- Член од
- 9 октомври 2022
- Мислења
- 4.920
- Поени од реакции
- 15.254
Можеби ќе имаше, јас сум убедена дека најлошото од сите сценарија си го доживеавме.
Условите што Македонија ги има за влез во ЕУ се уникатни досега не постоеле за ниедна земја членка.
Јас реков, единствената друга алтернатива е САД.
Немаше да има затоа што туѓите услови не зависат од нас. Дали бил Заев или Грујо, тоа е играта. САД неможе да ти биде алтернатива пошто САД завршија со Балканот. Нула интерес има САД да протежира било што на Балканот, а најмалце Македонија што нема што да понуди за возврат. Ќе си ги натовари Мицика стопанствениците во авион и ќе си фати далечен исток и ќе проба од Македонија да направи некаков хаб за нивните бизниси во Европа или регионот.
Ако не ја сакаме таа опција или било која друга, уште утре се седнува на маса и прифаќа историја, идентитет, нација, се што ќе му побараат. Во ниедна светска разврска Македонија нема да добие поволна позиција во поглед на Европа.
Или можеби треба да се одлучиме дека новата цел ни е статус кво, што само по себе е идиотско.