роналдо од клупата да влезе во игра, и тоа во периодот на средина од второ полувреме кога е време за пауза за освежување.
Синоќа во емисијата на РТС стручните консултанти кажаа пак истото од пред 3 - 4 денови што кажаа, а тоа е дека е грешка што Роналдо не почнал вчера од клупата за резерви и дека Португалија како репрезентација е под раководство на менаџерот Мендеш и дека Мендеш ги носи одлуките кој ќе игра а кој ќе е на клупата за резерви.
Ете Роналдо од старт играше, значи тури им пепел на аналитичарите
 
Back
На врв Bottom